ЧИСТИ МИСЛИ ВО ЧИСТО СРЦЕ

Зо психијатријата како пример се наведува следната поучна историја. Во прекрасен сончев пролетен ден едно куче тргнало на прошетка низ градот. Изморено, влегло во една сала полна со огледала. Видело безброј кучиња во огледалата. Друштвото во кое допаднало не му се видело симпатично и тоа зар'жало. Сите кучиња му одговориле со р'жење. Бесен од недостигот на култура на песовите, нашиот херој уште пострашно им се озабил. Но, истото го направиле и тие. Тоа воопшто не му се допаднало и тој си заминал во мрачно расположение. Малку по него, во салата влегло друго куче. Кога во огледалото ги видело своите собраќа, тоа радосно мавнало со опашката. Тие одговориле на истиот начин. Тоа уште посмело и повесело се размавтало со опашката и видело дека и тие се расположени и дружељубиви како него. Така второто куче прошетката ја продолжило задоволно што по светот има толку мили и пријатни кучиња.

Што виделе двете кучиња во огледалата? Ништо друго, туку самите себеси. На сличен начин и ние околу себе го гледаме одразот на сопственете внатрешности - севкупност од горчини, недоумици и стравови, грубост, недостиг на толеранција итн. Често се прашуваме зошто луѓето се злонамерни лишени од добрина и сочуство? Не гледаме или не сакаме да водиме дека основната причина за тоа се нашите сопсвени мисли и нашето однесување со нив. Затоа треба да почнеме од нив.

crkva.prazna.jpg

ДА СЕ НАУЧИМЕ ДА ПРОСТУВАМЕ

Првиот чекор што треба да го направиме за да ги прочистиме мислите и чувствата е да се научиме да простуваме себеси и на другите. Ако сме искрени, што во случајот е задолжително, тоа воопшто не е лесно. Принципиелните и оние кои премногу бараат од себе секогаш наоѓаат поводи за гризење на совеста и за вина. Се измачуваат за мислите дека не се доволно благородни и добри, се укоруваат за речиси сите постапки. А од чувството за вина произлегуваат куп проблеми, вклучувајќи ги и здравствените: несоница, слаби нерви, хроничен стрес, депресии.

Тоа се однесува на едната категорија луѓе. На спротивниот пол се наоѓаат самовљубените егоисти кои никогаш за ништо не се виновни. Извинување за своите недостатоци и за своето однесување тие бараат во сето она што го прават другите. И многу добро умеат да се оправдаат. Себеси си простуваат се а на другите-ништо.
Ако и едните и другите се обидат да го променат начинот на мислење, ако се научат да простуваат-искрено, со чисто срце-и себеси и на блиските, тогаш животот ќе се промени на подобро.

 

Посети:{moshits}