Повеќе од 20 светски издавачи, меѓу кои и познатата куќа „Пингвин“, ги откупија правата за објавување на романот „Сестрата на Зигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски, и тоа за само неколку месеци, пренесува Дојче веле на македонски јазик  
   
  
По европската награда

Интересот за овој роман се интензивира откако Смилевски ја доби наградата за литература на ЕУ. До крајот на оваа календарска година од литературната агенција „Астие“ од Париз, која ги застапува неговите авторски права, очекуваат делото да биде откупено на барем триесет јазици, со што автоматски ќе влезе меѓу најпреведуваните романи на веков.

Смилевски во изјавата за Дојче веле вели дека литературниот успех се должи на неговата посветена работа на романот „Сестрата на Зигмунд Фројд“, кој го пишуваше седум и пол години и кој има три сосема различни верзии, од кои првата е објавена во 2007 година.

„Главниот стожер е големата посветеност, но искрено мислам дека имав и среќа, на Франкфуртскиот саем на книгата да запознаам една одлична агенција, тоа е ‘Астие’ од Париз, која многу ми помогна“, вели Смилевски за Дојче веле. 

 

 http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=8111946193&id=16&prilog=0&setIzdanie=22345