vozdvizenie.jpg

 Стојанче Андов- Протечете!

Во осаменоста на моето битие во
ламбната соба храната ја јадам, со
прекрстени раце, за плодовите од
земната нива како дар од Севишниот
во телото ми да ги примам.
Не плаче мислата кога злото го носи,
солзите брана во зениците изградија
и од срцето наредна чекаат за да се пролеат.

Заплачи душо грешна пред небото
и земјата, роди се во радоста литургиска,
солзни потоци создади и бели кринови напој.

Протечете води солзни, натопете срце тврдо,
полнете ги раните гревовни, да не болат,
духот да не го печат.
Протечете води солзни, страстите згаснете ги,
полињата измијте ги.
Протечете води солзни земјта измијте ја и
мене за ново раѓање во Земјата на
Неродениот подгответе ме!

Заплачи душо, покај се и влези
во радоста на Твојот Христос!

         Шифра: „Радост моја“


ХРИСТОС СЕ РОДИ!!!