TviTER70zat

Што вели најзначајниот руски писател Фјодор Михајлович Достоевски за моќта и начинот на смеење на луѓето?
                „Многу е мал бројот на луѓе кои знаат да се смеат. Всушност, тука нема што да се „знае“. Тоа е дар и не може да се научи.
Ќе се научиш себеси единствено ако се превоспиташ, ако се развиеш на подобро и ги совладаш лошите инстинкти на твојот карактер.
За смеата е потребна твојата искреност, а зарем има искреност во луѓето? За смеата е потребна твојата добрина, а луѓето најчесто се смеат пакосно. Искрената насмевка ослободена од злоба значи веселост, а зарем има луѓе во денешно време кои знаат да бидат весели?
             Веселоста е човековата најочигледна карактерна црта, која најмногу го оддава. Еден карактер не можете за кратко време да го запознаете, но штом човек се насмее барем еднаш сосема искрено, ќе ви се покаже целиот негов карактер како на дланка.
Само човек со среќен развој умее да биде весел и да ги зарази другите, да биде неодоливо и добродушно весел. Не говорам зa неговиот умствен развој, туку за карактерот, за целиот човек.


              Aко сакате да ја запознаете душата на некој човек, не го набљудувајте додека молчи, говори или плаче, туку добро погледнете го кога се смее. Ако добро се смее значи дека е добар човек.“

 

Април 2024 лето Господово