Испосницата на свети Јоаким Осоговски се наоѓа на 7 км северно од Крива Паланка, во атарот на с. Градец. Според легендада, на ова место се подвигувал нашиот светец Јоаким Осоговски, пред да се премести во месноста Бабин Дол, каде што денеска се наоѓа неговиот манастир. Во близина на испосницата се наоѓа археолошкиот локалитет Градиште, со остатоци од доцна антика и среден век.

Интересно е да се напомене дека манастирот нема ктитор, туку народот сам го градел, на што кривопаланчани се посебно горди. Манастирот во својата богата историја бележи подеми и падови. За неговото значење зборува податокот дека бил посетуван од повеќе црковни великодостоинственици, државници и патеписци. На иницијатива на Хаџи Стефан Бегликчијата во 1847 год. започнува изградбата на големата соборна црква посветена на св. Јоаким Осоговски.

 

 

Т.С

2017 лето Господово