логоFacebookTwitterYouTubeeMail


 

Академскиот дискурс оптоварува - понекогаш ми изгледа како се' да е кажано со премногу зборови, вели Илина Јакимовска

 

Илина Јакимовска е доцент на Институтот за етнологија и антропологија на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“. Нејзината најнова книга „Телото: етнолошко-антрополошка студија“ неодамна излезе од печат во издание на „Слово“. На прашањето зошто токму ’телото’? Бидејќи тоа звучи како необична тема во контекст на една општествена дисциплина каква што е етнологијата Јакимовска вели: „ Изгледа необична заради историјата на антропологијата и етнологијата, кои долго време во текот на нивниот развој го заобиколувале, па дури и негирале овој материјален аспект на човековото постоење. Според нив Човекот се разликува (и требало да се разликува) од останатиот животински свет заради тоа што поседува чист ум, за чиј најголем искусувач, па дури и непријател било сметано токму валканото тело. Последиците од ваквиот длабоко вкоренет став на раните етнолози и културни антрополози можат да се следат долго низ историјата на дисциплините, а тие се чувствуваат и до наши дни. Иако со доза на хумор, потенцира Јакимовска, веројатно најточниот опис на ваквата современа ситуација е оној на Сузан Бордо, една од најистакнатите теоретичарки од областа на филозофијата на телото. Кога на една конференција зборувала за материјалното, непосредувано тело, она кое е надвор од јазикот и дискурсот, одеднаш целата сала замолчала, „како некој јавно да прднал“, а по презентацијата таа не била поканета на вечера со другите учесници. “

Но, од друга страна каква е ситуацијата по ова прашање во македонската етнологија? „Телото, вели Јакимовска, ретко или воопшто нема да го најдете меѓу клучните зборови на трудовите и архивираните теренски материјали, особено на оние од постарите генерации. Со чест на исклучоци, и македонските фолклористи и етнолози долго време покажувале доза на снебивање отворено да проговорат на оваа тема, па и кога го правеле тоа кажаното најчесто било ’со половина уста’. Самонаметната цензура особено се однесувала на теми поврзани со сексуалноста. Само како пример: во Македонија воопшто не е објавен (а и едвај е познат) делот од оставината на Марко Цепенков, кој во 1996 под наслов „Најг’нсни думи од Прилепско“ е издаден во Софија. Самиот Цепенков во предговорот на книгата со сите можни орудија се дистанцира од ’непристојната’ содржина на материјалот, барајќи од издавачот веднаш откако ќе ги објави „да ги тури в огон“. Желбата за анонимност на Цепенков очигледно не е испочитувана, а за среќа и материјалите не се запалени - на стотиците страници нецензуриран, сочен материјал се прикажува сосема поинаква слика од онаа за идеалната, ригидна и по сексуалните прашања инхибирана македонска народна култура, каква што ја отсликуваат нормите и стандардите за посакуваното однесување, особено однесувањето на жените. “

Сепак виртуелното отсуство на телото во македонската етнологија не треба да не’ залаже, објаснува авторката, - на што се однесуваат на пример бројните текстови и регистрирани материјали посветени на обичаите од животниот циклус, народните игри и ора, носиите или обредите под маски ако не на нешто што го прави, или на нешто што се прави со телото? Кај помладите истражувачи и директното занимавање со телото веќе не е табу, и токму нивните теренски материјали чинат голем дел од основата на овој труд.“

Според Јакимовска, „ иднината на проучувањето на телото во рамки на овие дисциплини лежи во соработката помеѓу природните и општествените науки, што би придонело за надминување на вештачки наметнатиот дуализам помеѓу умот и телото, но и помеѓу самите науки. Одговорите кои за човекот ги даваат оние општествените, кои го дефинираат исклучиво од аспект на културата, често не се доволни за објаснување на одредени феномени, за кои е потребно да се согледа ’големата слика’. Пишувајќи ја оваа книга, која е всушност мојата докторска дисертација, и запознавајќи се со обидите за реализирање на ваквиот потфат преку комбинирање на досега акумулираното знаење за човекот од различни дисциплини (социо-биологија, когнитивни науки, филозофија, антропологија), почнав да верувам дека тоа е сепак можно. Како што вели Едвард Вилсон во неговото капитално дело „Социобиологија“, да се разбере човековата природа објективно преку причинско-последични објаснувања кои ќе водат од биологија кон култура би значело да му се приближиме, па дури и да го дофатиме Гралот на науката, и да ги исполниме соништата на Просветителството. Иако веројатно претерани, зборовите на Вилсон сепак имаат смисла.“

Освен со академски теми Илина Јакимовска се занимава и со пишување поезија и кратки раскази. Речиси истовремено со книгата за која зборуваме објавив и друга, под наслов „Сонце во тегла“. За неа, Јакимовска вели: „Академскиот дискурс често оптеретува - понекогаш ми изгледа како се’ да е кажано со премногу зборови. Затоа имам и друго катче, каде се потпишувам само со Илина Ј. И си ги чувам зборовите како сонценца, во тегла, за зимница“.

Невена Поповска- Утрински весник

 



Поуки од Светите Отци

krusevoexport

Наука и Култура

Август 18, 2019
чехов

Карактеристиките на вистински културен човек според Чехов

„Животот има свои услови. За еден човек да биде прифатен меѓу вистински образовани луѓе, тој мора да биде образован“, вели во едно писмо рускиот писател Антон Павлович Чехов кое му го испратил на неговиот помал брат, во кое му напишал и листа на услови што…
Јули 04, 2019

Рабиндранат Тагоре:„Погрешно го читаме светот и велиме дека нè залажува.“

Љубовта е еден од најзастапените и најуниверзалните мотиви во сите уметнички облици. Поезијата на Рабиндранат Тагоре, индиски книжевник, филозоф и драматург, е сплетена од стихови кои го докажуваат тоа.Творечкиот опус на овој книжевник го чинат 1000 поеми,…

Петтата сесија на Охридската школа на природното право

Јул 02, 2019 Научни трудови 195
Првата сесија од овој настан ја отвори акад. Владо Камбовски, раководител на Центарот за…

Доделени наградите „Златен був“ на 9. Филозофски филмски фестивал

Мај 18, 2019 Филм, Театар 291
Рускиот филм „Ноќен разговор со џелат“/ Night Talk With a Hangman и режисерот Јаков…

Како може да им се помогне на оние кои размислуваат за самоубиство?

Апр 08, 2019 Друго од култура 501
Според проценката на Светската Здравствена Организација во просек 1 милион луѓе умираат…

Беседи

Антониј, Митрополит Сурошки: Преображение

Антониј, Митрополит Сурошки: Преображение

Мојсеј влегол во тој облак и му било дозволено да разговара со Бога како пријател со пријател; му било дозволено да види како Бог поминува покрај него, сè уште без...

Митрополит Струмички Наум: Преображение, наше (18.08.2016)

Митрополит Струмички Наум: Преображение, наше (18.08.2016)

„Според православната црковна антропологија на Светите Отци, суштината на умот се наоѓа во срцето како духовен центар на човекот, а енергијата на умот преку  сетилата се расејува по светот. Насочувањето...

Свети Лука (Војно- Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Свети Лука (Војно- Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Многу е важно правилно да разбереме и да ги запомниме зборовите на тропарот на великиот празник на Успението на Пресвета Богородица: „... По Успението не си го оставила светот, Богородице...’’.Нејзината...

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Нашето одење во црква

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Нашето одење во црква

Ние можеме да се молиме за здравје и за сè друго што нам ни се чини дека е добро да бараме, но не смееме да очекуваме дека ако одиш во...

Митрополит Струмички Наум: ВО СТИЛОТ НА СВЕТИОТ ПРОРОК ИЛИЈА

Митрополит Струмички Наум: ВО СТИЛОТ НА СВЕТИОТ ПРОРОК ИЛИЈА

Сите сме жртви на суетата, помалку или повеќе. Забораваме дека гревот што го „препознаваме“ кај нашиот ближен, според Светите Отци, постои и во нас или е најчесто само наша проекција....

Митрополит Струмички Наум: „ВНАТРЕШЕН  и НАДВОРЕШЕН АВТОРИТЕТ“

Митрополит Струмички Наум: „ВНАТРЕШЕН и НАДВОРЕШЕН АВТОРИТЕТ“

Просто, сме станале верна копија на старозаветните Црква, храм и свештенство – во нивната изобличеност, со слични рестриктивни правила кон обичниот верник (сепак носител на царското свештенство) и со ист...

 Викарен Епископ Јаков Стобиски: За маченички етос

Викарен Епископ Јаков Стобиски: За маченички етос

Имаме можност да бидеме маченици Христови – во секоја минута, во секоја секунда од нашиот живот. Мачеништво е да се избориш со една лоша помисла, со помисла на завист, со...

Архимандрит Партениј Бигорски: Острастеноста – пат кон демоноопседнатост

Архимандрит Партениј Бигорски: Острастеноста – пат кон демоноопседнатост

Оваа состојба на демоноопседнатост не е некаков мит или обична приказна, или пак, средство за заплашување. Не, таа е реалност и постои. Колку и да се обидуваат некои да ја...

 Викарен Епископ Јаков Стобиски

Викарен Епископ Јаков Стобиски

Не плашете се да страдате, оти човекот што се плаши да страда и да се жртвува никогаш нема да му објави војна на ѓаволот и на гревот, нема никогаш да...

« »