МЕЃУ ЧЕТИРИТЕ НАЈДОБРИ


Поезијата на Маџиров и во Швајцарија


Поетската книга на Никола Маџиров "Преместен камен" во превод на германски јазик од Александер Зицман е избрана меѓу најзначајните четири книги од централна и источна Европа за 2011 година во германското јазично подрачје. Останатите три книги се романите "Осум минути" на унгарскиот автор Петер Фаркаш, Перверзија" на украинскиот романсиер Јури Андрухович и Алојз Небел" на чешкиот автор Јарослав Рудиш. За таа цел вчера и денеска во "Литератур хаус" во Цирих, на симпозиумот и работилницата на тема Новата литература на Централна Европа" книжевните критичари од Германија, Австрија и Швајцарија дебатираат за сите четири книги. Модератор на книжевните вечери е меѓународно признатата швајцарска писателка Илма Ракус