Kiril.Pejcinovic.jpgВоспитаник на црквата — самиот калуѓер — пишу-вајќи ги своите дела, Пејчиновиќ, како и Ј. Крчовски, прави еден премин од средновековната наша книжев-ност кон новиот начин на пишување. Во неговите дела, покрај постојано потцртуваната тенденција за чисте-њето на верата од разни заблуди и суеверја, се вовле-куваат и такви елементи со кои можат тие да претста-вуваат и нешто како почеток на новата македонска кни-жевност. Пејчиновиќ пишува на народен говорен јазик и со тоа делото го прави разбирливо и блиоко на маке-донскиот човек. Во тој поглед делото на Пејчиновиќа е израз на своето време. Покрај тоа, во делото на Пеј-чиновиќа има извесен број прогресивни елементи: апелирање за просветување на народот, осудување на назадноста во животот како кај селаните, така и осо бено кај поповите; во неговото дело се осеќа извесен бунт против турскиот режим. Надвор од напишаните дела, Пејчиновиќ развива силна просветителска работа. Прибира стари книги и ракописи, основа школи, ја по-мага печатницата на Теодосија Синаитоки и, на тој на-чин, го помага просветното издигање на македонскиот народ. Тоа се квалитети што на Пејчиновиќ му го обез-бедуваат местото во македонската книжевна историја.
Кирил Пејчиновиќ е роден околу 1771 г. во тетов-ското с. Теарце. Целото негово школување ќе се сврши во манастирските школи, во Св. Пречиста Кичевска, можеби во Св. Јован Бигорски и во манастирот Хилан-дар  на  Св.   Гора.
За скудноста на своето школување Пејчиновиќ остави некои податоци, од коишто се гледа дека кај него одвај ако може да се говори за некакво школу-вање. Пред се, своето сожалување над таквото школу-вање Пејчиновиќ го изнесе во часот на една интимна исповед, кога му пишуваше — во 1833 г. — на кнезот Милош во врска со молбата за печатење на Утјешение грјешним во Србија. Плашејќи се од тоа дека не се изразува доста учено во писмото што му го испраќа на кнез Милош, Пејчиновиќ го моли кнезот: „да не него-дует нашим недоуменим речма", бидејќи тој, Пејчино-виќ: „не учихом во никое школо, ни па растјехом во нјекија палати нашего јазика, ни во палати чуждија вјери, но от зачала и до нинје пребиваем во гурбетлук во место уничиженија, во запустении свјатих црквеј и монастиреј". (Писмата на Пејчиновиќ до кнез Милош, Македонски јазик, 1956, с. 8. 1,32; писмата ги објави и ги прокоментира Б. Конески). Овој недостиг од школу-вање имал за последица Пејчиновиќ и неговата околина (поповите и трговците — бидејќи за селаните и не мо-жело да станува збор) — да не можеле да го прочитаат писмото од кнезот Милош упатено до Пејчиновиќа и пишувано на „београдское рукописание", та заради тоа Пејчиновиќ го моли кнезот да нареди во иднина него-вите писари да му пишуваат на Кирила Пејчиновиќа „главними словами писати". — Некако многу близу до времето кога вака се исповедувал Пејчиновиќ пред кнезот Милоша, во два стиха од надгробниот натпис, што како „бивш" игумен, „своеју рукоју" го издлабил во  1835   година  тој   изјавил  дека:
„Пречиста  и  Хиландар  посрижение, Лешок  му   е  негоо   воспитание . .."
Манастирските школи што ги свршил Пејчиновиќ можеа да му дадат елементарни познавања на писме-носта и релативно добри познавања на теолошката литература и црковната организација. Ова особено мо-жеше добро да го изучи во прочуениот светогорски ма-настир Хиландар. Од зачуваните записи се гледа дека
 
Пејчиновиќ, заедно со татка си Пејчин и стрика си Дал-мант, откако го распродаваат својот имот во Теарце, се префрлаат во Хиландар. Таму се закалуѓеруваат сите тројца. 
 

Leshok.sv.Atanasij5.jpg Leshok.sv.Atanasij.jpg

 

Кирил Пејчиновиќ