логоFacebookTwitterYouTubeeMail

Клајв Стејпл Луис


 


hristos.lik.jpg„Се восхитувам на смелоста со која некои луѓе се нафаќаат да зборуваат за Бога. Упатувајќи ги своите зборовите кон оние што не веруваат во Бога, нивната прва грижа е да го докажат постоењето на Бог врз основа на природни појави... Вообразувајќи си дека, со такви зборови, на читателите целосно им го докажуваме нашето тврдење, всушност им даваме повод да сметаат дека доказите во нашата религија се мошне слаби... Чудно е што ниту еден од светите отци не ја користел природата како доказ за постоењето на Бога.

Б. Паскал, Мисли,  IV 242, 243.

Ако до пред неколку години, кога сè уште бев атеист, некој ме прашаше: „Зошто не веруваш во Бога?“, мојот одговор ќе гласеше приближно вака: „Погледнете ја Вселената во која живееме. Во најголем дел таа се состои од празен простор, потонат во темнина и незамисливо студен. Телата што се движат во тој простор се толку малубројни и мали во споредба со самиот простор што би било тешко, дури и во случај некое од тие тела да е густо населено со совршено среќни суштества, да се поверува дека животот и среќата се нешто повеќе од случаен резултат на силата којашто ја создала Вселената. Всушност, научниците сметаат дека мошне мал број сонца во Вселената – а, можеби, ниту едно друго освен нашето – имаат планети. Се чини дека дури и во нашиот Сончев систем само на Земјата има услови за живот. Самата Земја милиони години постоела без живот и, можеби, ќе постои уште милиони години откако животот на неа ќе исчезне. А и додека го има  што претставува животот? Тој е организиран на таков начин што сите негови форми можат да егзистираат единствено ако се јадат едни со други. Кај пониските форми на живот тој процес води просто до смрт, но кај повисоките се јавува нов квалитет, наречен сознание. Како резултат на сознанието, кај повисоките форми животот може да биде проследен и со болка. Човекот предизвикува болка додека се раѓа, живее предизвикувајќи болка и најчесто умира во болка. Кај него, најсложениот од сите созданија, се појавува уште еден квалитет, којшто го нарекуваме разум. Разумот му овозможува да ја предвиди сопствената болка, поради што на неа ì претходи силни душевни страдања, да ја предвиди, исто така, и својата смрт, макар што истовремено силно ја посакува бесмртноста. Разумот, исто така, им овозможува на луѓето, со помош на стотици остроумни пронајдоци, да предизвикуваат неспоредливо повеќе болка, одошто инаку би можеле да предизвикаат како еден на друг, така и на бесловесните суштества. Таа своја способност тие ја развиле до совршенство. Нивната историја во најголем дел е хроника на злосторства, војни, болести и терор, со само толкава доза среќа меѓу нив, доволна да почувствуваат (додека таа трае) измачувачки страв дека ќе ја изгубат, а кога веќе ќе ја изгубат – да продолжат да живеат со горчлива рана од спомените. Одвреме-навреме тие малку ќе ја подобрат својата состојба, и тогаш велиме дека се појавува нешто што го нарекуваме цивилизација. Сите цивилизации престанале или ќе престанат да постојат, но додека постојат, самите си предизвикуваат некакви свои особени страдања, коишто се доволни да се елиминираат сите оние олеснувања коишто подобрената состојба, можеби, во почетокот им ги донела на секојдневните болки на луѓето. Никој не би го оспорил фактот дека нашата цивилизација постапува на таков начин, и никој не се сомнева дека и таа, како и оние што ì претходеле, веројатно ќе престане да постои. Но, дури и да не е така, каква полза од тоа? Човечкиот род е проколнат. Проколнат е и секој род, којшто се јавува во кој било дел од Вселената, зашто, како што нè учат, таа кога и да е ќе се претвори во еднообразен бескрај на еднородна материја со ниска температура. Сите истории ќе завршат во небитие за да, на крајот, се покаже дека сиот живот претставувал само минлива и бесмислена гримаса на идиотското лице на вечната материја. Ако ме повикувате да поверувам дека сето тоа е дело на рацете на еден милостив и семоќен дух, можам да ви одговорам дека сите факти укажуваат токму на сротивното. Или зад Вселената не стои никаков дух, или тој дух не прави разлика меѓу доброто и злото, или, пак, самиот тој дух е зол“. 
Никогаш, дури ни на сон, не ми паднало на ум да си поставам едно прашање. Јас воопшто не забележував дека самата сила и леснотијата на песимистичките аргументи нè става пред безизлез. Ако Вселената е толку лоша, или, макар, само наполу толку лоша, зошто луѓето нејзиното создавање сепак Му го припишале на еден мудар и добар Создател? Навистина, луѓето се глупави, но сигурно не до тој степен. Директното преминување од црно кон бело, од лош цвет кон добар корен, од бесмислено дело кон безгранично мудар Творец, ја поразува нашата вообразба. Гледиштето за Вселената, таква каква што ни се открива преку искуството, никогаш не би можело да послужи како основа за каква било религија. Значи, за сето време мора да постоело нешто поради што постоела религијата, добиена од друг извор.
Би било погрешно да одговориме дека нашите предци биле прости и дека поради тоа имале пријатни илузии за природата, коишто, пак, со развојот на науката постепено се распрснувале. Во текот на вековите, кога било нормално да се верува, веќе биле познати и кошмарниот бескрај и страшната празнотија на Вселената. Во некои книги може да се прочита дека во средниот век луѓето имале претстава дека Земјата е рамна, и дека ѕвездите се релативно блиску до неа, но тоа е измислица. Уште Птоломеј рекол дека Земјата е бездимензионална математичка точка во однос на растојанието до неподвижните ѕвезди – растојание коешто еден популарен средновековен текст го проценува на сто осумдесет милиони километри. А во уште постари времиња, всушност од самиот почеток, кај луѓето постоело истото чувство на застрашувачка огромност, коешто произлегувало од очигледни примери. За предисторискиот човек блиската планина сигурно била доволно неопфатна, а непознатото и страшното – коешто ние денес треба да го извлекуваме од мислите за космичките зраци и за сонцата што се ладат – секоја ноќ, душкајќи и завивајќи, се приближувало до вратата од неговиот дом. Несомнено дека болката и загубата на човечки животи биле подеднакво очигледни во сите времиња. Нашата сопствена религија потекнува од Евреите – народ стиснат меѓу големите воинствени империи, кој постојано претрпувал погром и поробување, запознат  како Полска или Арменија  со трагичната судбина на победениот. Чиста глупост е болката да се поврзува со откритијата на науката. Оставете ја за миг оваа книга и размислете неколку минути за фактот дека сите големи религии прво се проповедале и долго време биле практикувани во светот во кој не бил познат хлороформот.
Произлегува дека изведувањето на заклучокот за добрината и за мудроста на Творецот од текот на светските настани било подеднакво бесмислено во сите епохи, и нокогаш не било прифатено. (Односно, никогаш не се постапувало на тој начин при создавањето на религиите. Дури откако била оформена верата во Бога, природно се појавувале и различни „теодицеи“ коишто ги објаснувале или се обидувале да ги оправдаат животните несреќи). Потеклото на религијата е поинакво. Во она што следува, треба да се разбере дека јас, пред сè, не се обидувам да ја докажам вистинитоста на христијанството, туку да го опишам неговото потекло – нешто што, според мене, е неопходно ако сакаме да го поставиме проблемот на болката во правилен контекст.
Во сите развиени религии наоѓаме три елементи или основни линии на развојот, при што во христијанството има еден повеќе. Првиот елемент, како што го нарекува професорот Ото, е средбата со Натприродното (Numionous). На оние на коишто овој термин не им е доволно јасен, можеме да им го појасниме на следниов начин. Да претпоставиме дека некој ви вели дека во соседната соба се наоѓа тигар. Вие ќе почувствувате дека сте во опасност и веројатно ќе почувствувате страв. Но, ако ви кажат: „Во соседната соба има дух“, и ако поверувате во тоа, исто така ќе почувствувате страв, но од поинаков вид. Тој страв не е предизвикан од сознание за опасност, зашто никој не се плаши толку од самата помисла за тоа што може да му направи еден духот, колку од самиот факт дека се работи за дух. Тој дух попрво е таинствен, одошто опасен, и особениот вид страв што го предизвикува, може да се нарече Стравопочит. Со таинственото човекот се доближил до периферијата на Натприродното. Претпоставете си сега дека ви велат: „Во собата има страшен дух“, и дека сте поверувале во тоа. Вашите чувства во тој случај уште помалку ќе наликуваат на обичен страв од опасност, но шокот ќе биде посилен. Ќе почувствувате восхит, некаков трепет  чувство на неспособност да се справите со таков посетител, како и чувство на сопствена безначајност пред него – со еден збор, чувство што би можело да се искаже со зборовите на Шекспир: „Пред него мојот гениј се смирува“. Таквото чувство може да се опише како побожност, а објектот што го предизвикува  како трансцендентален, Натприроден.
Ништо не е посигурно од фактот дека човекот уште од најстари времиња почнал да верува дека во Вселената живеат духови. Професорот Ото веројатно премногу лесно претпоставува дека луѓето уште од самиот почеток кон таквите духови се однесувале со натприродна побожност. Тоа не може да се докаже од проста причина што при искажувањето на натприродната побожност и при искажувањето на елементарниот страв пред некаква опасност се користат исти зборови - ние и денес во подеднаква мера можеме да кажеме дека се „плашиме“ од духови и дека се „плашиме“ од покачувањето на цените. Затоа, теориски, е можно дека постоело време кога на човекот овие духови едноставно му изгледале опасни, и дека тој спрема нив се однесувал на ист начин како што се однесувал и спрема тигрите. Во крајна линија, денес е сигурно дека постои чувство за нешто натприродно, и дека можеме да го следиме тоа чувство далеку во минатото.
...
Ние не знаеме колку длабоко во човечката историја се родило тоа чувство. Првите луѓе речиси сигурно верувал во нешта коишто би го предизвикале истото чувсто и во нас, доколку би поверувале во нив, и затоа е мошне веројатно дека побожниот трепет пред натприродното е стар колку што е старо и самото човештво. Но нашиот основен интерес не е датирањето на тоа чувство. Важно е дека на еден или на друг начин се пројавило, дека е широко распространето и дека не исчезнува од сознанието со развојот на знаењето и со напредокот на цивилизацијата.
 Значи, тој побожен трепет не се појавил како резултат на создавањето гледиште за видливата Вселена. Не постои начин од обична опасност по логичен пат да се дојде до таинственото, а уште помалку до Натприродното. Вие можете да кажете дека е сосема природно првобитниот човек, опкружен со реални опасности и заплашен од нив, да го измислил таинственото и Натприродното. Во извесна смисла е така, но да се обидеме да појасниме што имаме предвид кога го велиме тоа. Вие тоа го сметате појмливо и природно, затоа што  имајќи ја истата човечка природа како и вашите далечни предци  можете да си ја вообразите аналогната реакција од ваша страна на осаменоста, обременета со опасности. Таа реакција навистина ќе биде природна во смисла што ќе соодветствува на човечката природа. Но таа ни најмалку не е „природна“ во смисла дека претставата за таинственото или Натприродното веќе се содржи во претставата за опасноста, или дека какво и да е чувство на опасност и на одвратност спрема раните и смртта, што произлегуваат од таа опасност, може да му даде макар и најблага претстава за ужас од призраци или за побожност спрема нанатприродното на човек кој не ги познавал пред тоа. Кога човекот преминува од физички страв кон стравопочит и побожност, тој очигледно прави голем скок и постигнува нешто коешто никогаш не би можело да „следи“, како што опасноста од физичката реалност води до логички заклучоци поврзани со таа опасност. Повеќето обиди да се објасни Натприродното претпоставуваат дека е тоа веќе објаснето  така антрополозите го пронаоѓаат во стравот од мртвите, без да објаснат зошто мртвите (несомнено, најбезопасните луѓе) треба да побудуваат толку чудно чувство. Во однос на сите такви обиди, треба да се каже дека стравопочитта и побожноста се чувства коишто мошне многу се разликуваат од стравот. Тие се присутни во интерпертацијата којашто човекот ја дава за Вселената или за впечатоците коишто ги добива од неа; слично како што простото набројување на физичките квалитети на еден убав предмет не може да ни ја пренесе неговата убавина, ниту, пак, на суштество без естетско искуство може да му даде макар и најслаба претстава за нешто што ние го нарекуваме „убаво“, така ни какво и да е фактолошко опишување на средината во која живее човекот нема да ја долови суштината на таинственото и на побожното, или макар само да ја навести. Се чини дека постојат само две можни гледишта коишто можеме да ги споделиме во врска со побожноста. Или се работи за искривување во човековото сознание, коешто не соодветствува на нешто објективно и коешто нема никаква биолошка функција, но не покажува ни најмала тенденција да изсчезне од тоа сознание, развивајќи се до своја полнота кај поетите, философите и светиите; или, пак, се работи за непосредно доживување на Натприродното, доживување коешто со право може да се нарече Откровение.   
Натприродното не се „покрива“ со моралното добро, и човек, обземен со побожност, може (доколку тоа зависи само од него) да го смета натприродниот објект за нешто што е „отаде доброто и злото“. Тоа нè води до вториот елемент на религијата. Сите историски познати личности признавале дека постои некаква моралност  односно, имале некаков однос спрема определени дејствија, искажуван со зборовите „морам...“ и „не морам...“. Таквиот однос само во една смисла наликува на побожност  имено, него не можеме да ги изведеме логички од светот што нè опкружува и од физичкото искуство на човекот што го доживува. Можете да го комбинирате со „сакам“, или „принуден сум“, или „би било подобро“, или „не смеам“, без да добиете ни најмало навестување на „морам“ и „не морам“. Обидите да се сведат моралните искуства кон нешто друго секогаш прво го претпоставуваат самото тоа што се обидуваат да го објаснат  така, еден познат психоаналитичар го изведува моралното искуство од преисториското таткоубиство. Ако таткоубиството предизвикало чувство на вина, тоа е затоа што луѓето разбрале дека не треба да го прават тоа  зашто, доколку не го разбирале во таа смисла, таткоубиството немаше да предизвика чувство на вина кај нив. Моралноста, слично на натприродната побожност, е скок, и како како резултат на тој скок човекот излегува надвор од сето она што може да е дадено во фактите на животното искуство. Моралноста има една карактеристика којашто е премногу лесно воочлива, за да може да се пренебрегне. Сите се еднодушни дека моралноста пропишува однесување коешто нејзините приврзаници во практика не успеваат да го исполнат. Сите луѓе подеднакво се осудувани не од некаков туѓ, туку од својот сопствен морал, и затоа сите го имаат чувството на вина. Вториот елемент на религијата е сознанието за моралениот закон, и тоа не обичен, туку таков морален закон кој истовремено е и одобруван и нарушуван. Таквото сознание не е ниту логичен, ниту нелогичен заклучок од фактите изведени од животното искуството. Ако не сме го внеле претходно во нашето сопствено искуство, нема да можеме да го најдеме таму. Тоа е или некаква необјаснива заблуда, или  Откровение.  
Моралното искуство е мошне различно од натприродното доживување, и тие може да постојат мошне долго време без да воспостават взаемна врска. Во голем број форми на паганство, почитувањето на боговите и философските расправи за моралноста немаат речиси ништо заедничко едно со друго. Третиот стадиум во развојот на религијата се јавува тогаш кога луѓето ќе почнат да ги поистоветуваат  односно, кога Натприродната Сила, пред која треперат побожно, ќе се претвори во стражар на моралноста, пред која се чувствуваат должни. Тоа, повторно, може да ви изгледа „најприродно“. Што може да биде поприродно за еден дивјак   обземен истовремено и со чувство на вина, и со чувство на побожност  од помислата дека силата, којашто во него предизвикува побожно чувство, исто така е и сила којашто го осудува како виновен? И навистина, за човештвото тоа е сосема природно. Но, во никаков случај не е и  очигледно. Вистинското однесување на светот во кој е присутно Натприродното по ништо не наликува на однесувањето коешто од нас го бара моралноста. Првото изгледа опустошувачко, жестоко и неправедно; второто ни налага спротивни квалитети. Поистоветувањето на овие категории не може да се објасни ниту со исполнувањето на нечија желба, зашто тоа никој не го посакува. Најмалку од сè посакуваме да видиме еден таков Закон, чиј чист авторитет и без тоа е неподнослив, вооружен со безбројни претензии на Натприродното. Од сите скокови, коишто човештвото ги направило во својата религиозна историја, тој чекор сигурно е најизненадувачкиот. Затоа и не е чудно што голем дел од човечкиот род го отфрлиле  неморалната религија и нерелигиозниот морал секогаш постоеле и ќе постојат. Навистина, еден единствен народ, како целина, со целосна решителност се одважил на овој чекор  ги имам предвид Евреите  но насекаде и во сите епохи имало големи личности коишто го правеле тој чекор, и само оние што го направиле, се слободни од ѕверствата и варварството на верата лишена од морал, или од студеното и жалното фарисејство на чистиот морализам. Ако судиме според плодовите, тој чекор е чекор кон подобрено здравје. И макар што логиката не нè обврзува на тој чекор, мошне е тешко да му се спротиставуваме  моралноста секогаш се пробива, дури и во паганизмот и во пантеизмот, па дури и стоицизмот неволно ја наведнува главата пред Бога. Ќе повториме  тоа, можеби, е лудост, вродена во човекот и необично успешна како резултат, но можеби се работи и за Откровение. Но, ако е Откровение, тогаш е најверојатно и најправедно дека сите народи се благословени во Авраама, зашто Евреите се тие коишто целосно и недвосмислено ги поистоветиле страшното Присуство, кое живее на црните планински височини и во темните облаци, со „праведниот Бог“ којшто ја сака „правдтата“ (Псалм 10:7).
Четвртиот елемент или линија во развојот на религијата е еден историски настан. Среде Евреите се родил Човек Кој тврдел дека е самото тоа Нешто коешто истовремено е и страшна појава во природата и извор на морален закон, односно дека е Негов син, или дека е „Едно со Него“. Таквата изјава е до тој степен шокантна (еден парадокс, дури и ужас, за кој лесно можеме да се прелажеме ако го прифатиме површно), што дозволува само две гледишта за Тој Човек. Или бил умоболен човек од крајно гнасен вид, опседнат со бладање, или, пак, навистина бил Она за што Самиот тврдел дека е. Не постои средна можност. Ако напишаното за Него ја прави првата претпоставка неприфатлива, ќе мора да ја прифатиме втората. А ако постапиме така, тогаш сето она што се тврди во христијанството станува веродостојно  дека Тој Човек, откако бил убиен, повторно оживеал; дека Неговата смрт, на начин недостапен за човековото разбирање, предизвикала вистинска промена во нашите односи со „страшниот“ и „праведниот“ Бог, и дека таа промена е  во наша полза.
Ако прашаме дали Вселената, таква каква што ја гледаме, изгледа како творба на еден мудар и добар Творец, или, пак, е плод на случајност, на рамнодушност или на зла волја  значи дека не ги земаме пердвид, од самиот почеток, сите можни фактори коишто имаат некаква врска со религиозниот проблем. Христијанството не претставува некаков завршеток на философска расправа за потеклото на Вселената; тоа е огромен историски настан кој се случил по долга духовна подготовка на човештвото. Тоа не е обичен систем во кој треба да се смести непријатниот факт за постоењето на болката  тоа само по себе е еден од оние непријатни факти кој мора да биде вклучен во секој наш систем. Во извесна смисла христијанството попрво го создава, одошто го разрешува проблемот на болката, зашто болката не би била проблем, ако не добивавме  преку нашето секојдневно искуство во овој свет полн со болка  добра потврда за тоа дека апсолутната реалност, всушност, е праведна и полна со љубов.
Јас, повеќе или помалку, веќе објаснив зошто тоа потврдување ми изгледа добро. Тоа не располага со убедлива сила на логиката. На секој стадиум од религиозниот развој, човекот може да се побуни, ако не на сила, тогаш во секој случај бесмислено, против својата сопствена природа. Тој може да ги затвора своите духовни очи за Натприродното, доколку е подготвен да се откаже од половината од големите поети и пророци на сопствениот род, од своето детство, од богатството и од длабочината на непристрасното искуство. Тој може да го смета моралниот закон за заблуда и со тоа да се одвои од општата основа на човештвото. Тој може да се откаже од поистоветувањето на Натприродното со праведното и да остане варварин, којшто се поклонува на сексуалноста, или на мртвите, или на животната сила, или на иднината. Но, цената што ќе ја плати за тоа е висока. А кога ќе стасаме до тој последен чекор, до историското Воплотување, уверувањето е посилно од кога и да е. Тој настан чудно наликува на митовите коишто биле присутни во религијата од самиот нејзин почеток, но истовремено се разликува од нив. Тој е непрониклив за разумот  не е можно самите да сме го смислиле. Тој е лишен од сомнителната a priori јаснотија на пантеизмот или на физиката на Њутн. За него е карактеристична привидна произволност и идиосинкратичен карактер со кој современата наука постепено нè учи да се помируваме со каприциозната Вселена во која од мали делови на просторот извираат непретсказливо големи количества енергија; во која брзината не може да биде неограничена и во која иреверзибилната ентропија му ја дава на времето реалната насока, а космосот, кој веќе не е ниту статичен ниту цикличен, се движи, слично на некоја драма, од еден вистински почеток кон еден вистински крај. А ако до нас воопшто и стасала некоја вест од суштината на реалноста, би било природно во неа да ја откриеме истата таква непретсказливост, истата своеволна, драматична заплетканост, какви што наоѓаме во христијанската вера. Таа го има грубиот, мажествен вкус на реалноста којашто не е создадена од нас, ниту, пак, е создаден за нас, но сепак ни боде очи.
Ако при таква состојба, или при уште подобра, го следиме курсот по кој е водено човештвото, и станеме христијани, пред нас се исправа „проблемот“ на болката. 

Подготви: д- р Драган Михајловиќ


(Извадок од книгата The problem of pain, од C.S. Lewis)

Посети:{moshits}

А. С, Бочаров, А. В. Чернишев

men.jpg

МОТИВОТ НА ДЕПРЕСИЈА
ВО ПОЛИФОНИЈАТА НА ДУХОВНИОТ ЖИВОТ

Нека не ни биде здодевно.
Галатјаните 6:9


Кога говориме за претераната желба на човекот да најде „духовен отец“, треба да се истакне дека тоа не претставува склоност само на хистеричните личности.

Раководејќи се со мотиви различни од мотивите на хистероидите, и околу вистинските и околу божемните духовници се собираат лица со депресивни црти на карактерот. За нив, „доминантен е стравот од губиток, манифестиран на различни начини  страв пред изолирачко дистанцирање, страв од незаштитеност и осаменост, страв од напуштеност. Тие бараат неограничена блискост и невообичаено силни врски што ги врзуваат со другите, зашто во тоа ја наоѓаат заштитата“ од своите стравови.

Треба да истакнеме дека „имавме среќа“ да воспоставиме блиски односи со верници со изразена депресивна акцентуација. Мора да признаеме дека воопшто не е едноставно да се комуницира со нив. Треба да се има не само особен такт, туку и силна внатрешна заштита, зашто тие несвесно се обидуваат да проникнат во сите сфери на животот на собеседникот, постојано поттикнувајќи го на отвореност со неочекувани знаци на особено расположение и внимание. Понекогаш тие долго време му се „вовлекуваат под кожа“ на избраниот човек, обидувајќи се да сраснат душевно со него, за да најдат  под сенката на неговите крилја  спокој за самите себе. Притоа, без оглед на тоа што многумина од нив мошне добро владеат со навиката за манипулирање со другите луѓе, самите лесно потпаѓаат под туѓо влијание и често стануваат жртви на безобѕирни личности, коишто ја користат нивната слабост.

Во нашиот случај, таквите безобѕирни луѓе се лажните пророци и лажните духовници коишто, да повториме, во најголем број се префинети психолози и манипулатори.

Степенот на изразеноста на депресивните растројства, секако, е различен. Почнувајќи од едвам забележлива склоност спрема созерцување, срамежливост, минувајќи преку претерана неодлучност и скромност, пасивност спрема животните ситуации, и завршувајќи со апатичност, меланхолија, малодушност, постојана празнотија и зачмаеност. Краен степен е  паѓање во грев на малодушност, целосна недоверба спрема Творецот, очај и, како граница  самоубиство .

На младите свештеници, коишто поради душевна простота и неразбирање дозволуваат таквите луѓе длабоко да навлезат во нивнот личен живот, не забележувајќи дека тие дури ни чевлите не ги избришале пред прагот  навистина им е тешко. Секако, целосната предаденост на таквите луѓе е вреден квалитет. Но, во дадениот случај таа предаденост, како прво, е погрешно насочена, и како второ, е претерана или, поточно кажано, несоодветна на конкретната ситуација. Сета активност на таквите луѓе е исполнета со длабоко сокриена тревога и со стравови, при што не е тешко да се уврди причината за тоа  стремежот за богоопштење. Нивниот страв, кој како постојан фон е присутен во целиот нивен живот, произлегува од недовербата спрема Бога. Последица од тоа е  потрагата по заштита. „Депресивните личности бараат зависност којашто дава надеж за сигурност.“ 

Наместо свештеник, како „донор“ може да фигурира секоја личност којашто е макар и малку силна. Еве една карактеристична ситуација.
Длабоко во ноќта чита молитва пред спиење. Неочекувано се огласува ѕвоното на вратата. На вратата стои В. и вели:
 Мора итно да разговараме!
 Влези...
 Долго размислував и дојдов до заклучок ... (длабока воздишка), дека сум подготвен да се откажам од дружењето со речиси сите мои пријатели (пауза). Очигледно е дека врските постепено ослабнуваат. Зашто да се одржуваат празни односи? Но, двајца-тројца сè уште се мошне важни за мене... (воздишка).
З. е заинтригиран: кого В. ќе го усреќи? 
 И? (вели З. збунето).
 Мислам дека моите односи со тебе се мошне блиски. Единствено тебе можам да ти се доверам...
 Имаш ли некаков проблем? Во прва прилика појди кај отец Н. Раскажи му, исповедај се.
 Вчера вечер бев кај него, разговаравме три часа. Тоа беше мошне сериозен разговор... Но... (воздишка).
 Што, малку ти беше?  се досетува собеседникот.
Итн., итн.

Да обрнеме внимание дека и овој разговор, и важниот разговор со свештеникот, се одвиваат во вечерно време, зашто токму тогаш се изоструваат сите проблеми на депресивните личности. Таквите долги разговори ретко водат кон подобрување на состојбата, бидејќи недостасува вистинската желба за извлекување од безизлезната ситуација.

Разговорот понатаму се одвива според типично сценарио, развлекувајќи се неколку часови. Притоа, В. е до таа мера обземен со своите проблеми, што околниот свет паѓа во втор план, се замаглува. Проблемите на неговата личност стануваат единствен повод за кој треба да се разговара.

Како една од најважните црти на духовниот портрет на депресивните личности може да се наведе вообразеноста, титанските усилби „да се стане свет со свои сопствени сили“.120 Таквите усилби единствено водат до брзи и длабоки разочарувања и го туркаат човекот во малодушност, состојба од која не може да излезе со свои сили (затворен круг). Оттука произлегува желбата да најде „помошник и покровител“, но, од одредени причини  меѓу луѓето. За жал, се игнорира (не на зборови, туку на дело) Помошникот, способен да го исцели секој човек кој ќе Му ја довери до крај својата душа.

Авторот на книгата „Невидливата борба“ во врска со тоа укажува: „Грешат оние коишто го сметаат за добродетел претераното очајување што се јавува кај нив по сторениот грев, не разбирајќи дека тоа произлегува од гордоста и суетата што се вкоренуваат во нив поради нивното преголемо надевање на самите себе и на своите сили. Зашто, размислувајќи за себе како за нешто доволно големо, тие презеле врз себе многу работи, надевајќи се самите да се справат со нив. Гледајќи, пак, потоа  од личното искуство на својот пад  дека не располагаат со никакви сили, тие се запрепастени, како да се среќаваат со нешто неочекувано, се двоумат и паѓаат со духот; зашто, го гледаат паднат и спружен на земја истиот оној кумир, односно самите себе, во кој ги полагале сите свои надежи и очекувања“.

Испитувајќи го подлабоко внатрешниот свет на својата душа, тие се плашат да си признаат на самите себеси дека се такви какви што се, кукавички истиснувајќи ја вистината од сознанието.
Без сомнение, тоа не е единствениот механизам за развој на депресијата. Но, ние ќе зборуваме за депресивни личности, за луѓе со конкретна акцентуација, склони кон реализацијата на укажаните механизми.

Карактерна психолошка особеност на развојот на депресијата може да се смета променето восприемање на времето.
„...Од страна на депресивните болни времето се восприема како закочено, забавено. Според степенот на продлабочувањето на депресијата, болните си повторуваат: Колку бавно протекува времето.“123 Причините за депресијата се длабоко сокриени од самиот човек во пазувите на неговата душа. Кај депресивните личности механизмот на самоизмама, на истиснување, функционира автоматски. Тие луѓе сакаат отворено да се сретнат со разочараност, со неуспех, со тага, со болка. Треба искрено да се каже: „Да, јас сите свои надежи ги полагав во тие односи (во тие постапки), но јас, токму јас се покажав слаб, неспособен, и затоа нема никаков резултат од сето тоа. Самодовербата ме доведе до крах, и јас гледам дека без Божја волја ништо не може да се направи.“ Современиот психотерапевт Д. Хел забележува: „Ако човекот нема сили да си признае себеси дека го изгубил она што за него имало особена вредност, тој се затвора, се оддалечува од целта, се стреми да најде нови ориентири. Со самото тоа тој се изложува на опасност да доживее нови губитоци и разочарувања поради своите нереални очекувања“.

Мошне важен фактор во делот на духовната рехабилитација на таквите парохијани е личноста на духовникот. Искусен и чесен свештеник, секако, ќе се обиде да направи сè што е можно за да му помогне на страдалникот (депресијата е измачувачка!), не заклонувајќи го притоа Христа. Но ако на патот на таквиот барател се најде човек склон кон манипулирање со другите, може да дојде до трагедија.

Треба да се има предвид и следново: депресивните личности, како и хистероидите, се склони кон идеализирање на луѓето околу себе, особено на оние што се важни за нив (нереален свет). А тоа е предуслов за создавање психолошка зависност. Дури и ако разберат дека со нив се случува нешто лошо, тие не се способни за „праведен гнев“, ставајќи ја својата зависност на прво место и плашејќи се да го пројават својот карактер (волевите квалитети на тој карактер понекогаш се веќе атрофирани). Кај нив агресивноста се пројавува во замаскирани форми (таа ретко е насочена кон надвор): во бесконечни тажења, лелекања, жалења на судбината, сето тоа проследено со длабоки воздишки. Сето тоа се прави со цел да се предизвика сочувство и сострадање. Понекогаш тие ги мешаат смирението и жалењето  поради сторените гревови  со својата депресија. „Зарем не знаете дека Бог ни заповедал смирение и понизност?“  велат тие понекогаш. Всушност, тоа нивно смирение е фиктивно и во негова основа лежи префинето самољубие. „Тие бараат гершки само во своето сопствено однесување, и постојано се зафатени единствено со самите себе“, трансформирајќи го понекогаш чувството на вина во самоказнување.

Од пројавеното чувство на жалење треба да се искристализираат плачот за гревовите, тагувањето по Бога, отфрлајќи ги, притоа, песимизмот, замосожалувањето, експлоатирањето на чувствата. Чувствата, исто така, треба да се „воспитуваат“, ослободувајќи ги од непотребните наслаги. Дури тогаш, на просветлените чувства, ставени во служба на духот, треба да им се даде достојно место. Зашто, нашите чувства претставуваат „повеќе од фундамент, на кој се гради разумот облечен во вербална форма. Нашите чувства потесно нè поврзуваат со другите, одошто нашите мисли.“

Како што тоа може да го направи и секоја друга болест, и депресијата може да доведе до подлабоко разбирање на својот живот и на својата предодреденост. „Сите големи отци на црквата, почнувајќи од Павле, преку Августин, па сè до Лутер, минале низ душевна катастрофа. Укажувам на тоа, зашто не сакам нивните доживувања едноставно да ги поистоветам со клиничка депресија. Тие ја доживеале својата несреќа како најдлабока вистина“, пишува еден западен истражувач.

Но, запнувањето во фазата на непродуктивно самообвинување, карактеристично за таквите луѓе, не води кон излезот од слепата улица. Верникот кој со напнатост постојано бара од самиот себе едно и исто, не може едноставно да си каже: „Да, јас го направив тоа“. А од тој миг, всушност, и започнува спознавањето на својата вистинска состојба. Се јавува и надежта на Божјата милост, без која човекот не може да расте духовно.  Да повториме дека таквите парохијани сакаат да му досадуваат на свештеникот со бесконечни разговори, често за една иста работа, понекогаш засладувајќи ги деталите на свои доживувања.


Ф. М. Достоевски забележал дека депресивните луѓе „дури и во самото чувство на понижување се обидуваат да најдат насладување“.
Депресивната состојба треба да биде сигнал, знак за узбуна дека во душевниот и во духовниот живот на човекот постојат сериозни проблеми.
Навистина, ние често „и не настојуваме да ја излечиме нашата душа, туку само одвреме-наверме земаме таблети за ублажување на болката, со што за краток миг престанува постојаната болка. Ние ја затапуваме таа болка со алкохол, со наркотици, со разонода, но не се обидуваме да се излечиме. Зарем така треба да се однесува разумно битие?“

На К. Г. Јунг му се припишува следниот извонреден опис на депресијата. „Таа наликува  вели тој  на дама во години, во црна облека. Ако се појави, таквата дама не треба да се избрка. Напротив, треба да се седне со неа на маса и да се ислуша што таа сака да каже.“ Друг познат психотерапевт препорачува да се прифати депресијата како таква, и по можност на болниот да му се помогне да го прибере духот, за да може да живее со неа. „Не се работи за тоа на страдалникот да му се нагласи неговото страдање туку, напротив, тоа страдање да му се претстави како огледален лик на неговото постоење коешто, во своето безумие, настојува да ги избегнува животните проблеми“

Несакањето да се води сериозен разговор со таа „дама“ води до обиди да се одржува каква-таква рамнотежа. Тоа обично се прави со нечија помош.
Современиот психотерапевт Еми Гут (Emmy Gut) гледа во депресијата „позитивна потенцијална сила во дејство. Таа се држи до ставот дека во депресивната состојба ситуациите на неуспех и на губиток може да бидат преиначени, зашто депресивната опустошеност принудува на мирување и истовремено нуди можност да се согледа она што изнурнува од потсознанието. Во периодот на депресијата, во тишината и спокојот, може да се развие нешто ново. Со самото тоа, депресијата може да стане продуктивна.“

Но, не треба да се запаѓа во друга крајност и да ì се радува на депресијата.

Се среќаваат случаи кога човек навистина ужива во својата депресивна состојба. „Стереотипните претстави за тоа дека човекот не сака лоши расположенија се крајно погрешни. Нурнувајќи се во состојба на депресија, човекот стекнува некакво чудно задоволство поради својата тага. Често чувствува дека има дури и некакво превасходство над луѓето исполнети со животна радост и веселба.“133 Меѓутоа, тоа превасходство е со мошне сомнителен квалитет. „Една млада жена го споредувала паѓањето во депресивна состојба со паѓањето во црна јама без дно. Гледаш удолу, во црна бездна: страшно, свеста ти се врти, а во исто време не можеш да го оттргнеш погледот и некоја несовладлива сила те влече таму, долу: „Оди таму  таму владее спокој“.134 Не треба да се заборава дека за православниот христијанин „единствената грижа, којашто е дозволена, е грижата заради своите гревови. Но, светиите повлекуваат јасна граница меѓу страсната грижа и таговната грижа заради гревовите. Второто чувство, според сведоштвото на светите отци, носи со себе мир и спокој, а првото – непријатност, тага или тревога.“

И „како што болниот не може да носи тежок јарем, така и малодушниот не е во состојба внимателно да ги исполнува Божјите дела; зашто кај првиот телесните сили се растроиле, а вториот останал без душевни сили (преп. Нил Синајски).

Како да се свесни за тоа, депресивните личнсти обично за собеседници избираат луѓе коишто се, од една страна, доволно силни и кои, од друга страна, нема да допрат до вистинските причини за нивната малодушност и депресија. А на тоа барање соодветстуваат семожни лажни пророци и „старци“, во чии беседи и совети понекогаш е сокриено суптилно додворување и се присутни елементи на игра и на лукавство. Тие ги држат „во форма“ оние што им пристапиле, но не им дозволуваат да погледнат на себе и на околната реалност. Да ги спомнеме тврдењата на некои психолошки школи (делумно, психоанализата) за тоа дека причините на невротичните страдања можат да произлезат од детските проблеми. Во писмата на преп. Амвросиј Оптински може да се најде укажувањето дека се работи за етиолошки (причински) фактори на депресија. „Еден ѓакон, којшто страдал од непозната болест проследена со тагување и со страв (депресија?  автори), го молел преподобниот Амвросиј да се помоли за него. Со своето духовно око старецот ја согледал причината на болеста што го измачувала и му напишал одговор: „Почеток и прва причина за вашата болест се детските гревови коишто, најверојатно, во свое време не сте умееле или сте се срамеле да ги исповедате!“ Според наше видување, тука е присутен истиот механизам: „недозволена грижа“ за гревот, желбата да се сокрие од самиот себе и од другите, оттука и стравот да се исповедаат своите постапки.
Човек којшто се нашол во ситуација на изнудено блиско општење со депресивна личност треба, се разбира, да биде внимателен. Како што гледаме, таквите луѓе се склони да ги украсуваат проблемите, да ја преувеличуваат  тежината на ситуациите и долго да говорат за нив на граница на искреност. Со умешноста да се дружат така таговно, депресивните луѓе потсетуваат на шизоидите, коишто до таа мера се потонати  слично на нашите јунаци  во својот внатрешен свет, што околната средина за нив станува речиси неважна. И воопшто, шизоидната акцентуација отворено соодветствува со карактеристиките на депресивните личности.138 Затоа и спрема крајно личните раскажувања треба да се однесуваме мошне внимателно. Не треба да се заборава на ранливоста и на зависноста на тие луѓе. Св. Филарет Московски предупредува: „Личната искреност, којашто човек не е подготвен да ја бара во изобилство, треба да се прифати како резултат на слободно расудување, со такво уважување и со страв Божји, со кој треба да се прими тајната на христијанската душа, која е Божја“.139 Инаку, може да дојде до „интоксикација со тајната“. Таквата блискост здосадува, интимното се обезбојува, станува банална.
Игуменот Евмениј (Перистиј) го дава следниот совет на пастирите: „Најважната работа е  животот на таквиот човек да се исполни со смисла. И ако духовната смисла на постоењето за таквиот човек се покаже висока и премногу тешка, тогаш радоста на живеењето во жртвеното служење на другите луѓе, радоста на целосното дарување на самиот себеси на другите, може да даде надежен излез од депресивната темнина. Убеденоста дека е добро да се дава, да се биде од полза на другите, светот да се прави подобар за другиот  на човекот му дава нов, моќен извор на смисла. Сличен потенцијал за извлекување на човекот од депресивната темнина на светлината на одговорно однесување спрема самиот себе и спрема околината може да претставува и творештвото. Создавање нешто ново од страна на човекот, нешто што се истакнува со новина или красота и хармонија, претставува силен противотров за чувството на депресивна бесмисленост“.

Треба да се признаат уште две работи во врска со таквите личности. Како прво, во духовна смисла, тоа е една од најтешките категории на парохијани. Како второ, како што веќе укажувавме, токму од нивната средина произлегува најголемиот број самоубијци. „Луѓето коишто имаат суптилно душевно устројство, големо честољубие и префинетост, или страдаат од меланхолија, или завршуваат со самоубиство. Тие и самите се чувствителни, а ѓаволот ги прави уште почувствителни... Зашто, ѓаволот им попушта на нивните наклонетости.“141 „Тешкотијата“ на тие луѓе е во тоа што, наоѓајќи се во состојба на очај (тоа се искажува преку своевидна мимика, со загрижена маска на лицето, со воздишки и сл.), па дури и искажувајќи помисла за самоубиство, тие покажуваат активно спротиставување на сите обиди на луѓето што се околу нив да им помогнат да излезат од ситуацијата, да се помират со реалноста, да растат духовно.

Ако човекот во сите ситуации во кои се наоѓа гледа само причина за своите страдања и не умее да прифати дека сето она што му се случува доаѓа од рацете на Творецот, тој ќе паѓа со духот при секој неуспех. Преподобниот Антониј Велики расудува вака: „Состојба во која некој се наоѓа без своја волја и не со драго срце, за него претставува темнина и казна. И така, биди задоволен со тоа што го имаш, инаку, пренесувајќи ја таа своја состојба без благодарење (со незадволство, без своја волја), ќе станеш тиранин на самиот себе, без да си свесен за тоа“.

Оваа светоотечка теза најдобро ја објаснува разликата меѓу „осаменоста“, којашто претставува проблем на сето човештво, и „болеста на осаменост“, којашто, фактички, означува крах на идеалните претстави за животот, раскинување на илузорните врски коишто некогаш изгледале мошне важни. Кризата на семејството, безвредното друшто, меланхоличното чувство за нешто светло, чувството дека на никого не сте му потребен, нереализирани творечки способности... Душата се обеспокојува и паѓа во очај.

На прашањето „како да живеам“, преподобниот Амвросиј Оптински одговорил: „Живеј без да се жалиш, никого не осудувај, никому не досадувај, и почитувај ги сите“. Биографот вака го објаснува овој шеговит одговор: „Ако посериозно се задлабочиме во оваа поука, ќе можеме во неа да ја согледаме подлабоката смисла. „Не жали се“  значи срцето да не се занимава со грижи и неуспеси небитни за човекот, туку да се насочува кон Единствениот Извор на вечната сладост  кон Бога; преку тоа човекот и при безбројни и најразлични неприлики може да се успокои, помирувајќи се со нив, односно смирувајќи се.“

Секој човек има некакви позитивни квалитети. Некој „од раѓање“ е несреброљубив, некој е кроток и попустлив. На секој тип личност соодветствуваат одредени карактерни црти коишто со успех можат да се применат во извршувањето добри дела. Преподобниот Серафим Саровски во својата позната беседа за целта на христијанскиот живот, го споредува животот со пазар на кој треба да се изложи најдорбата стока. Би било чудно, имајќи полн дуќан со чоја, да одмавнеме со раката и да се обидеме да „направиме бизнис“ со галоши, коишто во дадениот миг тешко дека ќе можеме да ги набавиме, а и тешко дека ќе можеме да ги продадеме. Секој човек треба да знае за кое добро дело најмногу е расположен. Притоа не треба да заборава дека стоката, којашто ја има во изобилство, и којашто се добива како дар (вродените својства), е мошне ефтина. А тоа што недостига ќе се продаде по повисока цена. Човекот што никогаш не водел сметка за пари, може спокојно да даде милостиња на бедниот или да даде позајмица на некој далечен познајник. Но ако тој се тресе над секоја пара, ако е скржав и ако на никого не дава на заем, тогаш секоја, дури и најмала жртва, дадена од сè срце, ќе се цени мошне високо. Така, користејќи се со вродената склоност за добри дела, човекот треба да ги знае своите силни и слаби страни, и да се труди околу нив.

Луѓето со депресивно устројство на својот карактер ги имаат квалитетите на еден христијанин, како што се сконцентрираност, склоност спрема задлабочување и созерцување. Кај нив е присутно длабоко доживување на својата вина. Воопшто, тоа се луѓе со длабоки чувства, со богат душевен свет, склони кон возвишени размислувања. Во секое дело тие се стремат да ја достигнат неговата длабочина. Поради тоа, тие брзо паѓаат во малодушност, им недостига надеж и смелост да се радуваат.

Ако самољубивите хистероиди и горделивите шизоиди треба почесто да го користат таквото ефикасно духовно оружје какво што е самопрекорувањето, депресивните личности, коишто веќе владеат со него (макар и во искривен облик), треба почесто да прибегнуваат кон мислата за величието Божјо и за Неговото милосрдие, за да ја негуваат надежта во себе.

Според учењето на светителот Тихон Задонски, „под терминот христијанска надеж треба да се подразбира чувство што го има еден христијанин кога тој со својот ум, срце и волја се препушта на едниот Бог, на Неговата највисока премудрост, совршената љубов спрема човекот, семоќноста и праведниот суд.“145 На опишаниот тип луѓе им е својствен сериозниот однос спрема своите обврски, па макар и да се работи главно за оние обврски коишто реално го интересираат. Не е толку важно што притоа тие често застануваат на половина пат, што ги обзема песимизам и што креваат раце од сè. 

Ако тие ја надминат својата лабилност и склоност спрема грижи, ако се научат да го слушаат гласот на совеста и ако почнат да се надеваат во Бога, кај нив се отвора прекрасна можност да станат вистински христијани.

 Подготви: д-р Драган Михајловиќ

 ОГЛЕДИ ОД СОВРЕМЕНАТА ЦРКОВНА ПСИХОЛОГИЈА(Iдел) 

 

 

Посети:{moshits}

 

men.jpg

 

А. С, Бочаров, А. В. Чернишев

 

ПОРТРЕТ НА ХИСТЕРОИДНА ЛИЧНОСТ
ВО ИНТЕРИЕРОТ НА ПАРОХИСКИОТ ЖИВОТ


Во денешно време се одвива чудна замена на религиозни поими. Ексцентричноста се прифаќа како повисока духовна сила, а обичната сентименталност  за умилност и љубов.

Епископ Арсениј (Жадановски)

 

Хистероидни личности се особена, многубројна и забележлива група верници. Секако, треба да се има предвид дека постојат повеќе степени на изразеност на хистеричните растројства. Распонот од благата нагласеност на некои карактерни хистероидни црти до изразита психопатија е  голем.
„На секојдневно ниво, хистеријата често се среќава не како болест, туку како одреден стил на однесување за кој е карактеристична силна емоционалност, театралност, самобендисаност... Хистеричниот човек мошне болно го доживува отсуството на внимание и се обидува да го предизвика (вниманието) не бирајќи средства, останувајќи често рамнодушен на негативната реакција на своето однесување. Човек со таква склоност едноставно може да им го расипе празникот на луѓето со кои е заедно, со некаква неумесна забелешка искажана со цел да го привлече вниманието кон себе. Со тоа предизвикува лутина и раздразнетост, но тоа за него во секој случај е попријатно отколку да не е во центарот на вниманието.
Некои хистероидни личности своите хистерични манифестации ги сметаат за знак на оригиналност и непосредност, и не само што не се срамат од хистеричноста, туку, напротив, на секаков начин настојуваат да ја култивираат во себе таквата емоционалност. Така, често може да се чуе како жените со гордост раскажуваат дека во одредени ситуации не можеле да ги контролираат своите емоции. Разбирливо, хистеријата стимулирана дополнително се развива и на крај преминува во вистинска и прилично сериозна болест.“95 
Кои се луѓето што избрале хистероиден стил на живеење? Секој од нас сретнал луѓе коишто, на барање да опишат некого, одговараат приближно вака: „Тој, тој е толку голем, просто страв да те фати!“ Или, пак: „Страшно многу го мразам!“ Односно, одговорот на прашањето е исполнет не со факти, туку со емоции.96 Секако, тоа се силни впечатоци, поврзани со лични доживувања, но тука наполно отсуствуваат факти и конкретна информација, што е карактеристично за хистероидните личности. Навистина, хистероидите си спомнуваат за нешто само преку емоции, и преку емоциите, очигледно, и размислуваат.  Тоа остро се разликува од деталното размислување на наметливите личности, опишании во делот „Гласот на песимистот“.
Ќе ја споменеме духовната страна на појавата.
Во основа на секое отклонување на човекот, кој е создаден во хармонија, но кој во себе ги носи последиците на првородниот грев, лежи гордоста како гревовен принцип, во нејзини различни варијанти и форми. Една од манифестациите на таа страст е славољубието. Тоа се карактеризира со крајна вообразеност, суета, неадекватна самооценка, зголемени претензии, склоност спрема самофалење, потреба за примање пофалби. На суетата и на славољубието им се блиски лицемерието, угодувањето на други, ревноста и завидливоста.97 Како што гледаме, описите на страста на славољубието и на хистероидната акцентуација речиси се совпаѓаат. Нашиот век е заплеткан во славољубие и се храни со него. Детето речиси од самото раѓање го учат да биде подобро и попаметно од другите, да ги истакнува своите способности и дострели, да мечтае за кариера и за богатство. Зголемувајќи ги претензиите, несоодветни на своите сили, човекот во себе раѓа конфликт меѓу сакам и можам. Тоа е директен пат кон неврози меѓу кои, како најчести, се издвојува хистеријата.98
Митрополитот Антониј Сурошски особено ја истакнува артистичноста во однесувањето на хистероидите: „Во хистеријата се присутни моменти на комедијантство, на лагата, на играта и сл. Таквите психички расположенија, се разбира, се погубни за духовниот живот, зашто за вистината останува мошне малку простор; човекот толку многу се вплеткува во сопствената комедија, што му е тешко да стои искрено пред Бога. Ако и дојде да се исповеда, тој може и да ја каже сета вистина, но во однос на таа вистина тој ќе се восхитува на самиот себеси колку драматично опишува какво ѓубре е тој. А тоа веќе не е исповед, туку е нешто сосема бесполезно. Човекот не може да се кае ако, исповедајќи се, гледа под око и си мисли: „Каков впечаток ќе оставам? Зарем не е запрепастен од ужасите што ги опишувам?“99
Хистероидните личности секогаш се напред, на „бел коњ“. Донесуваат брзи одлуки за одредени работи, и ако решат нешто, тоа задолжително и го остваруваат. „Тие отворено се стремат кон промени и кон слобода, тежнеат кон нешто ново и рискантно, пред нив се отворени шансите и можностите на иднината“.100 Како што гледаме, оваа класична слика на акцентуација (односно пренагласување на обични карактерни црти, присутни кај многумина) се среќава мошне често. Хистероидите во голема мера се зависни од мненијата на луѓето од нивната средина, бидејќи славољубието сака да се демонстрира. „Мнението што другите луѓе го имаат за нас е она огледало пред кое позираат речиси сите, без исклучок. Човекот се преправа дека е онаков каков што тој сака да биде, за да биде забележан. Вистинскиот човек, онаков каков што е во реалноста, не му е познат на никого, вклучувајќи го често и самиот тој човек, и тој живее и дејствува како некаква измислена и украсена фигура.“101 
„Кај хистериците е силно развиено чувството на одмазда; тие се склони различните искуства да ги драматизираат. Божественото искуство лесно се заменува со лично; сопствените желби со леснотија се прикажуваат како желби на Господ. На таквите луѓе им е неопходна зависност, свртеност спрема силен собеседник-водач, кој би им давал самовоздржаност и би ги ограничувал“.102
Јадрото на нивниот карактер е „егоцентричниот мотив да се наоѓаат во центарот на вниманието во сите меѓусебни односи“103 или макар да бидат блиску до центарот на вниманието. Во практиката на црковниот живот тоа значи да се биде поблиску до духовникот, да се биде негова „десна рака“.
Сите феномени на хистероидниот карактер се формираат врз основа на таа „желба за признание“.

„За фалбаџија не е потребен нож:
нему само малку угоди му,
и ќе можеш да правиш со него што сакаш.“
Булат Окуџава

Понекогаш таквиот човек бара нетрадиционални варијанти на однесување во општеството. Тоа не се сведува само на предизвикувачки постапки и на нападна облека. Да се биде активен член на парохиска заедница, при општ скептичен однос спрема религијата, исто така не е лоша варијанта. Главната работа е да гориш посилно, за и на другите да можеш да им бидеш светило.

Една девојка од преминувањето од протестантска во православна заедница направила вистински спектакл. Таа повикала еден пар, којшто одел во православен храм и кој не насетувал што се крие зад поканата, да присуствува на редовна средба на подмладокот, и пред сите објавила дека ја напушта заедницата. Природно, браќата протестанти почнале да се интересираат за причините: „кажи ни, дали се однесувавме лошо спрема тебе?“ се обидувале да ја разубедат, фалејќи ја притоа. Таа сепак за последен пат ја отпеала својата сакана христијанска песна и ја напуштила заедницата. Во православниот храм девојката уште во првиот ден настојчиво барала да пее на клиросот, предупредувајќи дека, во спротивно, може да се случи повторно да се врати во протестантската заедница.

Впрочем, постои „уште една, прилично искривена форма на славољубие  гордеење со своите недостатоци. Така, често се случува да слушнеме како некој гордо вели: Јас сум едно големо ѓубре...“104 Уште почесто со такви нешта се среќава свештеник кога парохијаните (почесто парохијанките) велат за себе: „Оф, отец, јас сум еден голем грешник!“ Но, зад тие зборови не стои некое големо покајничко чувство, туку истата она славољубива желба за издвојување од другите, за привлекување внимание. Имено, таквите луѓе се раководат со принципот: „Ние сме подготвени да бидеме сакани или мразени, но не ја проштеваме рамнодушноста спрема нас.“105
Во еден „човекољубив“ холивудски филм главната хероина (настапувајќи како позитивна личност, којашто несомнено предизвикува сочувство) се „исповеда“ дека е виновник за престап кој таа не го сторила, со единствена цел да го привлече вниманието кон себе. Таквите нешта не се среќаваат само на филм. Психотерапевтот С. А. Белорусов укажува дека „во аналите на судската психијатрија се опишани дури и самообвинувања за несторени престапи, изречени од таквите луѓе со една единствена цел  да обазбедат општествен резонанс околу сопствената персона“.106
Тие луѓе не се способни за лесни степени на емоционално доживување. Нивните чувства секогаш се усвитени и преполнети. Тие со задоволство ги примаат сите работи „блиску до срцето“, при што не сакаат нештата да ги доживуваат сами, туку задолжително опкружени со сочувствителни погледи.
Особено често хистероидниот тип се среќава во однесувањето на жените. Затоа свештениците, особено младите, често се чувствуваат непријатно. Во еден современ роман е опишан јасен пример на таквото однесување. 

„Претседателката на парохискиот совет Елисавета Ивановна, убава жена на возраст од триесет и пет години, со тенки нацртани веѓи, во елегантен костум, се обидува да флертува со младиот свештеник, штотуку дојден во парохијата. По откажувањето на свештеникот да ноќева во домот на претседателката, таа му соопштува дека во храмот постои просторија за одмор:
 Ја гледате ли вратата? Зад неа се скали коишто водат угоре. Таму има една ќелија... Можете да погледнете. Само, простете, јас нема да Ве водам горе. Сепак, јас сум жена... Тоа би било мошне недолично...
Свештенкот избувнува:
 Елисавета Ивановна, сега нема да говориме за доличност.
 Зошто?  праша таа со лажно наивен тон. А каде на друго место, ако не тука, треба да се говори за доличност?
 Тука се зборува за гревови.
 Може и за гревови. Јас би можела да ви раскажам многу изненадувачки нешта.
_ Сè што би можеле да ми кажете е старо колку и светот. И ништо инересно за мене нема во тоа.
 Не ми паѓа ни на ум. Впрочем, гледам дека не сте расположени за разговор за гревови.
 Необичен начин да се разговара со свештеник...
 Сешто се случува, батјушка, сешто се случува!“107
 
За таквите луѓе може да се каже дека немаат „внатрешна потпора“, и дека нивното однесување „силно зависи од факторите што постојат во дадена ситуација, делумно и од вниманието на присутните“.108 Тоа што таквите луѓе брзо подлегнуваат на заводливоста на авторитетни личности, меѓу кои и свештеници, е условено од зголемената сугестивност, од склоноста спрема „митското и мистичното осмислување на реалноста“.109 Има случаи кога млад свештеник, кој само што започнал со службувањето, станува жртва на средината којашто од него прави кумир. Свештеникот не успева да се оттргне и пропаѓа во виорот на славата. И често само Господ може да го запре тој виор, испраќајќи грижи и искушенија на свештеникот за да го доведе до покајание.
Истражувањата покажале дека хистероидите често се нескротиви фантазери. Нив им е „досадно“ да живеат во светот што ги опкружува и се стремат да го променат со својата фантазија. Еве еден случај, на кој бевме сведоци:

Еден млад послушник, сакајќи да го привлече вниманието, почнал да раскажува за настан којшто божемно се случил во неговиот живот, кога за малку не го каснало некое куче. Тој успеал да се спаси благодарение на кратката молитва што ја кажал. Деталите од описот на настанот целосно се совпаѓале со епизодата од животот на преп. Силуан Атонски.110 По неколку минути, послушникот признал дека неодамна ја прочитал книгата за тој светија.

Секогаш е интересно да се слушне како луѓе со слични квалитети ги пренесуваат настаните, извртувајќи ги очигледните факти поради желбата да владеат со ситуацијата, влијаејќи врз слушателите.
Еден почитуван човек секогаш со сомнеж се однесувал спрема таквиот квалитет на својата сопруга, која постојано ги интерпретирала настаните така да биде по нејзино. Тој тврдел дека на прашањето: „Колку е часот“, ако часовникот покажувал, на пр., 08.30, таа одговарала: „Осум и дваесет и пет“, или „осум и триесет и пет“.
Според веродостојна забелешка на истражувачите, поминаа времињата кога хистериците при напади се виткале како лак. „Во денешно време голем број психијатри укажуваат на тоа дека хистеричните реакции сега ретко се проследени со брутални (отворени и груби) манифестации, и тие сè повеќе се забележуваат во суптилен и диференциран вид“.111 
За развојот на славољубието и на демонстративноста особено придонесуваат „јавните“ професии како што се говорник, глумец и сл.
Елементи на јавност има и во служењето на свештениците. Така, млад пастир, склон кон славољубие (хистероидно однесување), лесно може да се фати во стапицата на младостарчеството. Како опасни (и првични) симптоми за такво нешто може да се сметаат излишното внимание на свештеникот за својата свештеничка облека, стремежот да им кажува поуки на луѓето (при што не е важна самата поука, туку околностите во кои таа се кажува), склоноста да се восхитува на самиот себеси, пресметливоста, зависноста од туѓото мнение, непотребниот стремеж да наредува: „ова прави го, тоа не прави го“. За таквиот човек чинот на ракополагање може да значи исполнување на неговите високи претензии. Таквите свештеници, според зборовите на митрополитот Антониј Сурошски, „вообразуваат дека со ракополагањето станале поумни, поискусни, и дека станале способни да ги разликуваат духовите, и ... немајќи уште доволна духовна зрелост, немајќи го дури ни она духовно гледање коешто се стекнува од лично искуство, сметаат дека научиле сè што е потребно за да го земат покајаниот грешник за рака и да го поведат од земјата кон небото.“
Треба да се нагласи дека стремежот кон лажното духовништво најчесто се среќава токму кај хистероидите. „Некои луѓе, коишто се претставуваат како пророци и на драматичен начин влијаат врз средината, всушност се личности со хистерична природа. Оној што дејствува премногу лесно и со задоволство, со самото тоа попрво открива психички недостатоци одошто вистински призив.“113 Чувствувајќи внатрешен поттик, понекогаш недоволно јасно спознаен, таквите луѓе настојчиво бараат водач. Некои од нив од грубите девијации ги спасува искрената желба за лична промена, но многумина наоѓаат слични на себе, фаќајќи се во мрежите на лажните учители со семожни бои.
Уште еден аспект на хистероидната личност е нереалниот свет во кој тој живее. Психолозите знаат колку е понекогаш тешко да се добие детален одговор од хистероидна личност, зашто таа не е во состојба интензивно умствено да се концентрира, и повеќе се ослонува на својата интуиција и инспирација. 
Стремежот да го слуша внатрешниот глас (а тој е склон да му се довери), и несакањето (неможноста) да ги проверува сите негови совети со помош на разумот, можат лошо да се пошегуваат со хистероидниот тип. А ако се додаде тука и начинот на спознавањето со помош на брзи, пасивни впечатоци („Да, јас веќе сè разбрав“), тогаш станува јасно какви заклучоци изведуваат таквите луѓе од површното запознавање со аскетската литература. Интуитивните претчувства и површните впечатоци за таквите луѓе претставуваат превладувачки механизам на нивната спознајна активност. Не е едноставно да се општи со хистероиди, поради нивната обземеност со желби, поради импулсивноста, постојаниот стремеж кон моментално задоволување на своите потреби. „Идеалните ставови ги тераат да ги пренебрегнуваат логичноста и последователноста на своите дејствувања.“114 Уште потешко им е да одат по патот на духовниот раст. Навиката да живеат со површни впечатоци е толку силна што не им дозволува да проникнат длабоко во смислата на светоотечкото учење за спасението. Нив им е полесно да почнат да ги собираат делата на светите отци и книгите за нив, убедувајќи се притоа дека во интериерот, во кој полиците на витрините се исполнети со духовна литература, и самите тие стануваат духовни.  
Уште еден психолошки феномен, карактеристичен за дадената категорија луѓе, објаснува зошто се тие склони да бараат „необични“ духовни раководители. Се работи за тоа дека хистероидниот тип луѓе се склони кон напрегнато внатрешно очекување на својот „принц“ кој ќе дојде на бел коњ и ќе ги разреши сите нивни проблеми. Притоа, тие ги проектираат ликовите на светите подвижници од аскетската литература на луѓето што ги опкружуваат. А нивната склоност спрема романтична љубов и приврзаноста им овозможуваат сличните црти да ги прифаќаат како целосен образ и да не ги забележуваат очигледните недостатоци.115
Пастирот строго предупредува: „Хистеријата претставува разложување на личноста, и таа ослободува огромно количество енергија, погубно поради својата разурнувачката сила, како што се случува при распаѓање на атомот.“116 Но, и покрај тоа, избавувањето од хистероидната сила не само што е можно, туку е и неопходно. Свештеникот „кој на таквиот парохијанин му одредува послушание, треба да ги избегнува излишните оптоварувања од физичка и од психичка природа. На хистерикот треба да му се забрани практикување на какви било излишни религиозни „подвизи“, долги молитвени правила, послушанија коишто го подгреваат славољубивото чувство на сопствената важност, нешта коишто за кратко време можат да предизвикаат „разгорување на крвта“, за потоа повторно да го втурнат човекот во мракот на малодушност поради спознавањето на сопствената непостојаност.
Цврстината и доследноста на духовникот при раководењето со такви луѓе даваат позитивни резултати. Во процесот на општењето е неопходно внимателно ампутирање на каприците, плачливоста и на лицемерието. Меѓутоа, луѓето со таков карактер, забележувајќи дека нивните измислици и нивната игра не предизвикуваат соодветен ефект кај свештеникот, лесно одлучуваат да најдат друг духовен раководител“.117 

(продолжува)

Подготви: д-р Драган Михајловиќ

ОГЛЕДИ ОД СОВРЕМЕНАТА ЦРКОВНА ПСИХОЛОГИЈА (II дел) 
 
Посети:{moshits}

Архиепископ Антониј (Голинскиј-Михајловски)

monah.prozor.jpgВерата и знаењето, религијата и науката се неразделни една од друга, но не се неидентични: имаат сосема различни цели, соодветствуваат на различни интереси на човековиот дух и на потребите на земниот живот. 
Христијанинот размислува за предметот на својата вера, знае во што верува и за што размислува. Христијанинот нема да се откаже од својата вера, макар што одредени нејзини категории не се совпаѓаат со некои научни гледишта. Христијанинот разбира дека секоја догма е предмет на вера, а не на знаење, дека сите догми не му се достапни на човековото поимање. Кога догмата ќе стане премногу разбирлива, се јавува сомнеж дека во содржината на догмата има нешто вметнато, дека во догмата не се содржи само Божествената длабочина. Доколку би било можно да се објаснат чудата, само по себе е разбирливо дека од нив не би останало ништо чудесно. Затоа ние христијаните веруваме дека чудото е натприродна појава којашто не подлежи на научна анализа и објаснување.  
Христијанските вистини ни се дарувани или од Самиот Бог, или преку избрани луѓе. Тие се содржат во Светото Предание, во одлуките на Собирите и во делата на светите отци. Вистините на христијанската вера се апсолутни, вечни. Ние не можеме ништо ниту да им додадеме, ниту да им одземеме, ниту да ги усовршиме или да ги дополниме. Православната Црква не го дели ставот на западните богослови дека христијанството, слично на другите сфери на човековата дејност, може да се развива па дури и да се менува. Ние, православните христијани, велиме дека богооткриените вистини се вечни, непроменливи и апсолутни. Ние можеме да го разложиме пченичното зрно на неговите составни делови, да ги набљудуваме и да ги спознаеме. Но, за онаа внатрешна енергија, за онаа животна сила која мора да е присутна во зрното и благодарение на која тоа зрно може да расте и да дава нови зрна, не можеме да кажеме дека е видлив елемент. Но, и без да ја видиме, признаваме дека внатрешната енергија на зрното навистина постои – скриена во секое семе. Ние знаеме дека постои разум во човекот, макар што и него не можеме да го видиме.
Верата, како основа на религијата, претставува психолошки факт, но таа не е лишена и од философски елемент. Св. Климент Александриски сметал дека философијата е дело на Божествената Промисла. Таа им била нужна на образованите древни пагани за да се раководат во правдата, таа била водителка на образованите Елини кон Христа, зашто ја претставувала вистината, макар и замаглено, нецелосно, делумно. Св. Всилиј Велики велел дека во философското учење е присутна сенка на откриените вистини, отсликување на светлината на Христовата вистина – слично на отсликувањето на сонцето во водата. Тој посочил на пчелите коишто собираат мед од различни цветови, дури и од отровни. На сличен начин треба да расудуваме и ние, христијаните.
Меѓутоа, противречностите меѓу христијанската вера и научното сознание се длабоки. Разидувањата може да се објаснат со фактот дека православната вера и науката се стремат кон сосема различни цели. Христијанската вера за свој предмет ја има сферата на духот. Таа се занимава со изучувањето и со откривањето на вистината и на оние појави и состојби кои ì се својствени на човечката душа. Не постојат само физички процеси, туку и психолошки, духовни, коишто непобитно се реални. Тоа, всушност, е онаа чисто духовна сфера којашто толку длабоко и сестрано ја изучувале светите отци и подвижници. Сознанијата до кои тие дошле имаат мошне големо практично значење, и претставуваат основа за христијанската теологија. 
Основната цел на христијанството, пред сè, е изградба на Царството Божјо на земјата, царство коешто не е од овој свет, преку остварување на Христовите заповеди во услови на земен живот. Ако некој христијанин во текот на својот живот го достигне исполнувањето на овие заповеди и ако тој, истовремено, е и голем научен работник – за него веќе не постојат противрешностите меѓу верата и знаењето, меѓу христијанската религија и науката. Логичката мисла [според својата суштина] е и богоносна. Апсолутното знаење е вистината за смислата на светот. Вистината е акт на апсолутното сознание. Историјата на минатите векови и на сегашното време сведочи дека научници-верници, коишто со своите важни откритија дале голем придонес за човештвото и коишто истовремено му останале верни на христијанството, ги имало многу, ги има и денес ... и ќе ги има и во иднина. Научниците-христијани во своите откритија ја гледале возвишената премудрост на Семоќниот Творец, и никакви научни сознанија не раѓале во нивните срца и во нивните умови противречности меѓу знаењето и верата, макар што им било јасно дека вистини на христијанската вера, коишто тие ги прифатиле, не можат да се докажат. 
Вдахновен од Светиот Дух, христијанинот ги цени, ги сака и ги чува вистините на православната вера и со помош на силата на верата – разбира. Христијанинот ја чувствува духовната сладост од сознанието дека владее со апсолутни, вечни вистини [како единствен скапоцен камен], спасителни за него (в. Матеј 13:45).

„Барајте го најнапред Царството на Бога и Неговата правда, и сè ова ќе ви се придаде“ (Матеј 6:33)
Пред многу години научниците тврделе дека атомот е неделив. Денес за науката не претставува проблем да ги разлага атомите на составни делови. Исправени се голем број слични заблуди. Ќе настапи време кога науката и христијанската религија ќе се соединат. Науката располага со семожни достигнувања и откритија, стекнати со усилбите на човештвото, а христијанската православна религија ги чува вечните вистини, дадени од Бога. Ако во некој временски период меѓу науката и религијата дојде до несогласување, тоа воопшто не значи дека, со многубројни идни откритија на науката, тие несогласувања ќе исчезнат. „Пророштвата (предзнаењето) ќе престанат; знаењето – ќе исчезне“ (в. 1 Коринтјаните 13:8)
Сиот свет се наоѓа во постојан процес на промени. Материјата во него постојано ја менува формата: ништо во природата не останува непроменето. Вистината е нешто што е вечно, бесконечно. Науката се занимава со она што може да се измери или изброи, но само конечното може да се измери или да се изброи. Со бесконечното не може да се завладее. Ние не сме во состојба дури ни да си ја претставиме бесконечноста. Христијанската религија учи дека Бог е бесконечен, но науката ја отфрла таа вистина од проста причина што ние не можеме да ја достигнеме бесконечноста.  
Науката не е апсолутна вистина, туку само барање на вистината. Космичкото устројство до падот во грев било сосема поинакво од денешното. Во него дејствувале закони на природата коишто биле сосема различни од законите коишто денес ги откриваме преку резултатите од научните експерименти. На научниците не им се познати повеќето од формите на постоечката космичка енергија, поради ограниченоста на научните знаења за животот, а исто така и од несовршенството на нашите пет сетила. Уште не се пронајдени методи и реагенси за откривање на она што им е недостапно на нашите сетила, и затоа нема никаква основа да се отфрла вистината што ни е дадена од Бога, само затоа што таа не може емпириски да се докаже.   
Ние сме сведоци на огромни достигнувања на науката и не можеме да негираме дека во иднина, како резултат на нови и нови откритија, ќе бидат пронајдени нови форми на постоење на материјата или нови видови енергија, и тоа такви суптилни форми за кои ќе мора да се зборува како за полуматеријални реалности. Самиот поим за полуматеријалноста во себе веќе ќе содржи признание и на нематеријалното. Тогаш ќе може научно да се потврди религиозната вистина дека, освен материјата, постои и чисто духовен принцип. 
Христијанската религија го гради своето учење на Божественото откровение; науката се заснива на изучувањето на природата. Природно е дека, поради различни задачи и методи, меѓу религијата и науката – површно гледано – постојат разномислија, но тие, по својата суштина, не си противречат едни на други. Научните податоци коишто досега се собрани, и кои во иднина ќе бидат добиени со заеднички напори на човечкиот ум, ќе содејствуваат во посакуваното приближување на науката и на религијата. Силата на знаењето и верата за најголема полза на човекот во неговиот труд и спасение се дадени од Бога.   
Срцето го чувствува Бога, а не разумот. На срцето му е својствено спознанието на живата реалност, што е спротивно на знаењето стекнато со помош на разумот – на интелектуалноста и на рационализмот. Христос сведочи дека срцето е орган на восприемањето на добрите и на злите намери. Преку чистотата на срцето христијанскиот мислител го гледа Бога и сета Негова правда. „Блажени се чистите по срце, оти тие ќе Го видат Бога“ (Матеј 5:8). Како што органот за гледање може да се извалка и да ја изгуби способноста да ја види светлината, така и органот со кој се восприема Бог – срцето, добрата совест – може да се онечисти и веќе да не го восприема Бога, полнотата на постоењето – вечнопостоечкиот Божји живот.
Достигнувањата на науката, којашто ја изучува природата, научните заклучоци и откритија придонесуваат за познанието на Св. Троица и на Неговата Премудрост дури и тогаш кога научниците го одрекуваат постоењето на Бога. Науката се обидува да ги пренесе мислите на Создателот на човечки јазик. Науката сè уште е многу млада, таа знае мошне малку. Односот на она што е изучено од страна на науката, и она што не е изучено е бескрајно мала дропка. Можно ли е човек да ја опфати со знаење сета Вселена, којашто во себе крие уште неброено многу неоткриени појави?
Нема основа да се мисли дека меѓу науката и христијанската религија за навек ќе постои противречност. Големиот научник Ломоносов имал негативно мислење за оние научници коишто науката ì ја спротиставувале на религијата. Во својот дневник тој напишал дека меѓу науката и религијата не може да постои антагонизам, како што не може да постои антагонизам меѓу математиката и граматиката. Ломоносов напишал и две оди за утринско и за вечерно величење на Бога. Голем број научници верувале во Бога.  
Науката не докажала и нема да може да докаже дека Бог не постои. Не постои научен светоглед, научна философија којашто ја докажала невозможноста на постоењето на Бог. Од православна гледна точка, во рамките на науката не може да се оформи природно учење за нужното. Во рамките на науката не може да се оформи учење за суштото. Овој недостаток го пополнува големата христијанска религија, којашто ги чува големите духовни вистини, восприемани со срцето и со умот, коишто имаат морална примена во животот на човекот и на човештвото. Научниците, интелигенцијата, работниците, селаните – сите се поделиле и се делат на оние што веруваат и на оние што не веруваат во Бога. Но, изворниот принцип на сите и на сè е – религијата.  
Вистинската православна религија не претендира да се меша во земните економски, политички и стопански работи. Исус Христос рекол: „Кој Ме поставил ... да ве делам“ (Лука 12:14); „Дајте го ќесаревото на ќесарот“ (Лука 20:25). Но, исто така, реколи и „Не пречете им (на децата) да доаѓаат при Мене“ (Матеј 19:14); „Царството Божјо е во вас внатре“ (Лука 17:21); „„Барајте го најнапред Царството на Бога и Неговата правда“ ... Со слободна волја човекот – како слободно битие – може да се одвои од изворот на животот [Бога], од полнотата на постоењето, и во тоа одвојување постои безгранична мака – вечна духовна смрт. Тоа е премин о дживот во смрт, од полнотата на постоењето во непостоење (в. Откровение, 21:7-8). Човек отпаднат од Бога е бесконечна, вечна смрт.  
Исус Христос е патот кон вистинската слобода, братство и еднаквост, кон полнотата на постоењето. Оние што не живеат во Исус Христос, со добра совест, коишто не ги почитуваат Неговите Евангелски заповеди за љубовта спрема Бога и спрема ближните, ќе бидат фрлени во темнина надворешна, апсолутно туѓа на Христа Бога, туѓа на вечниот живот во општење со Бога и со сите разумни битија.. Според учењето на Исус Христос, Бог се воплотил во светот, а разумното човештво мора слободно, доброволно да ì се приклучи на Божествената полнота на животот. Бог е живот. Смртта е отуѓување од Бога. Бог е љубов којашто го исполнува животот. Доброволната смрт на Исус Христос за сиот човечки род повторно ја воспоставила врската на човештвото со Бога, со вечниот живот во Бога. Богочовекот Исус Христос го води светот кон полнота [на животот], кон вечна радост во Бога – преку борба со гревовите и со страстите и со лошите помисли. „Јас Сум патот, вистината и животот; никој не доаѓа при Отецот, освен преку Мене“ (Јован 14:6)
Амин.
"Духовный Собеседник"  1(41) • 2005 год

подготви: д- р   Драган Михајловиќ

 

stefan.sandzak.jpg

Отец Стефан  Санџакоски

Доколку Бог постои, - а за мене неговото постоење е безсомнежно –
тогаш Бог безусловно е апосолутна љубов. Но, љубовта не е едемаркација на Бога. Тој не би бил апсолутна љубов, доколку би се подвел само на љубовта спрема другиот. Во тој случај љубовта Божја ќе стане зависна од ефемерното (условното) постоење, а со тоа и случајна. Бог е апсолутно битие затоа што е супстанцијален чин на љубовта. Недостатно е да се каже дека Бог ја поседува љубовта, бидејќи „Бог е љубов„ ό Θεòς άγάπι εστίυ (1 Јов. 4,8,16). Со други зборови, суштината на Бога е љубовта, неговата лична природа, а не само за Него својствена творечка релација. Тоа значи Бог е љубов, а не само некој Кој љуби макар и потполно.

Само во љубовта е возможно вистинското познавање на Вистината. И обратно, во познавањето на Вистината, љубовта се разголува себе си. Само човек што претстојува во Вистината може да сака. Овде намерно изостанува прашањето за логичната условност на последицата од причината. Бидејќи и двете се страница на една и иста таинствена причина: влегувањето на Бога во мене (разбрана како субјект кој филозофира), и влегувањето мое во Бога (разбран како објективна вистина).
Новото (нововековното) сфаќање на животот е илузионистичко. Во него господари психолошкото толкување на љубовта. Новиот егзегетски модел на љубовта почнува со Лајбниц. За него монадите немаат прозори или врати.

Поради тоа не се случува реално и взаемно течење на љубовта. Така самозатворени се осудени на онтолошки егоизам. Монадите (индивидуите; деперсонализираните личности) го губат илузорно, бидејќи не можат да излезат од себе со посредство на љубовта. Затоа Лајбниц ја дефинира љубовта како радување на среќата на другиот, која се смета за сопствена. И Менделсон по аналогија на тоа вели, дека љубовта е гордост од задоволувањето со среќата на другиот. За психолошкиот егзегатски модел, љубовта е идентична со похотата. Овој резултат е нужна последица на фундаменталните начела на рационалистичкото поимање на животот.

Наша темелна забелешка е забелешката, дека љубовта е можна само спрема личност, а похотата само спрема предметите (рес). � ационалистичкото (материјалистичкото) поимање на животот апсолутно не ги разликува личноста и предметот. Од овде јасно произлегува нашата решеност да ја афирмираме потребата од нужна и прецизна дистинкција меѓу нумеричкиот идентитет и генеричкиот идентитет. Строго се дистинкционира љубовта како психолошка состојба, што кореспондира со философијата на предметите, од љубовта како онтолошки чин, што комуницира со философијата на личноста. Со тоа христијанската љубов непоречно се иззема од зоната на психологијата и се пренесува во сферата на онтологијата. Вистинската љубов е излегување од емпириското и преминување во новата, духовна стварност. Најголемата досега направена грешка е поистоветувањето на духовната љубов со алтруистичките емоции и со стремењето кон доброто на човештвото, кое во најдобар случај се потпира на природната сомилост и апстрактните идеи. Дури и моралната акција каква што е филантропијата сама по себе е ништотна. Бидејќи, во надворешноста, во „кожата„ на моралните акции, отсуствува длабокиот благодатен живот кој има духовна моќ, да се прелива во коритото од секое творечко движење на личноста. „Кожата” како „кожа” претставува емпириска надворешност и податна е за кривотворештво. Тогаш и највозвишениот подвиг
– жртвата на сопствениот живот, - сам по себе е ништотен:
- Да зборувам на сите човечки јазици, па дури и на ангелски, штом љубов немам, ќе бидам бакар што ѕвони и кимвал што звечи.
- Да имам пророчки дар и да ги знам сите тајни, да ги имам сите знаења
за сите работи, но и толку силна вера што и планини да преместувам, -
ако љубов немам, ништо не сум.
- И да го раздадам целиот свој имот, да позволам телото да ми изгори, - штом љубов немам, ништо не ми користи.

Таканаречената „љубов„ надвор од Бога, не е љубов, туку само природна
космичка појава која на христијанската безусловна проценка и е подложена исто толку, колку што и физиолошката функција на желудникот. Бидејќи, зборот љубов не се разбира во субјективно-психолошка, туку во објективно- метафизичка смисла. Не така, што, самата љубов спрема братот Ќе и биде содржина на Вистината, како што тврдат моралистите (толстовците) и другите религиозни нихилисти.
Како љубовта конкретно се изнесува себе си на виделина? Како оваа центрифугална сила на битието извира „из глубини” на оној што ја познава вистината? Одговорот го наоѓаме во општо познатото место од Химната на љубовта:
- Љубовта е долготрпелива, полна со добрина, љубовта не завидува,
љубовта не се превознесува, не се гордее.
- Не прави што е непристојно, не бара свое, не се срди, не мисли зло, на
неправда не се радува, а на вистината се радува,
- се проштева, во се верува, на се се надева, се претрпува.

Љубовта ги подотвора дверите на вишните светови и оттаму, тогаш заплиснува свежината на рајот. Душата застанува пред изборот: или да потоне во гревот што ја разградува личноста или да се украси со небесната убавина.
За да се има јасна претстава за нијансите на терминологијата врзана за љубовта, треба да се проникне во смислата на четирите грчки глаголи на
љубовта: εράν, фνλείν, στέργειν и αγαπάν од нив изведените именки έρώς, фίλια, στοργή и άγάπη. Само јазикот на хелените непосредно ги изразува овие нијанси. Четирите зборови за љубовта е една од големите скапоцености на ризницата на грчкиот јазик. Другите јазици не можат да се пофалат со нешто слично во областа на идејата за љубовта.
Кај Светите отци често се повторува мислата за неслиената и неразделната поврзаност на интимното пријателство (фίλια) со васеленската љубов (άγάπη). И додека фίλια се однесува на секого, без да се обѕира на грешноста на персоните, дотогаш, άγάπη мора да биде внимателна во изборот на пријателот.
Зошто? Затоа што со пријателот ќе се стопиш. Пријателот со неговите личносни особености ќе го примиш во себе. За двајцата да не пропаднете неопходен е внимателен избор. Според Свети Григориј Богослов, штом пријателот е веќе избран, пријателството со него има особена безусловност. Со збор се одредува мерата на омразата, но не и на пријателството. Бидејќи омразата мора да се ограничува, а на љубовта треба да и се знаат границите. Тогаш во што се  изразува неограниченоста на пријателството? Пред се во поднесувањето на слабостите на својот пријател, со безграничност: во взаемното трпение, во взаемното проштевање. Само љубовта ги соединува созданијата со Бога и пријателот со пријател до истомислие. Кој не знае дека човекот е творба питома и дружелубива, а не осамена и дива. Ништо не е толку каралтеристично за човековата природа, - вели Свети Василиј Велики, - колку меѓусебното општење, потребата од пријател и љубовта спрема сродниците.
Меѓу оние што се сакаат, пука опната на самјаштво и секој себе се гледа во пријателот, својата најинтимна суштина, своето второ Јас, кое впрочем не се разликува од сопственото Јас. Пријателот се прифаќа во Јас на оној кој љуби.
Саканиот во изворната смисла на зборот е пријател, т.е. примател на својот пријател. Аналогно на мајката која го прифаќа детенцето, и оној кој љуби го прифаќа љубениот и го носи во срцето. Во ноуменалните длабочини пријателите го одредуваат квалитетот на своето пријателство. Токму затоа пријателите образуваат двоединство (дијада). Тие не се просто двајца, туку нешто повеќе, двајца со една душа. Нивниот заеднички живот се ткае од нитки на заедничка радост и заедничко страдание.

Сега е сфатливо кажувањето на Авва Силуан Атонит: Ако сакаш да знаеш колку страдаш прашај се колку љубиш. Според тврдењето на Преподобен Максим Исповедник: Верниот пријател, несреќите на својот пријател ги смета за свои и ги поднеува заедно со него, страдајќи до смрт. Сите се одговорни за сите и сите страдаат за сите. Секој од пријателите добива потврда на својата личност наоѓајќи го своето Јас во Јас на другиот. Оној кој има пријател – вели Свети Јован Златоуст – го има вториот себе. Саканиот за оној што го сака е исто што и тој самиот. Особината на љубовта е таква што оној кој сака и саканиот како да не се двајца, туку еден човек.

Пробај, апстрактно да ја издвоиш од човекот неговата длабока светост или длабока љубов, неговиот скриен живот и скриен грев, што се ѕиркаат во секој гест, и од човекот ништо не ќе остане. Како што од водата не би останало ништо, доколку од неа се извлече водородот. Ова конечно разложување, оваа фракциона дестилација на човекот во потполност ја извршува Светиот Дух во есхатонот. Овде уште еднаш се открива метафизичката природа на пријателската релација. Пријателската љубов не е само психологична и етична, туку пред се онтологична и мистична. Тогаш што е пријателството? Созерцавање на себе во Бога преку Пријателот. Пријателството е себесогласување со очите на другиот, но пред лицето на третиот.

Бројни се соблазните да се напушти Пријателот, бројни се искушенијата да се остане сам или да се воспостават нови релации. Но, оној што раскинал едни релации, ќе ги раскине и другите и третите ралации, зошто патот на подвигот кај него е заменет со стремежот кон душевен конфор. Наспроти тоа, секој реализиран подвиг го зацврстува пријателството. Слично како и при ѕидањето на ѕидот. Колку повеќе се истура вода врз циглите, толку ѕидот е поцврст. Така и од солзите што се пролеани од љубов кон пријателот, пријателството станува посигурно. Солзите се цемент на пријателството, доколку се последица на љубовта која не може да се искаже, или пак на страданијата што ни ги причинува пријателот. Солзите во пријателството се исто што и водата при гаснењето на пожар во фабриката за алкохол. Колку повеќе се полева, толку повеќе се разгорува, настанува интимна блискост на личностите, најтесно проникнување на два интимни светови. Некогаш – вели еден од јунаците на Шекспир – те сакав како брат, но сега те сакам ко душава своја. Секој површен го бара моето, а не мене. Пријателот не го сака моето, туку мене.

Крај и Богу слава – Амин

 

Академик Петар Хр. Илиевски

Византија, која е директно продолжение на Римското Царство, како и секоја империјална сила пред и потоа, имала за цел да заведе мир внатре и надвор од државата. За да го зачува мирот внатре, крваво казнувала секаков бунт, особено ако со него биле засегнати нејзините интереси (в. горе т. 5). Под плаштот на заштита на послабите и онеправданите, исто како и Римската Империја, многу често сеела раздор меѓу соседите надвор од својата империја, потоа за да појде кај нив со војска под претекст „за да смирува", а всушност да освојува. Спорот, речиси, секогаш завршувал со анектирање на нивните територии.

За разлика од ваквиот, често крвав, светски мир на големи империи, Божјиот мир, рах Diviпа, доколку и тој не е злоупотребен, е вистински, нелицемерен и правичен за сите. Тој не проследува лични цели и интереси, а се застапува за општо добро на сите во слава на Бога. Додека според римските сфаќања мирот се утврдувал со надворешни, правни договори меѓу луѓето, Божјиот мир е заснован врз етичкиот принцип на љубов, проштевање и саможртва, преку искрено помирување прво на човекот со Бога, а потоа на луѓето меѓусебе. Целиот Нов завет е исполнет со пораки за мир, љубов и братство меѓу луѓето. Ап. Павле им советува на Римјаните „да го бараат она што служи за мир и за заемно подобрување" (Кип. 14.19), а на Ефесјаните им пишува (2.14-17): „Он (Христос) е нашиот мир, Кој од двата народа (Јудеи и не - Јудеи) направи еден и ја разрупш преградата што беше меѓу нив...". Главен принцип на христијанскиот живот е постојано доближување кон Христа, а со тоа луѓето се доближуваат и еден кон друг.

Но има спротивни сили што го спречуваат тоа доближување на луѓето кон Христа. Гревот и страстите се такви сили што влечат во обратна насока. Човек што се определил да врви по Христа треба да биде репштелен и да им се противстави на сите искушенија независно од каде доаѓаат. Затоа Христос при една прилика вели (Мт. 10.34):, Демојте да мислите дека дојдов да донесам мир на земјата; не дојдов да донесам мир, туку меч". Христијанинот мора да ја отсече секоја грешна помисла и желба и се она што го приврзува за нешто друго (власт, чест, пари, имот итн.) повеќе отколку за Христа, така што да ја отстрани преградата која го дели од Бога. Од него се бара прво да воспостави единство со Бога, да ги усогласи своите мисли и желби со Божјите мисли и волја, не принудно, а доброволно. Тоа е пред се личен подвиг. Полно заедништво има само во евхаристичното и духовното единство со Христа.

Мирот треба да се шири во концентрични кругови. Најпрво, како што беше нагласено, човек мора да се помири и да се соедини со Бога откако ќе ја урне преградата што го дели од Него преку лични подвизи на вера, молитва, кроткост и љубов до саможртва за другите. Тогаш ќе завладее нелицемерен мир во неговата душа, и тој ќе може со мир да зрачи и кон другите, во семејството и во попшроката средина. Во такво заедништво прво со Бога, заеднички Татко на сите луѓе, човек стекнува не само лична сигурност и стабилност, а во неговото срце ќе зацари љубов, радост, мир, благост, долготрпеливост, великодушност, доброта, милосрдност, кроткост, воздржаност (Гал. 5. 5,22-23) и кон други.

Во претхристијанско време дури и Законот Мојсеев не можел да се издигне над националните интереси. Мојсеј пишува (Исх. 34.12-16) дека примил од Јехова и една ваква заповед: да не се дружи тој, одн. неговиот народ, со оние што живееле во ветенета земја: „Жртвениците нивни урнете ги, идолите нивни скршете ги и  горичките нивни исечете ги" ... „не земај од ќерките нивни за жени на своите синови, ниту давај од ќерките свои за нивните синови". Вакви постапки се туѓи за евангелскиот Закон на љубовта. Ако во времето на Мојсеја и било потребно избраниот народ да се изолира, за да не се соблазнува од неморалниот живот на друговерците кои се „оддавале на блуд во име на своите богови", новозаветниот Закон бара човек да прави разлика меѓу гревот и грешникот - гревот да го осудува и да го отфрла, а грешникот, како свој ближен, да го сака.
Христос не го укинал Мојсеевиот закон, а го усовршл. Од Нагорната беседа (Мт. гл. 5-7) јасно се гледа колку многу е продуховен старозаветниот Закон со Христовото евангелие: „Сте слушале дека е речено 'Љуби го својот ближен и мрази го непријателот'. Јас, пак, ви велам: 'љубете ги непријателите свои, благословувајте ги оние што ве колнат, правете им добро на оние што ве мразат и молете се за оние што ве навредуваат и гонат' (Мт. 5.43-44)." Невозможно е да има мир меѓу луѓето без љубов и проштевање.

Познато е дека Јудеите не се мешале до друговерци. Затоа се зачудила жената Самарјанка кога Христос и побарал да му нацрпи вода од изворот на Јакова. Пред таа жена со неславно минато Христос изговорил највозвишена проповед. Кога разбрала, пак, таа Кој е нејзиниот соговорник, посакала да дознае од Него дали Јудеите или Самарјаните поправилно се молат на Бога. На тоа Исус и одговорил: „Жено, ... иде  време и дошло веќе, кога вистинските поклоници ќе Му се поклонуваат на Отецот со дух и вистина, зашто ... Бог е Дух и оние што Му се клањаат, треба да се поклонуваат содухивистина" (Јн. 4.23-24). Тоа е основа и рецепт за добри односи и со луѓето.

Предуслов за да постигае човек вистински мир со други луѓе, независно дали се од иста вера и народност, е прво да се помири со Бога преку еден искрен однос „со дух и вистина". Помирувањето со Бога не е декларативно повторување на зборовите: „Господи, Гошоди!", а усогласување на практичниот живот со Божјите етички принципи. Тогаш човек постига урамнотеженост и хармонија меѓу неговите мисли и волја со мислите и волјата Божја, што резултира со внатрешен мир кај него лично, а потоа и со луѓето околу него. Се додека не се усогласи практичниот живот  на  човекот  во  вечните  морални  принципи, неизбежна е раздвоеност на личноста и невозможно е човек да постигае вистински мир со себе и со другите.

Како што односот кон Бога треба да биде „со дух и вистина", така и односот кон луѓето треба да биде со искреност и вистина, а не со декларативност. Без ваков однос нема доверба, ниту соработка и мир ни меѓу најблиски. Мало искривување или прикривање на вистината, или неисполнување на ветувањата ги оладува односите и ги отуѓува едни од други. А тоа внесува сомнение и немир во другите, за чие лекување е потребно долго време. Не е доволно ова само да се знае, а треба човек да најде сили за да го спроведе во живот.

Оној што можел да каже „научете се од Мене", пред своите страдања им рекол на апостолите: „мир ви оставам; мирот Свој ви го давам; Јас ви го давам не како што го дава светот. Да не се плаши срцето ваше, ниту да се бои" (Јн. 14.21). „Ова ви го реков за да имате мир во Мене. Во светот ќе имате маки, ама не бојте се, зашто Јас го победив светот" (Јн. 16.33). Апостолите секое свое послание го започнувале и го завршувале со пожелување мир во Бога и во Христа: „Бог на мирот нека биде со вас" (Рим. 15.33); и така, браќа, радувајте се, утешувајте се, бидете едномислени, живејте во мир и Бог на љубовта и на мирот да биде со вас" (II Кор. 13.11); „и мирот Божји што надвишува секој ум, ќе ги запази вашите срца и вашите мисли во Исуса Христа" (Филип. 4.7, 9); „А Сам Господ на мирот нека ви даде мир секогаш и во секој случај" (II Сол. 3.16). Бидејќи, пак, не секогаш мирот со луѓето зависи само од нас, св. ап. Павле советува: „Ако е можно, доколку тоа зависи од Вас, бидете во мир со сите луѓе" (Рим. 12.18).

Така, неопходен услов за вистински и траен мир меѓу луѓето во светот, како што рековме, е прво човек да воспостави мир со и во Бога. Гревот е основната пречка што го нарушува душевниот мир на човека и што стои како преграда меѓу него и Бога, Којшто е „Бог на љубовта и мирот" (II Кор. 13.11). Следствено, прв и основен услов за постигање мир е да се отстрани таа пречка и човек со чисто и милозливо срце да се однесува кон се околу него. Христијаните се повикани да станат „миротворци". А мир може да внесе меѓу скарани само оној што има мир во себе. Според учењето на црковните отци, мирот е дар Божји".

Царството Божјо (Христово), кое започнува на земјата е, всушност, мир, правда и радост во душата (Рим. 14.17). Според зборовите на Христа тоа „насила се освојува". Потребни се, навистина, големи внатрешни напори човек прво да ја исфрли од себе омразата, зависта, суетата и се она што оддалечува од Христа, да ги сузбива конфликтите со мирољубиви средства, да не се гневи не само тој лично, а и гаевот на другите да го гасне со искрена љубов.

Посети: {moshits}  

 

На прагот на третиот милениум на христијанството, руските научници дошле до откритие коешто овозможува да се фрли нов поглед не само на устројството на човековиот мозок, туку и на некои страници од руската историја. 

Четвртиот елемент на сознанието

Во каква состојба се наоѓа човек задлабочен во молитва? Влијае ли тој миг на исчистувањето на душата и на обраќањето кон Бога врз работата на нервниот систем? Барањето научен одговор на ова прашање довело до неочекуван резултат. Валериј Слезин, доктор по биолошки науки и магистер по медицински науки, управител на невропсихофизиолошката лабораторија при Психоневролошкиот институт В. М. Бехтерев, регистрирајќи ги енцефалограмите на свештениците и на монасите од лаврата Александар Невски за време на молитвата, забележал дека во молитвена состојба отсуствува електричниот импилс којшто сведочи за работата на кората на големиот мозок. (Треба да се истакне дека свештениците, според нивни кажувања, за време на службите често го губеле осетот за времето и дека тричасовната литургија им минува како миг.)
„Досега науката познавала три состојби на човековата свест, појаснува професорот В. Слезин: свест во будна состојба, во бавен и во брз сон, и овие три состојби се разликуваат една од друга според карактерот на електричните импулси во мозочната кора. Сега ни е позната уште една состојба на свеста.“

По сè изгледа дека молитвената состојба му е својствена и потребна на човековиот организам во иста мера како и трите досега познати состојби. На енцефалограмот, снимен за време на молитвата, се појавува ист делта-ритам на биоструите на мозокот како и кај новороденчињата. Во врска со ова, научникот ги спомнува зборовите на Спасителот: Бидете како деца!

Но, не даваат сите молитви исти резултати. Кога професорот Слезин регистрирал енцефалограм на католички свештеник, не забележал целосна исклученост на кората, макар што постоела таква тенденција. Според зборовите на научникот, самиот католик признал дека православните христијани „коишто ја практикуваат постојаната Исусова молитва, се посилни во молитвата“.

Каква православна традиција имал предвид католичкиот свештеник? Во XV век видна улога во руската црква играле т.н. „заволшски старци“ (Заволжје – област од левата страна на Волга, забел. на прев.), коишто живееле по скитовите и по манастирите на рускиот Север. Тие практикувале постојано повторување на Исусовата молитва: „Господе Исусе Христе, Сине Божји, помилуј ме грешниот“. Ако се ограничи само на овој факт поврзан со овие старци, неупатен човек може да стекне впечаток дека станува збор за примитивна практика со помош на која оние што се молат паѓаат во состојба на транс.    

Впрочем, не треба да им се замери на неспецијалистите, ако дури и во неодамнешниот научен труд посветен на наведеното движење, се зборува за „празнотија на безмислието“. Но, откритието на психофизиолозите од Петерсбург овозможува преку рационален пристап да се разбере подобро молитвената метода на заволшските старци. Така, преподобниот Нил Сорски говорел дека спасението се состои во тоа „умот да се чува во срцето, ослободувајќи се од сите помисли“. А пет века подоцна, Валериј Слезин со помош на современи инструменти разјаснил дека при читањето молитви се појавува сознание коешто „како да доаѓа надвор од мозокот“. Не сучајно Нил Сорски, за разлика од многумина подвижници, студено се однесувал спрема истоштувачкото испосништво, измачувањето на телото и спрема други аскетски подвизи – тој врз основа на своето сопствено искуство знаел дека за соединување со Бога не е потребно да се подложува на испитување човечката природа. 

www.telo-sveta.narod.ru/libr.htm
Подготви: д-р Драган Михајловиќ

Посети: {moshits} 

Игор Валерјевич Котов
професор на Институтот за современи науки, Минск


Мозокот на човекот, кој по својата структура е материјален орган, врши духовни функции. Материјалната и социјалната средина со својата разновидност и постојаните промени се одразуваат врз состојбата на нервните клетки; од своја страна, содржината на психичките процеси влијае врз нервниот систем во целост, менувајќи ја неговата работоспособност. Практично сите фактори на социјалната средина влијаат, позитивно или негативно, врз состојбата на човекот.

Откако ќе се проучат факторите што влијаат врз човечката психа, може да се поделат на две поголеми групи. Од една страна, психичката состојба на човекот зависи од многу биолошки фактори кои влијаат врз неговиот нервен систем како на материјален дел на организмот. Од друга страна, психичката состојба на човекот зависи од социјалната средина и од способноста на мозокот неа да ја одразува.

Ќе се обидам да докажам дека Црквата може и мора активно да се вклучи во профилактиката на психичките заболувања и во зачувувањето на психичкото здравје на народот земајќи го предвид влијанието како на биолошките така и на социјалните фактори на човечкото битие.
Биолошките фактори на различен начин и во различно време можат негативно да му влијаат на нервниот систем, а со тоа на психата. Нивното влијание може да се покаже уште во периодот на зародувањето на организмот, во ембрионот или во текот на животот.

Посебна група биолошки фактори кои влијаат врз психичката состојба на човекот претставуваат наследните особини - и ова е првата етапа од формирањето на психата. Според мислењето на генетичарот проф. В.Ростовцев, неморалното, аморалното однесување, животот во гревови и склоноста кон зголемување на гревовите како особено бреме паѓа врз потомството, пренесувајќи се како генетско наследство. Придржувањето кон правилата на христијанскиот живот, утврдени со многувековниот опит на Црквата врз основа на Светото Писмо и Светото Предание, - непосредно влијае врз психичкото здравје на потомството.

Следната етапа на формирањето е процесот на зачнувањето. Во последно време се појавија научни трудови во кои се истражува проблемот на најповолните временски периоди и другите околности за зачнување; се вршат споредбени истражувања на здравјето на децата зачнати за време на црковните пости и на оние зачнати при придржување кон сите соодветни црковни прописи; исто така, предмет на проучување е и влијанието на самите услови за зачеток врз здравјето на идното дете. Постојат научни истражувања што ги потврдуваат повеќевековните народни набљудувања и заклучоци за тоа дека децата зачнати за време на постите се одликуваат со послабо здравје.

Наредната етапа почнува по зачнувањето на детето. Со какви мисли, чувства и грижи го носи жената своето дете? Народното искуство препорачува на секаков начин да се заштитува психата на бремената жена. За што размислува жената денес кога е во кругот на семејството, одејќи по улица, седејќи покрај телевизискиот екран? Ако од различни причини Црквата денес не може да повлијае врз целото општество, тогаш врз одделен негов дел - бремените жени - може, така што ќе ги одвои од составот на парохиската паства и ќе соработува со соодветните државни медицински структури.
Ќе наведам пример. Во секое женско советувалиште, каде што може да се забележи апсолутно мнозинство жени уште од најраниот период на бременоста, со нив се водат разговори за хигиената на бремените, во таа смисла и за психохигиената. Непосредно учество на таквите советувања на компетентни во оваа област претставници на клерот и на паствата - е првата можност. Исто така може да се издаваат брошури во поголеми тиражи кои ќе содржат конкретни црковни препораки во врска со заострените полови проблеми, со бременоста и раѓањето деца и со нив да се снабдат женските советувалишта. Се разбира, ова се само почетни чекори, но тие може да се остварат уште во најскоро време.

Биолошките фактори што ги определуваат особеностите на човечкиот живот се толку тесно испреплетени со социјалните, што понекогаш е тешко да се разграничат. Разните токсични материи, инфективните болести, траумите, нарушувањата на размената на материите и другите надворешни влијанија кои се одиграле за време на бременоста на мајката, можат да му нанесат и, за жал, му нанесуваат штета на плодот што се развива. Нервниот систем, како најчувствителен на вакви влијанија, може да биде повреден значително побргу. Според тоа, проблемите на состојбата на околната средина и еколошките особености на исхраната на идната мајка се поважните фактори за формирањето на здравјето на идното поколение.
Понатаму ќе ги разгледаме социјалните фактори. Врз формирањето на човечкиот организам во утробата не влијаат само температурата, храната, составот на воздухот, микробите и отровите - туку и стресните ситуации, чија содржина и квалитет се определуваат од повеќе социјални фактори. Врз рамништето на психичката активност и врз формирањето на психичкото здравје не влијае само состојбата на мозокот како материјален орган, туку исто така и содржината и карактерот на самите психички процеси. А психичките процеси се тесно поврзани со социјалниот живот на личноста.
Според својата содржина, психата е одраз на средината што го опкружува човекот. Перцепциите, претставите, мислењето и придружните чувства го одразуваат односот на индивидуата кон познајното. Сите појави што од гледна точка на човекот се полезни, предизвикуваат кај него позитивни чувства: задоволство, радост, восхит, мир и сл. Појавите кои го спречуваат задоволувањето на човечките потреби предизвикуваат негативни чувства и емоции - огорченост, тага, омраза, страв, очај и др. Самите чувства според интензивноста може да бидат различни во зависност од силата и од социјалната значајност на факторите што го предизвикуваат нивното пројавување. При афектите со послаб интензитет промените во нервниот систем се незначителни и се компензираат со силата на волјата на самиот човек. За време на силните афекти работоспособноста се нарушува на некое време. Продолжителното дејство на слабите дразби со негативен карактер, особено ако се непрекинати, на крајот доведуваат до нарушување на функцијата на нервниот систем.

Да обрнеме внимание на промената на структурата на заболувањата кај населението во последните десетлетија: при општото сопоставување може да се забележи дека преовладува порастот на психичките болести и на граничните психички состојби наспроти позабавеното зголемување на нивото на детската смртност и бројот на инфективните заболувања. Ваквата промена на сликата на бројот на заболувањата во последниве години е поврзана со распадот на огромната единствена држава и со осиромашувањето на луѓето иако општите тенденции се зачуваа: темпото на раст на психичките заболувања само го престигна темпото на раст на детската смртност и на инфективните болести, кои воопшто не се намалуваат, туку исто така ги зголемуваат своите параметри. Оваа тенденција не е присутна само во постсоветскиот регион, туку и во сите развиени западни земји.

Научниците ја поврзуваат оваа појава со информатичкиот и технолошкиот подем, со забрзувањето на темпото на современиот живот и со социјалната напнатост и секојдневните стресови кои доведуваат до нарушување на психичката адаптација. Во последните десетлетија почнаа да преовладуваат т.н. "болести на цивилизацијата" и психосоматските заболувања (гранични нервно-психички растројства, хипертонична болест, исхемична болест на срцето, атеросклероза, чир на желудникот и на дванаесеттопрсното црево, ревматоиден артрит, дијабетес и други хронични заболувања). Погубноста на забрзувањето на темпото на животот се состои, покрај другото, во тоа што човекот катастрофално ја губи способноста да ја оцени својата сопствена душевна (и уште подобро - духовна) состојба; тој престанува да се загледува во себе и да го оценува своето битие од позиција на вечните, неменливи вредности и веќе не умее да се восприеме себеси како круна на творението, како образ и подобие Божје. Затоа затапува во својата самоперцепција, а состојбата на прав што ветрот го растура по земјата (Псал. 1:4) станува природна за него.

Психохигиената на современиот човек подразбира две области на истражување: профилактика на психичките растројства и откривање на граничните форми на неврози со цел неширење на ова психичко заболување. Профилактиката на психичките растројства кај современиот човек меѓу другите прашања посебно го разгледува проблемот на режимот на психолошката оптовареност. Нашите татковци и дедовци не биле исправени пред такви проблеми. А ние денес не можеме да дишеме без компјутер. Затоа времето што детето или возрасниот го поминуваат покрај компјутерот неопходно е строго да се дозира и периодите на работа да се комбинираат не просто со физичка активност, туку со посебна гимнастика.
Христијанската црковна самосвест í го отсекува на личноста множеството информации што не í се нужни ниту на душата ниту за творечкиот раст. Времето на лична молитва и црковна богослужба му ја возвраќа на човекот способноста за внатрешно светосозерцание, го детерминира во системот на координати на Божественото светоздание и ја поттикнува личноста да ги разбере вечните прашања, одредувајќи го нивното решавање во согласност со сопственото личностно битие.
Освен веќе наброените, особено внимание заслужува проблемот на психичката траума. Сите настани кои предизвикуваат негативни чувства и емоции психијатријата ги разгледува како трауми. Дел од нив се еднократни, дејствуваат со определена интензивност, и тоа се акутни психички трауми. Другите не се толку силни по својот интензитет, но дејствуваат во текот на подолго време непрекинато или со чести повторувања, и ова се хронични психички трауми.

Животот на секој човек објективно претпоставува неизбежни акутни психички трауми: смртта на блиските луѓе, на пример, е секогаш неочекувана и секогаш тегобна. Но постојат и акутни психички трауми кои имаат масовен карактер. Историјата на последниве години изобилува со такви примери: чернобилската катастрофа, земјотресот во Ерменија, несреќите во копнениот, морскиот и воздушниот сообраќај, политичките трагедии (државни удари и оружени граѓански судири), терористичките акции и локалните војни, политичкото спротивставување со типични митинзи и демонстрации... Ваквите нагли нарушувања на секојдневниот вообичаен живот го подложуваат на искушение нервниот систем на човекот и неговата реактивност и се главниот фактор од масовен карактер кој ја повредува психата не само на поединците, туку понекогаш и на огромна група луѓе, на одделни општествени слоеви, дури и на општеството во целост. Во зависност од вродените особини за перцепција на овие психички трауми, а исто така и од состојбата на нервниот систем во даден момент - реакциите на луѓето со различни типови психа, темперамент и душевна конституција може да бидат различни.

Луѓето со цврст и урамнотежен нервен систем се способни при најсилните потреси и несреќи да го зачуваат спокојството, ладнокрвноста, јасноста на мислата и способноста за адекватни реакции, без оглед на силината на емоционалното доживување. Други луѓе при силен психички потрес ги губат на некое време вообичаеното спокојство и работоспособноста. Кај трети настанува значително растројство на нервниот систем.
Во вакви ситуации навистина се "блажени миротворците". Проповедта за општествено помирување денес зазема посебно место во пастирското служење на Црквата. Да се сетиме на настапот на Патријаршискиот Егзарх на цела Белорусија на Себелоруското народно собрание на 19-20 октомври 1996 година во Минск и на неговиот позитивен одглас во општеството!

Хроничните психички трауми се предизвикани од долготрајниот внатрешен немир кога станува збор за посебен тип на нервен систем на човекот. Внатрешните конфликти можат да настанат поради противречноста меѓу желбите и способностите, поради чувство на вина за дозволена грешка или извршен престап, поради неизвршена должност. Разорувачкото влијание на хроничните психички трауми врз душевното и менталното здравје се одвива, главно, со посредство на два механизма.

Од една страна, кругот на мисли и претстави поврзани со конфликтната ситуација образува во психата на човекот една постојана доминанта која има силно дејство. Ако кај акутната психичка траума доминантата е краткотрајна и нејзиниот интензитет се намалува, тогаш кај хроничната психичка траума доминантата е долготрајна и нејзината сила постојано расте. Од друга страна, истовремено со конфликтната ситуација се одвиваат и негативните состојби предизвикани од неа: возбуденост, незадоволство, навреденост, депресија, страв. Тие не се толку силни како кај потресните случувања, но се постојани и имаат тенденција на растење. Поради тоа што кај хроничната психичка траума силата и на патолошката доминанта и на негативните состојби (кои, од своја страна, уште повеќе го засилуваат дејството на доминантата) е долготрајна и се зголемува, психичките растројства во овој случај имаат потежок карактер.

Свештениците што комуницираат со луѓето кои доживуваат вакви психички растројства треба да имаат барем најнеопходен минимум психијатриско и психолошко искуство за да можат адекватно да го поведат разговорот и да дадат делотворен совет. Опитните духовници во вакви ситуации дејствуваат според широкото практично искуство, како личното така и исцрпеното од Светото Писмо, од хагиографската и богослужбената литература, поставувајќи во основата на своите благослови (совети и препораки) засилена молитва во која им се открива волјата Божја. Меѓутоа, и ним често им недостигаат чисто научни медицински знаења. А младите отци често се судираат со мошне сериозни тешкотии дури и во разрешувањето на чисто медицинските психијатриски прашања, зашто немајќи духовно и практично искуство, неоправдано го пренебрегнуваат тесноспецијалниот медицински опит.

Неспособноста да се открие психолошката доминанта и сестрано да се запознае ситуацијата доведува до тоа"книшките" совети, иако правилни од богословска гледна точка, соговорникот да не ги прифати, зашто тие не го наоѓаат потребниот одзив на неговото лично психичко рамниште и во неговата моментна душевна состојба. Очигледно дека е дојдено време во наставните програми на духовните школи да се воведе изучувањето на основите на медицината, психијатријата, психологијата и на педагогијата.

Уште посложен процес е подготовката на психијатрите и на психолозите во световните високообразовни установи. Црквата може да иницира издавање на непознатите кај нас трудови на истакнати психијатри и психолози кои биле христијани, на пример, на познатиот психолог и богослов В.В.Зењковски. Црквата може да го иницира и пишувањето учебници и хрестоматии по овие дисциплини за да им бидат достапни на студентите заради изучување на различните гледишта за причините за настанувањето на психичките заболувања, и начините и методите на нивното лекување.
Разгледувајќи ги аспектите на психичките трауми, не смееме да не го споменеме погубното влијание врз човечката психа на дејноста на разни псевдорелигиозни секти и проповедници, парапсихолошки и отворено окултни школи со кои во последно време е преплавена не само Белорусија, туку практично сите словенски земји на Средна и на Источна Европа. Државата е правно обврзана да ја уреди со закон дејноста на религиозните организации, да ги оценува од гледна точка на историските религиозни и културни традиции на својот народ и историскиот придонес на една или на друга конфесија или религија во националното и државното формирање на својата земја. Ова непосредно се сооднесува со интересите на националната државна безбедност и не смее да не биде внесено во нејзината концепција затоа што деструктивните секти и школи го поткопуваат темелот на животната активност на секој народ, на секоја нација и на секоја држава.

Одовде произлегува неопходноста од највнимателен пристап кон давањето можност да се проповедаат нетрадиционални религиозни учења во сите државни установи. Разумно би било да го исползуваме познатото искуство на оние европски земји, како Германија, на пример, каде што на државните школи може да предаваат само луѓето со христијанска вероисповед, која е традиционална за оваа земја. Сектантите, зад какви образовни програми и да се прикриваат (како, на пример, сектата Мун), во школите не се допуштени. Овде на браникот на културно-религиозните традиции, кои ја оформија германската нација, стои законот.

Соработката меѓу Црквата и државата денес е апсолутно неопходна заради решавање на проблемот на зачувувањето на психичкото здравје на народот. Само со заедничка работа и со организирана координација на активностите и вложување заемни усилби може да се дојде до позитивно решение на овој општонационален проблем.


Превод од руски:
Ирена Кепеска

 


Видео содржини

Поуки од Светите Отци

krusevoexport

Наука и Култура

Април 08, 2019

Како може да им се помогне на оние кои размислуваат за самоубиство?

Според проценката на Светската Здравствена Организација во просек 1 милион луѓе умираат годишно како резултат на самоубиство. Во позадина на суицидалноста најчесто стои екстремна нелагодност, неиздржлива емоционална болка и неподносливо страдање на кое…
Март 28, 2019

Светските научници и НАСА тврдат дека Македонија ја крие тајната за бесплатна енергија!

Алшар е единственото наоѓалиште на талиум во светот. Tалиумот е цврст сив метал и е токсичен. Употребуван е во електронската индустрија и за изработка на стакло. Исто така е употребуван и во отров за глувци и инсектициди. Лорандит или талиумов арсеничен…

95 години од раѓањето на Вангел Наумовски – уметникот кој за Салвадор Дали беше „сликар од бајките“

Мар 24, 2019 Ликовна уметност 163
Со името на охридскиот сликар, кого Салвадор Дали воодушевено го нарече „сликар од…

Поезија од Стефан Марковски застапена во меѓународен поетски зборник во Италија

Мар 07, 2019 Литература 172
Поетското дело насловено Брзина на сонот (итал. Il ritmo di un sogno) од македонскиот…

Срамота е младите да знаат повеќе странски, отколку македонски јазик

Фев 22, 2019 Литература 248
Foto
Младите подобро ги познаваат странските јазици одошто македонскиот јазик. Со цел да си…

Беседи

БEСEДА  за живата надeж

БEСEДА за живата надeж

Нo, кoј дeнeс им пoкажа живo надeвањe на луѓeтo, кoј и какo? Апoстoлoт Пeтар oдгoвара на oва прашањe: “Гoспoд наш Исус Христoс и тoа сo вoскрeсeниeтo oд мртвитe. Никoј друг...

„Лазаре, излези надвор“

„Лазаре, излези надвор“

Тие Негови зборови, пред сè, значат дека нема смрт за оние кои веруваат во Христа, зашто Христос подоцна на Марта ѝ вели: „Јас сум воскресението и животот; кој верува во...

БEСEДА за барањeтo на живиoт пoмeѓу мртвитe

БEСEДА за барањeтo на живиoт пoмeѓу мртвитe

Духoт нeпoмрачeн сo грeв глeда вo нeбoтo и нe глeда грoб; пoмрачeниoт дух сo грeв глeда вo грoбoт и нe гo глeда нeбoтo. Грeвoт и дoбрoдeтeлта управуваат сo духoвниoт вид...

Митрополит Струмички Наум - Моќно превентивно или ризично куративно

Митрополит Струмички Наум - Моќно превентивно или ризично куративно

Бог е совршен, и како совршен, сѐ што прави – прави совршено. Кога Бог го направи човекот, всушност, направи бог – иако не по природа. Направи човекобог, кој треба да...

Жарко Ѓорѓиевски - Недела на преподобна Марија Египетска

Жарко Ѓорѓиевски - Недела на преподобна Марија Египетска

Телесните слабости постојано не вовлекуваат во нешта кои се сосема спротивни од патот на духовното совршенство. Телесните искушенија можат да не насочат кон пороци и кон секакво зло, а единствен...

Митрополит Струмички Наум: „Учителка“

Митрополит Струмички Наум: „Учителка“

Ајде повторно и оваа година – како во годините наназад, на Нејзиниот ден, да го обновиме нашиот подвиг – молитвеното правило „Богородице Дево...“ Оваа молитва, за нас раслабените, е последна...

БEСEДА за сeмoќта на збoрoт Бoжји

БEСEДА за сeмoќта на збoрoт Бoжји

Нo пoстoи рeд и начин пoмeѓу тваритe, видлив и дoстапeн за нас луѓeтo, а пoстoи рeд и начин нeвидлив и нeдoстапeн. Спoрeд тoј нeвидлив и нeдoстапeн рeд и начин, кoј...

Празникот Благовештение – првиот цвет на Пасхата

Празникот Благовештение – првиот цвет на Пасхата

Ете она што дојде да нѐ повика, сега ни се јави: Бог надумно се соединува со луѓето; со гласот на Архангелот прелеста се изгонува, а Дева радост прима; небото слегува...

Викарен Епископ Стобиски г. Јаков: Жртвена прегратка (31.03.2019)

Викарен Епископ Стобиски г. Јаков: Жртвена прегратка (31.03.2019)

Ако ги приклониме колената, а во срцето свое, во вистинскиот храм во кој Бог се вселува, не го поставиме Крстот, сме го промашиле суштинското значење на празникот, затоа што тоа...

« »