Жезалот во рацете на ангел е симбол на моќ и достоинство. Архангел Гаврил или Михаил може да се видат на иконите со глобус или огледало, кои ја означуваат небесната сфера, симболизирајќи универзум, диск или штит. Глобусот во повеќето случаеви се претставува светол и транспарентен како стаклена топка или сфера.


 Понекогаш во рацете на ангелите може да се видат труби- симболи на звукот и ветрот. Во време на Страшниот Суд, ангелите, вклучувајќи го и архангел Михаил, трубат во труба.


Понекогаш ангелите се прикажани со алатките на Страдањата Христови. Најчесто архангелите Михаил и Гаврил држат крст, копје и бастун со сунѓер. Распоредените свитоци во рацете на ангелите содржат поздравни зборови, пофалбени химни, проповеди за влез во храмот.

 

Одговара Димитриј Трофимов, раководител на креативните работилници „Константинопол’’.


Извор: http://foma.ru/chto-simvoliziruyut-predmetyi-v-rukah-angelov.html

 

Подготви: Снежана Корнет

29.03.2017

 

Друго:

 

 Sample Image