Скопје, 25 октомври (МИА) - Стихозбирката „Мојот Пикасо“ од Виолета Танчева-Златева во издание на „Задужбина Петар Кочиќ“ беше промовирана на Саемот на книгата во Белград.

За поетиката на Виолета Танчева-Златева зборуваше Никола Вуколиќ, писател и уредник во „Петар Кочиќ“. Стихозбирката претставува двојазично македонско-српско издание. Препевот на стиховите го направи Сеида Бегановиќ.

Својата прва промоција во Србија „Мојот Пикасо“ ја имаше на Саемот на книгата во Бања Лука, во почетокот на октомври. Таа беше во најтесна конкуренција за наградата „Браќа Миладиновци“ за 2008 година, а е влезена и во програмата на предметот Светска книжевност во неколку средни училишта во Индијана, САД. лѓ/скс/15:33