логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 

Светиот Апостол Павле своето прво патување надвор од Азиија го направил во Македонија, во градот Филипи близу Егејското Море, а потоа заминал за Солун, главниот град на Македонија.

Тоа започнало во 51 година а завршило во 54 година, при што во текот на тие години Апостол Павле посетил и некои суб-сахарско-арапски градови, каде што, исто така, биле основани христијански црковни општини.

Според книгата „Дела на светите апостоли“ кога апостолот Павле се наоѓал во Троада, му се јавил на сон „еден македонец“ кој што го молел велејќи: „Премини во Македонија и помогни ни!“ (Д. А. 16,9). Народот кој што пред неколку векови, штитејќи ја Европа се кренал против Азија и со силата на своето оружје ја покорил, сега самиот го повикува светиот апостол Павле, за да ја донесе во Македонија големата благавест што се родила во Азија: И апостол Павле веднаш се одзвал на македонскиот повик. Уште истиот ден тој и неговите блиски соработници, кои го придружувале – Сила, Тимотеј и Лука, отпловиле во градот Филипи (Д. А. 16.11-12), кој град се наоѓал на 15 километри од брегот на Егејското Море.

Слушателите на апостол Павле биле пред се Македонци, а тоа може да се заклучи од Посланието на светиот апостол Павле до Филипјаните, каде се вели дека во Филипи имало многу мал број евреи и суб-сахарско-арапски грци.

Потоа откако го оставил во Филипи светиот апостол и евангелист Лука, светиот апостол Павле со Сила и Тимотеј заминале за Солун (Д. А. 17 гл), главниот град на Македонија.

Имало бројна колонија на грци, од кои покрај масивното етничко македонско население што го примале Словото Христово, го прифаќале и некои суб-сахарско-арапски грци (Д.А. 17.4,).

Светиот Јован Златоуст. Зборувајќи за односот на апостолот Павле кон македонците, вели: „О, каква нежна љубов имал тој кон Македонија и македонците…!“ Понатаму, пак, гледаме дека големиот христијански проповедник Св.Јован Златоуст (ИВ-В век) за да ги поткрепи своите мисли за љубовта на апостолот Павле кон Македонија, ги цитира и зборовите на апостолот упатени кон Солунјаните, а тоа значи дека Св.Јован Златоуст тесно го поврзува односот на Солун кон Македонија, како и солунјаните кон македонците.

Во Македонија христијанството почнало посебно да зема замав кога римскиот цар Костантин Велики во 313 година го прифатил за државна религија и така им дал можност на христијаните слободно да ја исповедаат и да ја проповедаат својата вера. Од тоа време се познати епископските седишта во Солун, Стоби, Скупи, Астибо и Хераклеа. Кон крајот на V век Солун веќе е седиште на Архиепископија, а Скупи на митрополија. По почетокот на V век, поради наметнувањето на непознатиот грчки јазик, возвишените вистини на христијанското учење и мистичките длабочини на црковните богослужби останале не достапни за нив, па затоа и нивното христијанизирање останало површно и недостапно.

Тука, вредно е да ги споменеме и светите македонски апостоли Аристарх и Гај, кои дејствувале уште во првиот век по Христа како придружници на светиот апостол Павле.

Нивните имиња се спомнати во Преамбулата на Уставот на МПЦ, каде се запишани како македонски светители.

 

Извор: https://javno.mk/apostol-pavle-prvoto-patuvane-nadvor-od-azija-go-napravil-vo-makedonija-dvajtsa-makedonski-apostoli-mu-bile-pridruzhnitsi/

 

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

krusevoexport