Писмо на Св. Дионисиј Ареопагит за Пресвета Богородица


До Павле апостолот

Сведочам пред Бога, дека покрај Бог, нема ништо толку исполнето со божествена моќ и милост. Никој не може потполно да го разбере она што го видов. Исповедам пред Бога: кога бев со Јован (Богослов), кој светеше меѓу апостолите како Сонцето на небото, (и) кога бев однесен пред лицето на Пресветата Дева, искусив неописливо чувство. Пред мене сјаеше некој боженствен блесок, кој го закова мојот дух. Го осетив благоуханието од неописливи мириси и се исполнив со таков восхит, што телото ми ослабна, а духот не можеше да ги издржи тие знаменија и знаци на вечно величие и небесна сила. Нејзината благодат ми го исполни срцето и ми го потресе духот. Да не ми имаше кажано, ќе си помислев дека Бог е пред мене. Невозможно е да се стои пред поголемо блаженство од ова кое го видов.