Публикација "Манастир Свети Јоаким Осоговски", богата со факти за културно-историскиот и духовен развој на познатиот кривопаланечки манастир во изминатите четири децении, е објавена деновиве во Крива Паланка.


Во монографијата е опфатен историјатот на манастирот, неговата застапеност во народната традиција, описот на двата сакрални објекти црквата "Раѓањето на Пресвета Богородица" и Соборниот храм "Свети Јоаким Осоговски" и придружните објекти како архитектонски ансамбл на манастирскиот комплекс. Во посебно поглавје се зборува и за хронологијата на возобновување на манастирот од 1998 до 2008 година.

 

 


Автор на публикацијата, отпечатена во тираж од 3.000 примероци, е Јордан Михајловски.

Извор: Вечер