10
Откако ги навел примерите на свети Јован Крстител, светиот апостол Павле и на самиот Господ, кои со молитва и пост се подготвувале за јавна служба, свети Јован продолжува: ,,Кој е од страната на телото, со тоа се бори против духот, а кој го подржува духот, го потчинува под себе своето тело. Ете, тие ( духот и телото) постојано се борат помеѓу себе, затоа ако сакаш да го направиш посилен твојот дух , зауздај го твоето тело со пост. Истото ова го вели и апостолот со зборовите: ,, Ако нашиот надворешен човек тлее, внатрешниот од ден на ден се подготвува и : кога сум слаб, тогаш сум силен. Зарем ти не си во состојба со презир да се однесуваш кон оваа распадлива храна? ... Или не знаеш дека колку повеќе го наситуваш твоето тело, со тоа поизобилна храна подготвуваш за твоите мачители- црвите? ... И така, јасно ни е и од примерите на слугите, и од примерот на самиот Господ, дека голема е силата на постот, и дека тој многу голема полза и донесува на Душата. Всушност, постот е храна за душата, и како што телесната храна го гои телото, така постот ја зајакнува душата, и пружа лесен полет, ја прави способна да се издигне кон висините и да мисли на она што е горе, ја издигнува над задоволствата и удобствата на овој живот. Како што лесните бродови брзо го преживуваат морето, а натоварените со голем товар пропаѓаат, така и постот, чинејќи го нашиот ум полесен, придонесува брзо да се преплива морето на овој живот , да се стреми кон небото и кон небесните нешта... Напротив, пијанството и прејадувањето, оптоварувајќи го умот и гоејќи го телото, душата ја прави заробеничка".

 

Избор од ФБ на: Писмановски Кире