Канон, акростих: И денес ја воспевам великата сабота. Глас 6.


Песна 5.

Ирмос: Кога Исаија ја виде незаодната светлина на Твоето Богојавление, Христе, што Ти милостиво ни ја покажа, поранувајќи од ноќта, викаше: Пријдете просветлени,
измијте се со божествената вода и, преку Духот, и душата и телото очистете ги.

Создателу, откако стана Новиот Адам, ги обновуваш родените на земјата, извршувајќи го нашето необично повторно раѓање и чудесно обновување, со огнот, Духот и водата.

Со Духот ги обновуваш душите, а со водата го осветуваш сложеното тело, пресоздавајќи го човекот; со Твојата мудра промисла, и на едното и на другото ја применуваш соодветната терапија, како Лекар на душите и телата.


Спасителу, Кој се роди од Отецот пред вековите, откако се роди од Пречистата, како човек си дошол при синот на неродната (Елисавета) за да побараш крштение; но од водата и Духот, таинствено, Црквата си ја направил мајка на многу деца, иако порано беше бездетна.

 TVIT1068.Mesto.ksten.Hristos

 

 

 

17.01.лето Господово 2024