Роман на Сибила Петлевски
"Ноќен тренинг" од Сибила Петлевски е новиот роман кој издвачката куќа "Блесок" го испечати во едицијата современ роман.
Книгата, која е во превод на Игор Исаковски е објавена со поддршка на Министерство за култура на Хрватска.

Сибила Петлевски е писателка, научник, авторка на поетски, прозни, театарско-теориски книги и драмски текстови, преведувачка, универзитетска професорка, уредничка и перформерка родена во Загреб. Дипломирала, магистрирала и докторирала на Филозофскиот факултет на Загрепскиот универзитет.

Предава драматургија на Академијата за драмски уметности. Членка е на Европската поетска академија и француската поетска академија Маларме. Добитничка е на годишната награда "Владимир Назор" за книжевност, меѓународната награда "Поетека" за книгата "Споени лица" и наградата "Петар Бречиќ" за теориска драматургија. Нејзината драма "Ледениот генерал" е избрана во меѓународната селекција на Берлинскиот фестивал Штукмарт 2005. Од 2001-2005 година била претседателка на Хрватскиот ПЕН. Членка е на управата на Меѓународниот ПЕН.