логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 flower-asphalt-671x372

10/02/2016   Поуки - совети
 
Една од сликите на моето детство, која ми се врежала во сеќавањето, тоа е густата трева која растеше покрај оградата на нашата куќа, која излегуваше во тивката ненаселена улица. Сега, таа наликува на корито од пресушена река: земјата е покриена со слој асфалт, како да е затворена во огромна гробница. Ниту дождот, ниту зраците на сонцето не го продираат овој мртов панцир. Овде, на ништо не се задржува погледот: тој едноставно се лизга по површината на асфалтот. Но, некако сосема случајно, одеднаш видов трева која се пробила низ пукнатините на асфалтот; тоа беа неколку овенати, пожолтени стебленца, но тие, само со својот поглед, се чинеше дека говорат, дека сепак, овде животот не е потполно убиен. Овие тревки, незагушени од тежината на асфалтот, непогребани под него, како под гробен камен, ми се сторија како херои, кои ги предизвикале монструмите наречени “прогрес“. Кога среќавам луѓе, кои во овој свет лажен и развратен, ја сочувале чистотата на душата и верата, јас се сеќавам на овие билки, кои го беа пробиле асфалтниот панцир.

Целиот начин на современиот живот, потсетува на план од светски размери: како да се ослаби и уништи духот човечки-внатрешното око, кое е насочено кон вечноста, како да се прикова човекот за земјата како робот за бродот.

Како минува животот на човекот? Неговиот ум е зафатен со постојаното решавање на насушните проблеми, тој дури и не може да се спореди со работливата мравка, тој повеќе наликува на пешак без цел. Човекот нема на што да се потпре. Подлогата на која што стои, изгледа дека постојано му се трга од под нозете. Ако со еден збор може да се изрази душевната состојба на човекот, тогаш тој збор ќе биде “немир“ – постојано неспокојство кое црвојади и ја разјадува силата на душата како киселината металот.

Преживување-тоа е прилагодување, а прилагодување-тоа е равенка, затоа пред христијанинот секогаш има избор: или прилагодување на лагите или прилагодување на свирепостите на овој свет, односно, да се игра човек, а да не се биде тоа, или да се влезе во борба со светот, да се стане против овој железен валјак, кој руши с¢ на својот пат.

Веќе древните мислители рекле дека, вистинската философија не е ништо друго, туку наука за смртта.

Христијанството – е живот, кој се стекнува со тоа што светот го нарекува смрт-самоодрекување. Христијанството е религија на срцето, Христос рекол дека чистите по срце ќе го видат Бога. Светот, како заводник и напаѓач, тежнее да ја обесчести душата на секој човек, употребувајќи или поткуп во вид на наслада, или принудувајќи ја на психички терор.

Во апокалипсата постои сцена: Жена, во маки се породува и вика од болка (Откр. 12, 1-2). Спрема толкувањето на Светите Отци, тоа е Црквата, која во маки ги раѓа човечките души за живот вечен. Но, допуштено е да се направи уште една споредба: тоа е душата на христијанинот, која ја чува дух, како свое незаштитено младенче; таа мора да направи подвиг, кој се граничи со мачеништво, за да би се сочувал духот од гревови и соблазни, кои можат да го умртват.

Мнозина од нас, практично го почувствувале ова гаснење на духот. Човек се наоѓа во молитва, во срцето му се вовлекува мир, тој ја чувствува духовната радост, но ете, тој забави со умот на една нечиста мисла – и сè пропадна. Како да се изгасна светлината во неговата душа; темнина, празнина и студ ја наполнаа.

Човечкиот дух е нежен како цветче. Од грубото допирање на страстите тој се повлекува во себе, слично на цветчето кое ги повлекува своите ливчиња и после покајанието, духот се оживува повторно. А овој свет станал сличен на поток од нечистотија, кој ќе го потопи целокупното човештво. Оваа нечистотија се стреми да продре во секој дом. Ама каде човекот да го фрла својот поглед: да погледне во улична реклама, да вклучи телевизор, да рашири весници? – секаде среќава една зловолна нечистотија. Како демонот да му говори на човекот: “Јас сум овде, од мене никаде не можеш да избегаш“.

Човечката душа, обично се адаптира на атмосферата која ја дише, таа престанува да чувствува одговорност кон таа нечистотија и ја прифаќа, како нешто природно. Човекот стои во храмот, но неговиот дух е парализиран. Тој не чувствува духовна радост, неа ја замениле други душевни емоции, други преживувања; за него, религијата станала нешто надворешно. Кога човек не ја чува духовната чистота, кога не донесува вистинско и длабоко покајание, тогаш тој стои во храмот, мижејќи, не гледајќи вистински, не гледајќи го духовниот храм и она што во него се случува.

Пред сè, религијата е дело на волјата, особено во сегашно време. Затоа христијанинот не треба да го прави она што го сака неговиот противник, а противникот-демонот, сака да го лиши од внатрешниот живот, да го лиши од богоопштење, сака да му го одвлече неговото внимание од постојаните внатрешни молитви. Во страсна состојба, може да се живее надворешен живот на христијанин, да се прават добри дела, меѓу нив и дела на милосрдие, да им се дава помош на немоќни, да се говори, да се проповеда, дури и да се градат храмови, но без силни борби со страстите, без подготвеност да се умре, но да не се биде обесчестен од овој насилник-светот-невозможно е; главно е, мистиката на христијанството како стекнување благодат и внатрешно гледање на Бога.

Тешко е да се спасиш во наше време, тешко е да се чуе гласот на духот во бучавата на овој свет, но сепак, христијанскиот живот е можен. Ако го сочуваме своето срце од непријателите кои го напаѓаат преку надворешните сетила-видот и слухот, тогаш ќе ја видиме тајната на храмот во кој присуствува духовниот свет, и небесната убавина на Православието; сведоштво за ова се оние, слабички стебленца трева, кои се пробиле низ асфалтот.

Тајната на спасението,
Архимандрит Рафаил (Карелин)

Превод од српски: Весна Апостоловски

Извор: Преспанско- пелагониска епархија



Поуки од Светите Отци

krusevoexport

Духовност

Декември 09, 2019
7.Vselenski.sobor

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има најголема слобода и моќ пред престолот Божји, и нејзе Црквата, по Бога, најмногу ја почитува и прославува во своите безброј молитви и химни, како најсилна заштитничка и…
Декември 05, 2019
7.Vselenski.sobor

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни односи. Религиозниот човек размислува во рамките на првата категорија, а црковниот човек размислува и дејствува во откровението на втората категорија.Догматиката е многу…

Старец Георгиј Капсанис: МОНАСИТЕ СЕ ЕКСПЕРТИ ВО НАУКАТА НА ПОКАЈАНИЕТО

Луѓето прво треба да го распнат и да го погребат своето поранешно „јас“ (т.е. егоизмот,…

Свети великомаченик Димитриј Солунски

Ное 09, 2019 Житија 259
st-demetrius
Благочестивиот Димитриј пред царевите ги поставил Божјите заповеди. Го возљубил Господ…

Митрополит Струмички Наум-Царството небесно прилега... на простување (19.08.2017 )

Ное 07, 2019 Беседи 758
7.Vselenski.sobor
Честопати и мене ме прашуваат зошто примам или им помагам на луѓе за кои мнозина од…