логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


Блесок бр. 27


Добрила Миловска


      Апокрифните текстови водат потекло од старата еврејска религиозна литература во која со нив се означувале тајни книги кои обработувале иста тематика како и старозаветните книги. Во вториот век п.н.е. тие текстови, заедно со другите еврејски старозаветни книги биле преведени на грчки јазик и заради тоа што биле сметани како еден вид тајни, скриени книги, го добиле името апокрифи /од грчкиот збор апокрифос – скриен, таинствен/. Првите христијани ги презеле апокрифите од тие грчки преводи и оттогаш тие почнале да играат важна улога во христијанската литература. Тие што живееле во првите векови од христијанството многу се интересирале за некои од поважните личности и настани од старозаветната историја за да можат да научат многу повеќе детаљи отколку што можеле да најдат во текстот на Библијата. Оттаму во тоа време многу се распространувале анонимните апокрифни текстови кои со многу фантазија ги преработувале и проширувале библиските легенди. Паралелно со старозаветните се појавиле апокрифни текстови кои на ист начин ги разработувале настаните и личностите од Новиот завет. Особено голема била потребата од вториот вид апокрифи кои содржеле многу неразбирливи и апстрактни места, многи симболи и алегории и кои не биле многу достапни до широките народни маси. Пишувачите на тие старозаветни и новозаветни апокрифи останале анонимни, а понекогаш се случувало тие за да им дадат поголем авторитет на текстовите ги потпишувале со имиња на најстарите христијански писатели, со имињата на некои апостоли и нивните ученици.

      Тие „лажни“ апокрифни текстови почнале да се множат во феудализмот кога христијанството станало званична црква наспроти која никнувале разни ереси како форма на отпорот за христијанизација, односно феудализација. Против нив христијанските претставници во вториот век ги издвоиле канонските од неканонските текстови и создале индекс на „лажни“ апокрифни книги. Оваа постапка се применила со старозаветните апокрифи кои до нас стигнале по пат на превод од еврејски јазик. Понекогаш тие преводи биле многу слободни, зашто преведувачите не го знаеле добро грчкиот / еврејскиот јазик. Највредните препишувачи и корисници на апокрифите биле богомилите. Оттаму во апокрифите можат да се сретнат некои епизоди за нивното учење кои ги нема во текстот што се преведувал.

      Според настаните и личностите со кои се занимавале, апокрифите можат да се поделат на: старозаветни и новозаветни апокрифи.

      Старозаветните апокрифи ги имало помалку зашто богомилите во своето учење го отфрлале најголемиот дел од Стариот завет. Сепак во нивниот развој, а особено после прогоните на богомилите тие користеле некои старозаветни легенди кои биле погодни преку нив да се прикријат основните принципи на богомилското дуалистичко учење. Таква е Книгата за Енох која е пшувана во облик на визија или апокалипса и која е прогласена за апокриф во V век н.е. кога почнале да се користат разни дуалистички учења. За овој апокриф се сметало дека го напишал самиот Енох кој бил седми човек од Адама, првиот човек на земјата спрема христијанската легенда. Во апокрифот Енох раскажува за својот пат по небото. Придружуван од небесните ангели Енох ги поминал седумтте неба каде го видел животот во рајот и во пеколот. Ангелите му ги покажале патиштата на сонцето и ѕвездите, го запознале со небесните достоинственици и му укажале на небесните ангели и го довеле пред господовиот престол. Самиот Бог му кажал на Енох како го создал светот и првиот човек и го запознал со своите намери во иднината.

      Автографот на овој апокриф настанал во еврејската книжевност, откаде бил преведен на грчки, а потоа од византиската книжевност стигнал до нас.

      Слична по содржина е Книгата Варухова во која е дадена визија /апокалипса/ на животот на небото. Во апокрифот се дава опис на космосот, на првите луѓе и нивниот грев. Во некои свои епизоди апокрифот потсетува на богомилското учење /на пример детаљот за садењето на лозата во рајот од страна на Сатаната/.

      Во апокрифот се кажува дека Варух бил божји миленик заради богоугодниот начин на живот.

      Кога вавилонскиот цар Набукодоносор го срушил и опљачкал градот Ерусалим, Варух бил многу ујаден. За да го утеши Господ му го испратил анѓелот кој го однел на небото и му ги покажал тајните на небесниот живот кои му биле недостапни за смртен човек.

      Освен овие апокалиптични апокрифи, познат е и старозаветниот апокриф Книгата за Адам и Ева. Апокрифот е напишан во вид на легендарен расказ во кој е проширен библискиот расказ за првите луѓе во кој се опишува животот на Адам и Ева после нивното прогонство од рајот. Апокрифот е земен од т. н. апокрифна народна библија, позната под името Палеја.

      Во апокрифот се кажува дека Адам и Ева по прогонството од рајот имале 33 сина и 33 ќерки. Бидејќи проживеал деветсто триесет години, Адам смртно се разболел. Неговиот син Сит отишол да бара милост од Бога за својот татко. Меѓутоа, нему архангелот Михаил му кажал дека нема лек за неговиот татко, дека му се приближил денот на смртта и му дал три страка од бор, кедар и кипарис да му ги предаде на неговиот татко. За Адама тоа бил знак дека ќе умре. Затоа, од трите гранчиња си направил венец за главата . Подоцна од венецот бил направен крстот на кој бил распнат Исус Христос.

      Спрема апокрифот Ева живеела уште шест години по смртта на Адам.Таа им раскажувала на своите внучиња за времето кога таа и Адам биле прогонети од рајот. Извесни детаљи од апокрифот како што се на пример молитвата на Адам и Ева во реките Јордан и Тигар или оној за потпишувањето на договорот меѓу Адам и Сатаната, при орањето имаат богомилско, односно дуалистичко потекло.

      Во средновековната книжевност има значителен број на новозаветни апокрифи. Тоа е и разбирливо кога се знае дека богомилите, како и сите други ереси – своето учење го засновале пред се на новозаветните текстови, т. с. на евангелијата и делата апостолски. На ова место можат да се приопштат повеќе апокрифи во кои поопширно отколку во канонското евангелие се изнесува животот на Исус, Богородица и други новозаветни личности.

      Најпопуларен апокрифен текст е апокалипсата на Христовата мајка /Одењето на Богородица по маките/. Во овој апокриф со многу фантазија и реалност е предаден животот на грешниците во пеколот.

      Небесниот арханел ја водел Богородица по пеколот и – ги покажувал грешниците и нивните маки. Една од битните христијански догми е божјото тројство – верувањето во Бога Отецот, Синот и Светиот дух. Во христијанската црква имало учење кое го порекнувало ова тројство. Христијанската црква била многу строга во почитувањата на верските догми што дошло до израз и во овој апокриф. Писателот во духот на оваа строгост успеал да ја долови сликата на мачениците во пеколот кои не ги почитувале христијанските догми.


(www.blesok.com.mk )

Подготви: д-р Драган Михајловиќ

Посети:{moshits}

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Наука и Култура

Ноември 14, 2023
Tamara.Kotevska

По премиерата на новиот филм „The Walk“ во Њујорк на двојната кандидатка за Оскар - Тамара Котевска

Работејќи од нејзините разговори со Асил и другите деца бегалци, режисерката направи гласовна нарација (испорачана од друга девојка, а не од Асил што ја гледаме на екранот) која е резервна, поетска и застрашувачка. „Треба да најдам место каде што можам да ги…
Октомври 15, 2023

Почнува 8-то издание на „Киненова“

Со проекција на филмот „Зад стоговите сено“ на грчката режисерка Асемина Проедроу и доделување на наградата за особен придонес во филмската уметност на актерот Бранислав Лечиќ денес (13.10.) во Синеплекс со почеток во 20 часот ќе биде отворено 8 издание на…

„ПОЕЗИЈА ОД МАКЕДОНИЈА“ и „Версвил“

Авг 19, 2023 Литература 1259
TVIT762
Реномираното меѓународно списание за поезија „Версвил“, својот најнов број во целост го…

Промоција на Речник на медиумска писменост

Мај 31, 2023 Литература 1583
Ова лексикографско издание е прв сериозен обид за систематизирање на термините коишто се…

Беседи

БEСEДА  за пoбeдата над пoслeдниoт нeпријатeл

БEСEДА за пoбeдата над пoслeдниoт нeпријатeл

Прв нeпријатeл на чoвeкoт e ѓавoлoт, втoр e грeвoт, а трeт e смртта. Гoспoд Исус ги пoбeдил ситe oвиe три нeпријатeли на чoвeчкиoт рoд. Сo Свoeтo пoнижувањe гo пoбeдил гoрдeливиoт...

Митрополит Струмички Наум: Недела на Православието (20.03.2021)

Митрополит Струмички Наум: Недела на Православието (20.03.2021)

 Спознанието на вистината, на лично ниво, не е интелектуално човечко достигнување, туку, пред сè, е Божји дар на просветленост на умот и обожение на личноста; дар Божји кој се добива...

БEСEДА за љубoвта кoн ближнитe

БEСEДА за љубoвта кoн ближнитe

Таму, на нeбoтo, e вистинскoтo Христoвo царствo и вистинскиoт Христoв живoт бeз примeси на грeв и смрт. Нo љубoвта на Синoт Бoжји кoн луѓeтo нашла дeка e пoпoтрeбнo да бидe...

БEСEДА за внатрeшната милoстиња

БEСEДА за внатрeшната милoстиња

Милoстињата штo сe прави oд цeлиoт ум, гo чисти чoвeкoвиoт ум. Сo eдeн збoр внатрeшната милoстиња гo исчистува цeлиoт чoвeк. Акo e милoстињата самo oд рака, таа нe ја чисти...

Месопусна недела: Страшниот суд

Месопусна недела: Страшниот суд

Христијанската љубов е „возможна невозможност“ да се види Христос во секој човек, кој и да е, човекот што Бог, по Својата вечна и тајна промисла, решил да го воведе во...

 Архива: Митрополит Струмички Наум - На Страшниот суд (10.02.2018)

Архива: Митрополит Струмички Наум - На Страшниот суд (10.02.2018)

Што се случува со оние кои Страшниот суд ги затекнува во грев и пад? Тоа што Богочовекот Христос воопшто стапува во дијалог со нив, колку и да звучи тоа страшно...

Митрополит Тимотеј: † БЕСЕДА ВО НЕДЕЛАТА НА ЦАРИНИКОТ И ФАРИСЕЈОТ

Митрополит Тимотеј: † БЕСЕДА ВО НЕДЕЛАТА НА ЦАРИНИКОТ И ФАРИСЕЈОТ

Параболата за цариникот и фарисејот претставува длабоко проникнување во човековата душа, и за нас е многу важно да го задржиме нашето внимание врз ова кажување. Оваа парабола нема во предвид...

Свети Теофан Затворник: Беседа на Сретение Господово

Свети Теофан Затворник: Беседа на Сретение Господово

Каква умилна слика ни претставува Сретението Господово! Старецот Симеон во раце Го држи Младенецот, спроти него – праведниот Јосиф и Пресветата Дева Богородица; во близина – пророчицата Ана, постничка и...

Дејан Трајков: Оддалечување од Христа и од христијанските идеали

Дејан Трајков: Оддалечување од Христа и од христијанските идеали

Современиот човек брза по светските суети, бега од скромниот живот и во празните и лажни авантури бара да ја заборави душевната горчина, која му ја создава свеста за безбожните дела....

« »

Најново од култура

Православен календар

 

20/04/2024 - сабота

Велигденски пости; (на масло)

Св. Георгиј Исповедник; Преподобен Нил Сорски; Св. маченик Калиопиј; Преп. Данило Перејаславски;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св.Христов исповедник Георгиј Митиленски митрополит 7 април / 20 април 2024

Тропар на св.Христов исповедник Георгиј Митиленски митрополит 7 април / 20 април 2024

Пастироначалниче на скитското подвижништвово степите руски непроодни,Ниле ученику Христов облагодатен,денес и во веки Бога преку тебе Го прославуваме,и твоите подвизи...

Тропар на светиот Методиј Солунски 6 април / 19 април 2024

Тропар на светиот Методиј Солунски 6 април / 19 април 2024

Словото Божјо, слово земно подаде,кое ти Свети епископе Методие во слава Негова го раздаде,а Он Началникот на животот устрои заради...

Тропар на светите Христови маченици Агатопод ѓакон и Теодул чтец 5 април / 18 април 2024

Тропар на светите Христови маченици Агатопод ѓакон и Теодул чтец 5 април / 18 април 2024

Вистина непоколеблива имајќи во срцата вашиАгатоподе и Теодуле,познавте дека земниот живот е суета, сенка и сон,а верата во Љубовта го...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная