markov.prezde11.jpg Во ова време на воздржание, Христе, Си засветлил со светлост на воздржание над оние кои во грев одат. Доведи нè до светиот ден на Твоето страдање, за да Ти пееме: Стани, Боже, и помилуј нè.
Утрена, втора недела од Постот

 Поуки од светите отци: ...И ќе размислите за секоја заповед и повелба Господова. Ќе се преиспитате еда ли сте прекршиле нешто или превиделе, та да се исправувате во сè.
Свети Григориј Палама

Молитва:
Боже, помогни ни да имаме Христолик дух и здив на љубов, ширум да се отворат дверите на Твојата Црква. Помогни ни со другите да дејствуваме во Твојата љубов, како едно семејство, едно тело, за како чеда Твои, да растеме во Духот на соборноста. Амин.

Читање од Светото Писмо:
Послание Евреите 3, 12-16
Свето Евангелие по Марко 1, 34-44

  Созерцание: Браќа, гледајте, да не би во некого од вас, да има лошо срце за верата, та да отстапи од живиот Бог.
Послание до Евреите 3, 12