логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка



Во едно задскриено, убаво, балканско селце, пристигнал, на летна почивка, чуден туѓинец. Тој бил многу богат човек. Патувал сам, бил многу уморен и сакал, што поскоро, да најде место каде ќе престојува, за да си отпочине. Имал намера да ги усреќи оние, кои ќе му обезбедат тивко и пријатно засолниште. Бидејќи неговото богатство било непроценливо, тој, на гостољубивите домаќини, сакал да им даде таков подарок, каков тие дури и не сонувале.

  Забележил една, однадвор убава куќичка со прекрасна местоположба и решил во неа да побара место за починка. Затропал на вратата. Но, веднаш  штом му отвориле, го  поканиле да влезе, тој неволно отстапил. Одвнатре, го облеал неподносливо замирисан воздух. Што забележал? – Домот на тие луѓе и свинската кочина биле под еден покрив. Без да каже за што дошол, патникот се извинил и излегол од дворот.

  Продожил понатаму покрај бистрата рекичка што течела низ селото. Во близина, вниманието му го привлекла друга, убава, новоизградена куќа. Решил и таму да затропа. Но, домаќинот на куќата, бил многу зол човек. Кога видел дека туѓинец се приближува до дворните порти, го пуштил кучето и не му дозволил да влезе ниту во дворот. Патникот, побарал закрила и во трета куќа. Таму, љубезно го поканиле и тој влегол внатре. Но, кога видел дека во таа куќа  се е растурено и  без ред, покриено со прав и саѓи, покриено со ѓубре и пајажини,  заклучил дека и таму нема да го добие спокојството што го бара.

  Во четвртата куќа, бидејќи веќе бил преморен решил што и да забележи да застане. Но таму, покрај нередот нечистотијата, забележил и уште нешто. На скалите, имало дамки  од стеници, а тој не поднесувал паразити. Покрај тоа,  тие и го полазале и тој побрзал да побегне и оттаму.

  Го обиколил целото село, но никаде не нашол чисто катче, каде што ќе може спокојно да си отпочине. Се чудел, како тие луѓе, живеејќи во таков прекрасен крај, можеле толку многу да ги запостават своите домови – низ селото течела мала река. По кривите стрмни улички на многу места жубореле мали поточиња. Сретсело и на други места во селото имало извори и чешми, од кои изобилно течела вода. На патникот, му било јасно дека нечистотијата на селските куќи, не се должи на недостиг на вода, туку само на негрижата на нивните домаќини.

  На крајот  од селото , веќе победен од уморот, се упатил кон една куќарка каде што се покажало дека живее  добра домаќинка. Таму, наишол на голема гостољубивост, пријатни и насмеани лица.Уште веднаш, штом влегол  во една од одаите, забележал дека внатре се е едноставно, но чисто и убаво уредено. Во аглите немало пајажини, штиците на подот биле штотуку измиени, а воздухот во одајата проветрен. Се гледало, дека низ отворените прозорци, честопати се пуштаат пријатни мириси на блиските полјани и шуми да влезат во таа куќа.

  Патникот, со олеснување воздивнал и останал во тој дом. Најпосле нашол тивко, пријатно катче каде што ќе отпочине. Тука го оставил својот голем подарок.

  Драги читатели, сте се запрашале ли: ако  дојде нашиот Спасител, Кој ни го носи најголемиот дар?
  Својата небесна  благодат, со која ги усреќува и спасува нашите души, и ако побара засолниште за себе во нашите души, ќе најде ли соодветно место? Св. Макариј Египетски вели: „ Како што Бог ги создал небото и земјата за човекот да престојува на нив, така и телото и душата на човекот ги создал за Свое живеалиште...“, за ова Апостолот вели:“ Негов дом, пак сме ние”(Евр.3,6)

  Исус Христос, Тој прекрасен небесен Гостин, честопати доаѓа кај нас и сака да влезе под покривот на нашата душа. Он се јавува помеѓу нас во недостижното таинство на Светата Причест. Он тропа на секоја врат, жеднее да влезе во секој дом, сака да разговара со секое срце, сака да ја усреќи секоја душа што верува и да и го даде Својот небесен дар.

  Но, како Го пресретнуваме? Дали Он, може да престојува во секој од нас, онака како што би сакал?
  Ете, еден пристап кон Светата Причест и Го кани Господ во тајната одаја на своето срце:”Дојди, Господи Исусе и всели се во мене!” -  шепоти тој во причесните молитви. „Повели, влези под мојата стреја, во домот на мојата душа! Ќе ја отворам вратата на мојата недостојна  уста! Всели се во мене!”.

  Но, Исус Христос, отстапува со одвратност од таа гостопримлива отворена уста! Одвнатре, излегува неподнослива духовна смрдеа! Таму мириса на блуд и злоба, на среброљубие и завист, на гордост и егоизам...И Небесниот Гостин отстапува. Он не може да влезе во таков дом каде што човекот и бесовите -  тие духовни свињи -  сожителствуваат под еден кров.

  Ете, друг, го убедуваат да пости и да се причести; го молат да Го примат во своето  срце Исус Христос, Кој ја носи големата и сеспасителна Божја благодат, најголемиот дар што  го добило човештвото!

  Но, тој не сака да слушне за тоа. За него небесните светињи се непријатни, па, му пречат да живее, онака, како што тој сака. Зошто му е Причеста? Тој ги пушта кучињата да Го пресретнат небесниот Гостин и да не Му дозволат да се доближи до портите на неговата душа.

  Трет, пак, постел, се молел и се подготвувал за Светата Причест, но не ги простил навредите што му ги нанел ближниот, не престанал со своите сплетки, не ја смирил својата  душа. Во неа се е без ред. Гревовите како прав и саѓи го покриваат неговото надворешно благочестие. Ѓубре и пајажина ја загрозиле неговата вера. И, тој во таква состојба, си дозволува да Го покани небесниот Гостин во одајата на своето срце! Зарем не се плаши дека ќе Го нажали, наместо да Го зарадува со тоа свое бесмислено гостопримство?

  Четвртиот, слуша дека се тропа на вратата на неговата совест, но тој тогаш не помислил да ја очисти. Таму, големи порочни дамки ги извалкале некогаш чистите прозорци на душата! Многу гревовни  навики натрупале ѓубре по тајните катчиња на срцето! Беден човек! Паразитите на злото, злите духови го нападнале и ги цицаат животните сокови на неговиот духовен живот. Ако тој ги отвори вратите и при таква нечиста покуќнина и безредие Го покани највисокиот небесен Гостин, зарем мисли дека ќе Му овозможи чист и радосен одмор?

  Но, кој би можел за својот духовен дом да рече дека е доведен во безпрекорен ред и дека може да Го пречека небесниот Цар?

Сите ние, помалку или повеќе, сме недостојни, Искупителот од небесата да дојде кај нас. Ама ете, Он тропна на нашите порти(Oтkr. 3,20)Он Самиот  жеднее да влезе во нас, бидејќи ние сме создадени за Него и бидејќи без Него сме бескрајно несреќни. Он Доаѓа на сите да им го донесе Својот небесен дар.

  Има ли пак, начин да се удостоиме за Него? – Со голема радост треба да речеме: Има! Тој начин е покајанието и исповедта! Со исповедта, кога е искрена, длабока, поврзана со одвратност од себеси и желба за започнување на  нов  живот, одајата на нашето срце се очистува од сиот греовен смет. Со исповедта,  се изгонуваат демоните, тие погибелни паразити. Со исповедта се отвараат прозорците на душата, за преку нив да влезе убавиот мирис и свежината на Божјата благодат. Со исповедта, повторно се доведуваат во ред сите измешани мисли и претстави, сите хаотични чувства и желби на срцето. Најпосле, со исповедта се украсува душата и таа станува достојна да Го прими најубавиот Гостин – Исус Христос.

 Подготви: Стојанка Тежак

Посети:{moshits}



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Јуни 10, 2023
TVIT602

Проскомидија

·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на Литургијата, нејзин пролог. Таа е нашиот допир со Небесното Царство и Небесното жителство.
Септември 13, 2021

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на Бигорската Обител, засветлил како светлозарна ѕвезда на богопрославениот светителски небосклон на Црквата Христова, во првата половина на ΧΙ век. За неговото родословие,…

Беседа за Успение на Пресвета Богородица oд Викарниот Епископ Јаков Стобиски

Сеп 03, 2021 Беседи 5806
Default Image
Беседа за Успение на Пресвета Богородица изречена од Викарниот Епископ Јаков Стобиски во…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 6624
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 6408
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 5602
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Најново од духовност

Православен календар

 

19/04/2024 - петок

Велигденски пости; (строг пост)

+Упокоение на Свети Методиј Солунски; Свети Евтихиј, патријарх Цариградски; Светите Сто и дваесет маченици коишто пострадаа во Персија; Преподобен Григориј Синаит; (Акатист); (второ бдение);

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св.Христов исповедник Георгиј Митиленски митрополит 7 април / 20 април 2024

Тропар на св.Христов исповедник Георгиј Митиленски митрополит 7 април / 20 април 2024

Пастироначалниче на скитското подвижништвово степите руски непроодни,Ниле ученику Христов облагодатен,денес и во веки Бога преку тебе Го прославуваме,и твоите подвизи...

Тропар на светиот Методиј Солунски 6 април / 19 април 2024

Тропар на светиот Методиј Солунски 6 април / 19 април 2024

Словото Божјо, слово земно подаде,кое ти Свети епископе Методие во слава Негова го раздаде,а Он Началникот на животот устрои заради...

Тропар на светите Христови маченици Агатопод ѓакон и Теодул чтец 5 април / 18 април 2024

Тропар на светите Христови маченици Агатопод ѓакон и Теодул чтец 5 април / 18 април 2024

Вистина непоколеблива имајќи во срцата вашиАгатоподе и Теодуле,познавте дека земниот живот е суета, сенка и сон,а верата во Љубовта го...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная