Одиме од полошо кон полошо. Нашиот критериум постојано се менува, исчезнува строгоста од минатото; порано луѓето регираа за најмали работи на телевизија, се укинуваа емисии, се затвораа канали, бидејќи луѓето беа соблазнети; многу луѓе простестираа заради своите деца, а сега никој не реагира, се прифаќа сè и тоа со радост. А во исто време ние се нарекуваме христијани. Што да кажам? Рекламираш еден парфем и до него ја ставаш сета голотија на светот; рекламираш еден автомобил и повторно ја ставаш сета голотија на светот; сакаш да купиш автомобил, а до него гледаш сексипилна девојка. Неверојатна психологија!

Сите овие работи се експлоатирааат во голема мера, влијаат врз психологијата на човекот, и во суштина немаат никаква почит кон човечката душа – ја разболуваат. Впрочем тие го знаат тоа. Знаат дека душата ти е ранлива и дека лесно може да се заведе, многу добро го знаат тоа, а целта им е душевно да те уништат.

Велат: „ако девојката ја ставаме блиску до нив, ќе биде фасцинантна, привлечна, и полугола, тогаш луѓето ќе се фатат на јадицата. Како што на рибата ѝ фрлаат мамка, така ни фрлаат и нам. За нив тоа е нешто позитивно. Но, зарем тоа е добро за мојата душа? И кој од нас протестира за тоа? Сите велиме: „Фала! Благодариме многу! Многу ни е убаво тоа што ни го кажавте, што нè учите…за сè сме во тек со вас!“ Архимандрит Андреј Конанос
Извор: http://agapi.mk/od-losho-kon-polosho/