Денес на веронаука беше посебно убаво. Милан се враќаше дома со срце полно со радост.
Кога ја отвори вратата, застана. Куќата несредена, од радиото се слушаше лоша музика. Мајката во едната рака држи цигара, а со другата го меша ручекот. Му беше тешко. Му дошло да викне. Сакал да прозбори со мајка му за Бога, за гревот...


Господе помилуј ! Да, така рече отец Душан. Пред да кажеш нешто, помоли се, да не згрешиш. И уште збореше дека свети Серафим Саровски, на момчето кое дошло да се пожали на својата мајка затоа што многу пиела, му рекол: " за мајка ти ни збор"!
Милан се јавил на мајка си и појдел во својата соба. Клекнал пред иконата " Господи, тешко ми е! Господи, помогни ми! Научиме што да правам. Тешко ми е , многу ми е тешко затоа што родителите не ме разбираат и се подсмеваат на мојата вера"!

Тогаш застана. Некои работи ние сами ги избираме - друштво, работа...Родителите не ! Ако се такви, бог ми ги дал такви. Зошто?
Бидејки сака да им помогнам да се спасат, но тие ништо не слушаат што им велам.

А како и да слушаат кога јас ни малку не го сменив своето однесување? Се карам со братот, ја оставам собата несредена... Им зборувам за Бога со своите зборови, а дали им зборувам за Бога и со своите дела?
- Милане! Другарите го викаа под прозорот, да одат да играат фудбал. Денот беше прекрасен. Ја отвори вратата од собата и ја погледна мајка си како брза низ кујната. На подот имаше вреќа со грашок.
- Зар не можела да купи замрзнат и отиде да се шета? И за неа е прекрасен денот! И мајка сака да прошета со другарките. Па она и не излегува од кујната! Работи дење и ноќе како би заштедела, да има се за нас.

Низ прозорот викна на другарите:
- Денес не можам! Брзо го зеде ќесето со ѓубре и пратен од мајчинскиот зачуден поглед, ја однесе во контејнерот.
- Господе драги, прости и на мојата мајка и помогни и да отфрли од себе се што и смета на нејзиното здравје. Господи, помогни и !
Помогни и на мене да бидам добар син и да го исполнам заветот за почитување на родителите!
Се врати во својата соба, ги среди своите работи, ја вклучи правосмукалката и ја исчисти целата куќа. Мајка ми не може да постаса, работи, кога ќе дојде дома готви и спрема колку што може, а ние правеме неред. Тогаш и рече на мајка си дека сака да и помогне да го исчисти грашокот.
Дојде и таткото. Кога виде како мајката и синот чистат грашок, не го уклучи телевизорот веднаш, како што прави обично, туку седна со нив и се фати за работа. Дојде и братот, уште еден пар раце и големата вангла брзо се наполни со зелени зрнца. Мајката се разведри.
Тие тројца и тој грашок.
Беше поубаво и од најубавиот излет, од летување на море...

Знаеше и зошто. Бидејки Христос беше тука. Деновите се ронеа како зрнцата на грашокот од мешунките. Ден по ден, недела по недела и дојде зимата. Милан постојано се молеше за родителите и братот и помагаше во куќата за се што можеше. Не се караше со братот. И помладиот брат започна да помага. Домот стана многу поуреден, мајката помалку изморена, а таткото подобро расположен.

Еден ден таткото донесе дома икона на Свети Никoла:
-Бев кај колегата на слава. Беше толку убаво! Татко ми го славеше Свети Никола. Не ми е јасно зошто јас не продолжив. Ајде Милане, прочитај ни нешто од веронаука за нашата слава, за Свети Никола...


И така , полека, полека...Молитва по молитва... Зрно по зрно... како грашок.



Извор:
фб страна св.Јован Дамаскин

Преземено од фб профил на : Православие.Мк