01. 09. 2008 г.

ДЕНЕС ЗАВРШУВА СОБИРОТ ПО МАКЕДОНИСТИКА


Со цел за поголема искористеност на македонистите, кои се големи амбасадори на Македонија во светот, се подготвува стратегија за нивна поддршка, преку национална програма за лекторатите, а ќе бидат издвоени и поголеми срества од буџетот на државата за наредната година. Тогаш ќе започне нејзината имплементација, најави од Охрид министерот за образование Перо Стојаноски, на отворањето на Меѓународниот македонистички собир. Имаше уште поголемо значење, бидејќи 2008 е година на македонскиот јазик.

Собирот кој завршува денес и треба да ги обедини македонистите од светските и домашните универзитети и научни центри. Тоа би го афирмирало македонскиот јазик, литература и култура како посебен идентитет во современата европска цивилизација.

Околу 60 странски македонисти од катедрите за македонистика и славистика при повеќе европски и светски универзитети, дадоа свој придонес во теоретското образложение за развојот и достигнувањата на македонистиката.

Краен продукт на овој научен собир ќе биде зборникот кој ќе ги содржи презентираните трудови од овој македонистички собир. Зборникот ќе биде дистрибуиран до сите славистички центри во светот.
Покровител на манифестацијата е претседателот на Владата, Никола Груевски.
Извор: Вечер