ЕУ - Водата веќе не е основно човеково право и сопственост!

Брисел - Европската комисија ја усвои директивата за водите, со која таа повеќе не е човеково прлво, туку концесијл, како што е градежното земјиште!

Европската комисија има направено многу опасна директива, со која правото на вода, всушност, повеќе не е човеково право, туку се третира, во правна смисла, како и градежно земјиште! Оваа вест предизвика конфузија во Германија, особено што резолуцијата на Зелените, со која оваа директива се забранува во Германија, е отфрлена, а веќе пристигнале и реакции од Хрватска, на која и се "насмевнува" тажната судбина заради ова.

Од Движењето "Окупирај ја Хрватска", порачуваат:

"Мислам дека ова е почеток на крајот на цивилизација, каква што ја знаеме. Мислам дека по ова на сите ќе им биде јасно дека познатиот Закон за стратешки инвестиции (во Хрватска, заб. на уред.) е само еден дел од ѓаволскиот план на сите оние кои го плаќаат огромното мнозинство на европските влади, значи нивните вазали. И мислам дека на сите ви е јасно сега зошто обичните, па и сите оние ирелевантни европарламентарци ќе имаат 8.000 € плата, со сите трошоци платени. Ние се уште не сме влезени во пеколот, иако сме први пред вратата - што може да се најде на профилот на ФБ на ова неформално левичарско движење ".
Оваа вест е крајно опасна и за Србија, која е богата со изворите на вода за пиење, бидејќи станува збор за спроведување на директивите од Брисел, со кои градовите и општините суштински се принудуваат да го приватизираат водоводот. Како што соопштува германскиот весник Suddeutsche zeitung, наведувајќи многу негативни искуства на Гренобл и Потсдам, кои ги раскинале договорите за приватизација со компаниите кои ги купиле нивните водоводи, бидејќи квалитетот на водата бил многу низок!


Тоа е логично, со оглед на тоа дека водата е апсолутно неопходен ресурс, и е апсолутен монопол гарантиран со самиот чин на купување.
Адвокатите во Европа, според Suddeutsche zeitung, сметаат дека со ова Европа отстапила од наследството на Римското право, според кое водата е "геѕ ехtrа commercium", односно, добро кое не може да се комерцијализира. Европската унија со ова станува во вистинската смисла на зборот, како што веќе забележал некој европски пратеник, Франкенштајн.

Извор:

http://kukuriku.mk/eu-vodata-veke-ne-e-osnovno-chovekovo-pravo-i-sopstvenost/