3.angeli.so.truba

ВЕЧЕРНА

Ја пееме оваа служба од господин Никифор Калист Ксантопул: На Пресвета Госпожа Владичица Богородица, животворниот извор (источник). Ваков чин не најдовме во типикот, но го предложивме од љубов кон Пресвета Богородица.

На Господи, повикав, земаме 10 стиха,
и пееме 6 воскресни стихири од осмогласникот, глас 6:

3.angeli.so.truba

Христе, Кој ја имаш победата над адот, на Крст си се искачил за да ги воскреснеш со Себе оние што седат во смртна темнина. Сесилен Спасителе, Кој си слободен меѓу мртвите, Кој точиш живот од Својата светлина, помилуј нѐ.

Денес Христос смртта ја уништи, и воскресна, како што рече, и радост на светот му дарува, та сите, пеејќи песна, да речеме вака: Извору на живот, непристапна Светлино, сесилен Спаителу, помилуј нѐ.

Господи, Кој си присутен во секое создание, кај да бегаме од Тебе, ние грешните? Ти Самиот живееш на небесата, во адот си ја уништил смртта. Во бездните морски? и таму е Твојата рака, Владико. Кај Тебе се засолнуваме, пред Тебе паѓаме и се молиме: Помилуј нѐ, Ти Кој воскресна од мртвите.

Други стихири источни (анатолиеви), истиот глас:

 

Со Крстот Твој, Христе, се фалиме, и Твоето Воскресение го воспеваме и славиме, зашто Ти си нашиот Бог и, освен Тебе, друг не знаеме.

Слава на Твојата сила, Господи, оти си го уништил оној што ја има власта над смртта, и со Твојот Крст си нѐ обновил, Ти Кој ни даруваш живот и нетление.

Секогаш благословувајќи Го Господа, го воспеваме Неговото Воскресение, зашто Он, откако претрпе Крст, со смртта смртта ја погуби.

Потоа стихири на живоносниот извор, истиот глас.
Подобен: Откако сета своја надеж ја положија:


Чудни и преславни (работи) извршуваше на тебе Господарот на небесата, Сенепорочна, зашто Он како дожд од небото капна во твојата утроба, Богоневесто, покажувајќи те како извор од кој излегува секое добро, точејќи им изобилство од исцеленија и добрини на сите што имаат потреба од душевна крепкост и телесно здравје, со водата на благодатта.

Владичице Дево, со право те именуваме небесна манна, и божествен извор на рајот, бидејќи благодатниот поток што излегува од твојот извор, ја обиколува земјата во сите четири правци и постојано ја прекрива со необични чудеса, и водата што ја пијат, за сите станува она што го бараат. Затоа, сите ние што го носиме името христијани, веселејќи се, верно приоѓаме, црпејќи постојано од слаткоточивата светиња.

Богоневесто Дево, од тебе течат потоци на исцеленија, на оние што кон твојот извор приоѓаат верно и постојано, бидејќи на болните им излеваш исцеленија бесплатно, изобилно и богато: правиш слепи да гледаат јасно; мноштво куци, кои пристапуваат кон тебе, си ги исправила, и мноштво раслабени си спасила, мртов си оживеала со тројно излевање, болни со водени и астматични болки си исцелила.

Ја повторуваме првата стихира.

3.angeli.so.truba

Слава, глас 6: Кој ќе ги искаже твоите сили, Извору, кој изобилуваш со неисцрпни чудеса, и правиш бројни и натприродни исцеленија? О величија, што ги излеваш за сите! Не само што отстрануваш неудобни болести на оние што ти приоѓаат со љубов, туку миеш и чистиш и душевни страсти, Сенепорочна, давајќи им на сите милост голема.

И сега: Кој нема да те нарече блажена, тебе, Пресвета Дево, кој ли нема да го воспее твоето пречисто рождество, зашто Единородниот Син, Кој безвремено засветли од Отецот, истиот Он излезе од тебе, Чиста, откако се воплоти неискажливо; Он, кој е Бог по природа и Кој, заради нас луѓето, стана човек по природа; не во две лица разделуван, но во две природи неслиено познаван. Него моли Го чиста, себлажена, да ги помилува душите наши.

3.angeli.so.truba

Вход со кадилница. Светлино тивка:
Прокимен глас 7: Те љубам, Господи, крепост моја! Господ е моја карпа.
 Стих: Бог мој, засолниште мое, во кое се засолнувам.
Стих: Ќе Го призовувам Господа, достоен за слава
и ќе се спасам од непријателите свои
Стих: И Тој од Својот свет храм го чу гласот мој.
Потоа: Те љубам, Господи, крепост моја! Господ е моја карпа.
Да речеме сите: Удостој нѐ, Господи, оваа вечер: и остатокот.


На стиховни, стихира воскресна, глас 6, од Осмогласник:
Воскресението Твое, Христе Спасителе, ангелите го воспеваат на небесата, а нас, на земјата, удостој нè, со чисто срце да Те славиме.

Потоа следниве стихири на Богородица, глас 5. Подобен:

3.angeli.so.truba
Радувај се, Живоносен Извору, кој разлеваш чудеса по морињата и по сета вселена! Духовен океану, кој ги надминуваш водите на Нил со излевање на благодатта! Втор Силоаме, кој испушташ преславна вода како од камен и го имаш дејството Јорданово! Манно спасителна, изобилна за оние што имаат потреба, навистина богата и неисцрпна! Мајко Христова, Отроковице, која на светот му излеваш милост голема.

Стих: Свето живеалиште на Севишниот.

Верни, со песни чудесни да го воспееме небесниот облак (Дева), кој на земјата ни ја пушти небесната капка – Животодавецот Христа – која е жива и точи бесмртност; вода божествена, амброзија, нектар кој никогаш по пиењето не се расипува, туку ја гасне жедта на душата. Оние што разумно пијат од него, од нивинте утроби течат божествени потоци, кои на сите им точат благодат изобилна.

Стих: Речните потоци го веселат Божјиот град.

Радувај се, Живоносен Извору, кој вечно испушташ благодат, од кого се излеваат исцеленија, и кој ја уништуваш силата на секоја зла болест! Прогледување на слепите, божествено очистување на лепрозните! Од тебе тече секое лекарство за болестите, за сите оние што приоѓаат кон твојот храм со вера; голема и општа лекарко, бесплатна и навистина брза, Мајко на Словото Христа, Кој на светот му точи милост голема.

Слава, глас 5: Празникољупци, да затрубиме со песни, да ликуваме, радувајќи се крај вечните води на Живоносниот Извор! Цареви и кнезови нека се соберат и да црпат изобилно од Изворот на благодатта, зашто Тој спаси цареви; со допир до него крена луѓе врзани за постела. Дојдете сите, пастири, и верни, да нацрпеме од дождоносниот Облак – спасителната вода! Тој нуди ослободување од болестите, поткрепа на оние што се во неволи, разладување на жедните, прогледување на слепите, слушање за глувите, исцеление за злострадалниците. Тој е живоносен за оние што трпат илјада смрти и, за нас верните кои сме насекаде, точи води на спасението. Сите ние со рацете да заплескаме и да повикаме: Пречиста Дево, која од изворот излеваш непресушни потоци, не престанувај да се молиш за твоите слуги постојано.

И сега, истиот глас:

Ден е на Воскресение: Христос Воскресна: трипати. И отпуст.

3.angeli.so.truba

Извор: ЦВЕТЕН ТРИОД

Подготви. Т.С.