СТЕФАН ПЕЕВ ГИ РАЗБРАНУВА НАУЧНИТЕ КРУГОВИ
Македонец ја побива теоријата на Ајнштајн

Теоријата за релативитет на Алберт Ајнштајн не е целосна и не е разработена до крај и во неа постојат многу нелогичности, тврди македонскиот физичар Стефан Пеев. Тој поаѓа од тврдењето дека равенката за релативитет, откриена на почетокот на минатиот век, не е разбирлива, зашто науката се уште нема целосно сознание за времето, просторот, но и за брзината на светлината. - Моите математички истражувања ја побиваат познатата теоријата на релативитет, дека енергијата е еднаква на масата по брзината на светлината на квадрат, Е = МС . Брзината на светлината не треба да се степенува на квадрат, бидејќи не е изедначена со соодветна мерна единица. За таа теорија да биде целосно точна, потребно е да се воведат нови мерни единици, како што се маса на време и маса на простор, во функција со времето - смета Пеев. Ајнштајновата теорија за релативитет се темели на две тврдења. Во првата се образложува човечкото движење низ времето. Пеев тврди дека тоа воопшто не е точно, бидејќи појавите во вселената не течат истовремено, туку зависат од променливата брзина на времето. За погрешно го смета и тврдењето за движењето на човекот низ светлината. Тој смета дека брзината на светлината не е константна, туку зависи од брзината на времето и од просторот. - Основната грешка на Ајнштајн е користењето погрешни мерни единици, а тоа во физиката е недозволиво. Брзината на светлината ја мерел со единици мерки за просторот и за времето, а треба да се мери со единици за брзината на времето и за брзината на просторот, бидејќи станува збор за брзина - вели Пеев во неговиот научен труд „Космос“.

За истражувањата на Пеев за микросветот и за макросветот, на кои работел повеќе децении, интерес покажала американската Академија на науки, која што за истражувањата за да се потврдат заклучоците на Пеев досега вложила околу милијарда долари. Приказната за велешкиот научник стигнала и до страниците во прочуениот „Њујорк тајмс“ и во најпознатите весници во Кина. Во нив, според Пеев, се укажува дека ова истражување би можело сериозно да ја промени теоријата на Алберт Ајнштајн, еден од најголемите научници во светот.