hor.zlata.jpg

Женскиот хор „Св. Злата Мегленска“ ја освои првата награда - златен медал во сите категории на фестивалот „Европа и нејзините песни“ кој неодамна се одржа во Барселона, Шпанија. Под диригентската палка на Летка Димовска-Полизова, македонскиот хор се натпреварувал со 13 ансамбли од Италија, Латвија, Германија, Велика Британија, Аргентина, Финска, Ирска, Естонија, Бугарија, Хрватска...

Фестивалот „Европа и нејзините песни“ е во организација на асоцијацијата „Amici della musica cacra“ со седиште во Рим, асоцијација која организира неколку фестивали во Италија и надвор од неа. „Европа и нејзините песни“ е фестивал на фолклорна музика, па оттаму и хорот „Св. Злата Мегленска“ се претставил со дела од македонски автори со фолклорната тематика.

Гостувањето на „Св. Злата Мегленска“ на фестивалот во Барселона било помогнато од Министерството за култура на Македонија и градоначалникот Трифун Костовски. (Т.И.)

Извор:Утрински весник