Крстот со три хоризонтални греди, како што погоре е прикажан, е најчестата форма која се употребува во Православната црква – без разлика дали станува збор за едноставен накит, украс, распетие или икони кои го прикажуваат Крстот, трите греди се најчесто присутни.

Кратката, најгорна греда го претставува натписот закован на Христовиот Крст, кој гласел: ОВА Е ЦАРОТ ЈУДЕЈСКИ (Лука 23,28; во Евангелието според Јован натписот гласи: „Исус Назареецот, Цар Еврејски“).

Долната, искосената греда од распетието, е за потпора на нозете. Сите распетија ги имале овие потпори, зашто никој не можел да биде прикован на крст само со клинци. Суровата смрт на распетие не настанувала поради губитокот на крв, туку поради недостаток од кислород: истоштен, човекот не можел повеќе да стои на потпората за нозете, телото виснувало, и повеќе не можело да се вдишува воздух.

Потпората за нозете на Христовиот Крст е искосена, бидејќи се верувало дека во последните моменти пред Исус да го предаде духот, Неговото тело се згрчило и потпората била изместена. Но, во овој вистински настан има и симболизам. Потпората укажува нагоре, кон Небото, на Христовата десна страна, и надолу, кон Адот, на Христовата лева страна. Една од петочните молитви на Православната црква јасно го објаснува ова значење:

    Среде двајца разбојници Твојот Крст се покажа како праведно мерило.

    Едниот го упатува во адот поради тежината на хулењето,

    а другиот се олеснува од гревовите заради познавањето на Богословието.

    Христе Боже слава ти.

(види Лука 23,39-43)

Полумесечината и Крстот

http://mistagogia.mk/wp-content/uploads/2016/09/Cross-over-Crescent.jpg

Понекогаш може да се види и ова: Крст над полумесечина. Се даваат повеќе одговори за ова. Од референци на месечината во книгата Откровение (вообичаен образ на Марија), потоа како древен симбол на Црквата, па до котва или едноставна изјава против Отоманите.

Википедија: – Една варијанта на православен крст е „Крстот над полумесечина“. Во 1486 година, царот Иван  IV (Грозниот) го освоил градот Казањ, кој се наоѓал под владеење на Татари муслимани, и во спомен на тоа, тој заповедал оттогаш па натаму исламската полумесечина да се поставува под крстовите, за да се означи победата на Крстот (христијанството) над полумесечината (исламот). Овој „Крст над полумесечина“ понекогаш е придружуван со „Гаврил како дува во труба, качен на врвот од Крстот“.

Митрополит Иларион (Алфеев): Понекогаш може да се сретне полумесечина под крстовите на куполите. Според нашите сознанија, овој вид на крст ги украсувал куполите на неколку цркви од 12 век, поточно црквата „Покров на Пресвета Богородица“ на Нерл, катедралата „Св. Димитриј“ во Владимир и катедралата „Успение“ во Стараја Лагода. Овде, полумесечината воопшто не претставува муслимански симбол и воопшто не укажува, како што понекогаш се мисли, на супериорноста на христијанството над исламот. Полумесечината била еден од државните симболи на Византија (ја симболизирала царската моќ) и само по освојувањето на Константинопол од страна на Турците, таа станала симбол на Отоманската империја. Приказот на полумесечината се среќава на древните руски икони, одежди и минијатури во книги. Освен тоа, крстот заедно со полумесечината ни напомнува на котва (симбол на спасението, во согласност со симболизмот на Црквата како кораб), потоа на расцветан крст, чаша или крст, забоден на змија.

(Orthodox Christianity Vol. III, The Architecture, Icons, and Music of the Orthodox Church by Metropolitan Hilarion Alfeyev. p. 57)

Подготвил: презвитер Георгиј Глигоров

 http://mistagogia.mk/zosto-pravoslavniot-krst-ima-tri-gredi/

 

Друго:

Vozdvizenie.na.Cesniot.Krst

 

 

Image may contain: outdoor

 

HRISTOS.na.Krstot1