логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 

  Скопје, Декември 2017 лето Господово - Православен богословски факултет

Под раководство на Проф. д-р о. Милан Ѓорѓевиќ, продекан за наука и меѓународна соработка, Православниот богословски факултет „Свети Климент Охридски“ - Скопје беше  организатор на  Научниот собир по повод јубилеите - 40 години од основањето на Факултетот и 50 години од возобновувањето на Макеоднската православна црква – Охридска архиепископија.

Темата на собирот „Предание и мисија“, инспирираше истакнати професори од  Универзитет „Свети Кирил и Методиј“, од Институт за национална историја, Скопје, како и професори и асс. докторанди од Богословскиот факултет, во своите трудови да образлагаат за Кирилометодиевско лексичко наследство, Житијата на св.Климент Охридски,св.Гаврил Светогорец епископ Велички,Охридската архиепископија,за логосот на црковната музика, за христијанството во Македонија и просветителската дејност на значајни црковни личности. По секоја работна сесија се отвараше кратка дискусија со оглед на временската рамка за презенатација на мноштвото научни трудови. Во секој случај се покажа  голем интересот за одбраната тема, а на крајот од еднодневниот собир, професорот Петко Златески во името на Библиското друштво на Македонија, на присутните им подели џепно издание на НОВИОТ ЗАВЕT.

 

 

Асс. докторанд м-р Виктор Недески

Охридската архиепископија во времето на Лионската унија
(1274-1280)

Иако обединувањето на православната Црква со Папскиот престол било торжествено објавено на четвртата седница на Лионскиот собор на 6 јули 1274 г., соборните одлуки никогаш не биле прифатени од православните, со исклучок на една мала група на императорски соработиници и ерарси на чело со патријархот Јован Век. Во ваквата новонастаната црковно-политичка ситуација во веќе обединетата Византиска империја, се отвора прашањето за тоа каква била позицијата на Охридската архиепископија во однос на унијата со западното христијанство. Фактот што точната година на упокојувањето на свети Константин Кавасила останува непозната, го отвора прашањето за тоа дали тој сè уште бил на Охридскиот престол во времето на унијата, односно во 1274 г. или, пак, на него седел некој негов наследник. Што се однесува, пак, на прашањето кој е наследникот на Кавасила, традиционалното мислење, кое се провлекува од Голубински преку Гелцер и Снегаров сè до некои современи автори, е дека по свети Константин на Охридскиот трон доаѓа архиепископот Јаков Проархиј, по потекло од Пелопонез. Меѓутоа оваа теза низ призмата на современите сознанија е доста проблематична, особено по истражувањето на животот и делата на Јаков Проархиј од страна на италијанскиот византолог S. G. Mercati. Поместувањето на Јаков од традиционалното место во каталог на архиепископите од наследник во претходник на Кавасила, го отвора прашањето: кој е наледникот на свети Константин Кавасила на архиепископскиот трон?

Прашањето за наследникот на Кавасила делумно го расветлува Георгиј Пахимер кој во 1273 г. го споменува архиепископот Керамеас Охридски. Станува збор за солуњанецот Теодор Керамеас кој отсуствува од традиционалните каталози на Охридските архиепископи. Теодор Керамеас е познат по својот завет од 1284 г. кога се јавува како поранешен архиепископ. Овој податок укажува на тоа дека во 1273 г., а следствено и наредната кога е склучена Лионската унија, Теодор Керамеас со сигурност веќе бил на Охридскиот престол.

Блискоста на семејството на Теодор Керамеас со императорот Михаил VIII Палеолог се гледа и од тоа што во времето на овој император, Николај Керамеас – братот на Теодор се среќава како апографеас во регионот на Солун и доместик на западните теми. Блискоста со императорот Михаил VIII, секако наведува на тоа дека Теодор бил приврзаник на идејата за унијата.

Наведените факти укажуваат на тоа дека Охридската архиепископија возглавувана од архиепископот Теодор Керамеас во 1274 г. ја прифатила Лионската унија, а официјален црковен Охрид останал верен на унијата сè до нејзината пропаст. Доаѓањето на антилатинот Генадиј на Охридскиот престол по Теодор Керамеас е сосема логичен историски факт, со што се дава историски издржана разврска на настаните во Охрид кои вака поставени се во склад и со глобалното црковно расположение во Византиската империја во втората половина на XIII век.

 

 

Д-р Марија Гиревска

Вредности во наследство од возобновувањето на
Македонската православна црква – Охридска архиепископија

Неправедно згасната во 1767 година, таа духовна светилка на македонскиот православен народ, пред педесетина години (1967), преку одлуките на нашите предци, повторно го враќа сјајот и топлината на вистинска Мајка закрилница на својот народ во лицето на Македонската православна црква - Охридска архиепископија. Со овој историски чин македонскиот народ си ја повраќа библиската и литургиската традиција што ја имал со векови, а ја беше добил со апостолско преемство, рамноапостолско просветителство, втемелено од патронот свети Климент Охридски, со свои домородни пастири кои ќе го раководат народот доверен од Бога.
МПЦ-ОА, како автентична црковно-национална институција на македонскиот народ, на тој начин придонесе да се зачувува православната вера, македонската традиција и обичаите, како и да се создаде можност за афирмација на националниот идентитет во новите средини, станувајќи силен чувар на самобитноста и на духовниот интегритет на македонскиот народ. Духовната ерархија на МПЦ-ОА, архиереите, монаштвото и свештенството, се охрабрува во својата духовна мисија, па чекорејќи по вистинскиот Христов пат, во согласност со Божјите заповеди и светите канони на Православната црква, добива силна поддршка од народот, а потврда за тоа е манифестирањето единство на верниот народ на МПЦ-ОА, како во Републиката така и надвор од неа, во дијаспората.
 
Во трудот натаму ги бележеме плодовите од возобновната Охридска архиепископија во лицето на МПЦ-ОА за својот народ, но и за сите христијани во Република Македонија и пошироко.
Во изминативе неколку децении, како плод на самостојниот црковен живот е организирањето и уредувањето на МПЦ-ОА според принципите и во духот на православното црковно устројство. Таа се здобива со достоинство на ранг на архиепископија, со поглавар со достоинство архиепископ и со титула архиепископ охридски и македонски. Така, во овој период на самостојно црковно живеење беа основани најпрво Средното богословско училиште во истата 1967 година, а потоа и Богословскиот факултет во 1977 година.

Во 1990 година излезе од печат Светото писмо, наречено уште и Библија, на современ македонски литературен јазик, прво целосно издание во превод на архиепископот Гаврил (Милошев). Редактори на целосниот библиски текст беа истакнатите професори од Богословскиот факултет во Скопје, Методи Гогов, Трајан Митревски и Борис Бошкоски. Познато е дека првиот словенски превод на Светото писмо бил направен од светите браќа Кирил и Методиј во деветтиот век. Познато е, исто така, дека оваа света книга за христијаните претставува непресушен извор на богати сознанија и потенцијал за духовно и црковно будење. Замислете си, во таа смила, што сè направија веќе 7-те изданија на Библијата на современ македонски литературен јазик. Со сигурност може да се каже дека Библијата во Македонија стана настолна книга за верниците, но и за секој љубител на книгата.
Ако се знае дека Библијата, со својот апсолутен авторитет, не ја дели својата позицја со никоја друга книга, тогаш со право можеме да констатираме дека печатењето на преводот на Библијата на современ литературен јазик ја осмисли програмата за доближување на библиските вистини на разбирлив јазик на секој кој ветува нејзино сеофатно истражување и применување во живот.

Преведувањето на Библијата на современ македонски јазик ја поттикна дејноста на МПЦ-ОА за преведување и на богослужбените книги од црковнословенски на македонски јазик, како и на светоотечка литература. Дотолку повеќе што преводот на библиските книги од богослужбен и литургиски карактер, се од суштенствен предуслов за современата мисија и духовната обнова на Македонската православна црква. Бидејќи богослужението, а посебно на светата Литургија, не е ништо друго, туку Библија препеана во молитва.

И конечно, тоа што е најважно, МПЦ-ОА ја има благодатта Божја, која се покажува преку животворноста во Црквата; МПЦ го има Бога, Кој е дивен во Неговите светии.  Во 2012 година, за првпат во поновата историја, во манастирот Света Пречиста – Кичевска  МПЦ ќе изврши канонизација, односно вбројување меѓу светиите на преподобните маченици пострадани во 1558 година во овој манастир. Истата година МПЦ изврши канонизација и на светите 40 битолски преподобномаченици, а трае постапката за канонизација уште на други тројца свети личности од поновата историја на МПЦ: Свети Кипријан Слепченски, Светиот Епископ Велички Гаврил Светогорец и Свети Јоаникиј Ракотински. Благодарение на соборјаните, благочестивиот и верен македонски народ, од пред педесетина години Македонците ја втемелија својата една света, соборна и апостолска Црква на цврсти и благодатни основи.

 

 

   

 (Продолжува)

 

Скопје, Декември 2017 лето Господово

 (к.т.)

 ПРЕДАНИЕ И МИСИЈА

Свечена сала на Факултетот, 07.12.2017, 10:00 часот

П Р О Г Р А М А
10:00
Отворање на научниот собир

Прв блок

10:15
Прва работна сесија

Витомир Митевски
„Кирилометодиевското лексичко наследство“

Ѓоко Ѓорѓевски
„Свети Гаврил Светогорец епископ
Велички и Мagnum Iubilaeum“

Ристо Солунчев
„За логосот на црковната музика“Виктор Недески
„Охридската архиепископија во времето на Лионската унија (1274-1280)“

10:55
Дискусија
11:10
Втора работна сесија

Дејан Борисов
„Охридската архиепископија како наднационална Црква“

Александар Трајановски
„Односите на Охридската архиепископија со Русија и Руската православна црква“

Бобан Петровски
„Јурисдикцијата на Охридската Архиепископија во средновековековен Полог“

Борче Илиевски
„Односите меѓу Македонската и Српската православна црква во седумдесетите

11:50
Дискусија

12:05
Пауза

Втор блок
12:30
Трета работна сесија
Ацо Гиревски, Марија Гиревска
„Вредности во наследство од возобновувањето на Македонската православна црква – Охридска
архиепископија“
Драган Зајковски
„Житијата на свети Климент како историски извори: нов поглед кон еден стар проблем“
Анета Јовковска
„Посакувани особини и компетенции на наставниците по духовно образование и воспитание според
примерот на свети Климент Охридски и современите сознанија на православната христијанска педагогија
и психологија“
Борче Грамбозов
„Критериумите за толкувањето на Светото Писмо според Свети Григориј Богослов и Свети Григориј
Палама како пример за современа егзегеза“13:10
Дискусија
13:25
Четврта работна сесија
Цане Мојаноски
„Црквата меѓу власта и цивилното општество“
Ненад Марковиќ
„Улогата на религијата во современото демократско општество - делиберација, партиципација и
дијалог“
Кире Трајанов
„Мисиолошка егзегеза на секуларизираната религиозност“
Милан Ѓорѓевиќ
„Православната мисија во секуларното општество“14:05
Дискусија14:20
Затворање на научниот собир

5-декември 2017 год.

 

Друго:

ПБФ „Свети Климент Охридски“ – Скопје организира : НАУЧЕН СОБИР на тема „Предание и мисија“

По повод 50 годишнината од прогласувањето на автокефалностана Македонска православна црква- Охридска архиепископија, неодамна беше претставено   изданието на Православниот богословски факултет „Свети Климент Охридски“ - Скопје - Јубилеен зборник

Промотори на изданието беа:

1. Негово Преосвештенство, епископ Хераклејски г. Климент

2. Проф. д-р Пол Мојзес, главен уредник

 

Друго:

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Наука и Култура

Ноември 14, 2023
Tamara.Kotevska

По премиерата на новиот филм „The Walk“ во Њујорк на двојната кандидатка за Оскар - Тамара Котевска

Работејќи од нејзините разговори со Асил и другите деца бегалци, режисерката направи гласовна нарација (испорачана од друга девојка, а не од Асил што ја гледаме на екранот) која е резервна, поетска и застрашувачка. „Треба да најдам место каде што можам да ги…
Октомври 15, 2023

Почнува 8-то издание на „Киненова“

Со проекција на филмот „Зад стоговите сено“ на грчката режисерка Асемина Проедроу и доделување на наградата за особен придонес во филмската уметност на актерот Бранислав Лечиќ денес (13.10.) во Синеплекс со почеток во 20 часот ќе биде отворено 8 издание на…

„ПОЕЗИЈА ОД МАКЕДОНИЈА“ и „Версвил“

Авг 19, 2023 Литература 1249
TVIT762
Реномираното меѓународно списание за поезија „Версвил“, својот најнов број во целост го…

Промоција на Речник на медиумска писменост

Мај 31, 2023 Литература 1572
Ова лексикографско издание е прв сериозен обид за систематизирање на термините коишто се…

Беседи

Митрополит Струмички Наум: Недела на Православието (20.03.2021)

Митрополит Струмички Наум: Недела на Православието (20.03.2021)

 Спознанието на вистината, на лично ниво, не е интелектуално човечко достигнување, туку, пред сè, е Божји дар на просветленост на умот и обожение на личноста; дар Божји кој се добива...

БEСEДА за љубoвта кoн ближнитe

БEСEДА за љубoвта кoн ближнитe

Таму, на нeбoтo, e вистинскoтo Христoвo царствo и вистинскиoт Христoв живoт бeз примeси на грeв и смрт. Нo љубoвта на Синoт Бoжји кoн луѓeтo нашла дeка e пoпoтрeбнo да бидe...

БEСEДА за внатрeшната милoстиња

БEСEДА за внатрeшната милoстиња

Милoстињата штo сe прави oд цeлиoт ум, гo чисти чoвeкoвиoт ум. Сo eдeн збoр внатрeшната милoстиња гo исчистува цeлиoт чoвeк. Акo e милoстињата самo oд рака, таа нe ја чисти...

Месопусна недела: Страшниот суд

Месопусна недела: Страшниот суд

Христијанската љубов е „возможна невозможност“ да се види Христос во секој човек, кој и да е, човекот што Бог, по Својата вечна и тајна промисла, решил да го воведе во...

 Архива: Митрополит Струмички Наум - На Страшниот суд (10.02.2018)

Архива: Митрополит Струмички Наум - На Страшниот суд (10.02.2018)

Што се случува со оние кои Страшниот суд ги затекнува во грев и пад? Тоа што Богочовекот Христос воопшто стапува во дијалог со нив, колку и да звучи тоа страшно...

Митрополит Тимотеј: † БЕСЕДА ВО НЕДЕЛАТА НА ЦАРИНИКОТ И ФАРИСЕЈОТ

Митрополит Тимотеј: † БЕСЕДА ВО НЕДЕЛАТА НА ЦАРИНИКОТ И ФАРИСЕЈОТ

Параболата за цариникот и фарисејот претставува длабоко проникнување во човековата душа, и за нас е многу важно да го задржиме нашето внимание врз ова кажување. Оваа парабола нема во предвид...

Свети Теофан Затворник: Беседа на Сретение Господово

Свети Теофан Затворник: Беседа на Сретение Господово

Каква умилна слика ни претставува Сретението Господово! Старецот Симеон во раце Го држи Младенецот, спроти него – праведниот Јосиф и Пресветата Дева Богородица; во близина – пророчицата Ана, постничка и...

Дејан Трајков: Оддалечување од Христа и од христијанските идеали

Дејан Трајков: Оддалечување од Христа и од христијанските идеали

Современиот човек брза по светските суети, бега од скромниот живот и во празните и лажни авантури бара да ја заборави душевната горчина, која му ја создава свеста за безбожните дела....

Беседа на денешното Евангелие, посветена на Преподобна Ксенија Римјанка

Беседа на денешното Евангелие, посветена на Преподобна Ксенија Римјанка

Да се потсетиме на еден збор што го слушнавме од светиот Апостол, он спомна „посиновување“. Он спомна нешто што е навистина пресвртница во човековиот живот. Во човековиот живот, покрај тоа...

« »

Најново од култура

Православен календар

 

19/04/2024 - петок

Велигденски пости; (строг пост)

+Упокоение на Свети Методиј Солунски; Свети Евтихиј, патријарх Цариградски; Светите Сто и дваесет маченици коишто пострадаа во Персија; Преподобен Григориј Синаит; (Акатист); (второ бдение);

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св.Христов исповедник Георгиј Митиленски митрополит 7 април / 20 април 2024

Тропар на св.Христов исповедник Георгиј Митиленски митрополит 7 април / 20 април 2024

Пастироначалниче на скитското подвижништвово степите руски непроодни,Ниле ученику Христов облагодатен,денес и во веки Бога преку тебе Го прославуваме,и твоите подвизи...

Тропар на светиот Методиј Солунски 6 април / 19 април 2024

Тропар на светиот Методиј Солунски 6 април / 19 април 2024

Словото Божјо, слово земно подаде,кое ти Свети епископе Методие во слава Негова го раздаде,а Он Началникот на животот устрои заради...

Тропар на светите Христови маченици Агатопод ѓакон и Теодул чтец 5 април / 18 април 2024

Тропар на светите Христови маченици Агатопод ѓакон и Теодул чтец 5 април / 18 април 2024

Вистина непоколеблива имајќи во срцата вашиАгатоподе и Теодуле,познавте дека земниот живот е суета, сенка и сон,а верата во Љубовта го...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная