Свети Роман и Пресвета Богородица

Зборот кондак (грчки kondakion) првенствено означувал свиток од пергамент со записи на црковни песни. Потоа тој означувал кратка црковна песна, која во себе содржи хвала за Господа Бога, за Мајката Божја или за светител. Понекогаш кондакот ја искажува главната содржина на црковниот празник.
Името на кондакот е поврзано со една случка од животот на свети Роман Слаткопевец. Тој бил родум од Сирија, а како ѓакон служел во Бејрут. При императорот Анастасиј I (491-518) служел во Константинопол, каде со тек на време станал псалт во црквата Света Софија. Но, не бил талентиран за пеење. Неуспехот го разжалостувал. Тој силно се молел на Пресвета Богородица. После долгите молитви тој ја видел во сон Пресвета Богородица, која му дала свиток и му рекла да го проголта. Кога се разбудил почуствувал вдахновение и тогаш го испеал својот познат кондак на празникот на Рождество Христово:

 „Дева денес Надсуштинскиот Го раѓа, И земјата пештера на Непристапниот Му принесува. Ангелите со пастирите славословат, Мудреците, же, со ѕвездата сопатуваат: оти заради нас се роди Дете Младо, Предвечниот Бог“.


Икос (грчки ikos – дом) ја обработува содржината на кондакот на поопширен начин. Кондакот задава тема, а икосот ја развива. Икосот, за разлика од кондакот, содржи специфичен припев (рефрен) и херетизми (од грчки – радујсја, радувај се), односно поздрави – „Радујсја“, кои го воспеваат оној, кому акатистот е посветен.

Јеромонах Јов Гумеров

Извор: http://agapi.mk/koja-e-razlikata-pomegu-kondak-i-ikos/