Чудо на свети Пантелејмон (1997, Конго)



Се појави светиот Пантелејмон

Во 1997 година, раскажува отец Спиридон, мојата жена, Марија, беше бремена. Од тоа имаше многу болки. Првите три месеци беше постојано во кревет, без да може да прави било што. Трудот на лекарот се покажа бесплоден. Гледајќи дека нејзината состојба се влошува и дека може да умре, јас, нејзиниот сопруг го зедов книгичето до Молебен канон на Пресвета Богородица.

Го прочитав. Потоа ја зедов бројаницата и се помолив: 100 топчиња (молитви) кон нашиот Христос, 100 кон Богородица и 100 кон исцелителот Пантелејмон. Го повикував со голема болка и вера светиот Пантелејмон да ја исцели мојата сопруга, бидејќи знаев дека тој е голем чудотворец.

Потоа легнав и заспав на земјениот под од мојата куќарка. Додека заспивав, почувстував голема радост во моето срце. Истовремено чув чекори покрај вратата. Станав. Видов дека жена ми е во креветот. Излегов надвор. Таму наидов на еден блескав младич.

Се изненадив. Се стресов. Сфатив дека тоа беше светиот Пантелејмон. Остана неколку секунди и веднаш исчезна пред мене, без да ми проговори.
Јас Го прославив Бога и светителот. Влегов во мојата куќарка. Од тој ден Марина одеше кон подобро. Дојде времето да се породи. Се породи без болки и агонија. Светиот Пантелејмон направи чудо. Детето што ни се роди беше момче и му го дадов името на светителот.

Му благодарам и Го славам нашиот преблаг Бог.

Ѓакон Спиридон и Вероучител во парохијата на „Света Софија и нејзините ќерќи" во градот Кипуси во областа Лумумбаси, Конго.

Превод од новогрчки јазик:
Свештеник Јани Мулев