(Крстопоклона)

 krst.svetlina.jpgСпаси ги, Господи, Твоите луѓе и благослови го Твоето наследство, победи на православните над противниците дарувај им, сохранувајќи го со Крстот Твој, Твојот народ.
Тропар

 Денес е ден на поклонение на Чесниот Крст. Сега е положен пред нас и сјае со сјајот на Христовото Воскресение. Да пријдеме и да го целиваме со голема душевна радост.
Утрена, Крстопоклона Недела

 Молитва:
 Господи, дај ни, без обзир на потешкотиите, од срце да се отповикаме на молбите на оние на кои им е потребна помош, заради Името Твое. Да напредуваме во сè што е богоугодно, со Чесниот Крст Твој како наш светилник и со благодатта Твоја.

 Читање од Светото Писмо:
 Послание до Евреите 4, 14-5, 6
 Свето Евангелие по Марко 8, 34-9, 1

 Созерцание: ...И им рече Исус: »Кој сака да доаѓа со Мене, нека се одрече од себе, го земе својот крсти и нека тргне по Мене«.
Свето Евангелие по Марко 8, 37

 

Подготви: А.Л.