Хајно Фалке (Heino Falcke) е познат во светски рамки како научник кој прв направи фотографија на црна дупка. Тој вели дека филозофите и теолозите имаат полно право да навлегуваат во областа на физиката. Претходната идеја, која што преовладуваше во научниот свет, дека науката и физиката немаат ништо врска со верата, тој ја нарече апсурдна. Напротив тој верува дека физиката без Бога е невозможна.

Nauchnik.fizika.H.Falke
Heino Falcke during his presentation of the picture of the Black hole. Photo EPA, Stephanie Lecocq

Фалке, кој предава астрофизика на Радбауд Универзитетот во Холандија, вели дека религијата била општо присутна кај големите физичари од минатото, чии што откритија ја изградија современата физика. Научниците кои што не размислуваат подалеку од материјалните нешта, се опишани како личности кои сами себе се обрежуваат. Затоа тој смета дека научниците треба секогаш да размислуваат за значењето на нивната работа во еден филозофско-теолошки контекст. Академскиот свет би требало да биде отворен за дискусии на тема „Бог како потекло на сè во науката“ – инсистира Фалке. Тој би сакал во иднина да види подиректен пристап на филозофите и теолозите кон физиката и обратно.

Хајно Фалке, не е само еден од многуте физичари во светот. За својата фотографија на црна дупка, која што беше прва од таков вид, тој доби бројни награди и беше често застапен во медиумите во светски рамки. Овој 57-годишен германски научник отсекогаш бил отворен за својата вера. Во интервју со еден холандски весник, Фалке го изразил својот восхит кон созданието, со кое се сретнал во својата работа. Тој рече дека бил обземен од чувство „ дека постои многу подлабока реалност под и над созданието што науката го знае, кога ќе се земе в предвид вселената. Кога знаеш Кој е Творецот на сето тоа, Кој се грижи за нас луѓето, ќе почнеш природата се повеќе и повеќе да ја гледаш како љубовно писмо кон нас од Бога.“

 

29 ноември/12 декември 2023 лето Господово

Извор: CNE.news

https://bigorski.org.mk/vesti/svet/nauchnik-fizikata-bez-boga-e-apsurd/