"Бог сака да бидеме слични на ангелите. Ангелите само славословат - таква е нивната молитва. Само тоа. Славословието е многу деликатна работа. Тоа ги надминува човечките способности. Ние луѓето сме многу чувствителни и прилепени за земното. Затоа и Му се молиме на Бога користољубиво. Го молиме да ни ги реши нашите прашања, добро да напредуваме на работа, да сме здрави, Го молиме за нашите деца. Се молиме, меѓутоа, на човечки начин и во духот на користољубието. Славословието е некористољубива молитва. Ангелите не се молат за нешто да добијат; тие не се себични. Бог и нам ни дал можност нашата молитва да биде трајно славословие или ангелска молитва. Тука се крие големата тајна.

Кога ќе влеземе во таквата молитва, постојано ќе Го славиме Бога и сѐ ќе Му препуштиме Нему, онака како што се моли нашата света Црква: „Целиот свој живот на Христа Бога да Му го предадеме!“ Ова е „виша математика“ во нашата вера!"

- старец Порфириј

 

Извор од ФБ профил на:

Моника Николова

 

15.06.2018 лето Господово