Двајцата свеќоносци се дел од сите три входа (на Вечерна, на мал и на голем – на Литургија), кои, пак, го означуваат доаѓањето на Спасителот. На Вечерната, свештеникот го изобразува Исуса Христа. Входот го символизира Неговото воплотување, а царските двери – Пресвета Дева, за што пророчки предвестил Господ преку пророк: „оваа врата ќе биде затворена, не смее да се отвора и ниеден човек нема да влезе низ неа, оти Господ Бог Израилев влегува низ неа и таа ќе биде затворена.“ (Језекиил 44, 2). Поради тоа на царските двери обично има икона на Благовештението.

Малиот вход означува почеток на проповедта на Спасителот за Царството Небесно. Поради тоа, ѓаконот го носи напред светото Евангелие. Големиот вход го означува доброволното одење на Исус Христос на Крстната смрт, за да ја принесе Искупителната жртва. За време на Божесвената литургија во спомен на тоа се принесува бескрвна жртва. Ако богослужбата е соборна, тогаш свештениците што сослужуваат носат крст, копје и лажичка или нешто друго.

Двете свеќи за време на сите три входови ја символизираат светлината на Христовото учење.

Јеромонах Јов Гумеров


Извор: http://agapi.mk/shto-oznachuvaat-zapalenite-sveki-na-vhodot/