ОД МАКАВЕЈ


Две житија за светците Св. Константин и Елена и Св. Еразмо Охридски, интервју со култниот романсиер и раскажувач, Владимир Набоков, книжевни осврти, македонска проза и поезија...
Ова може да се најде во новиот број на списанието "Книжевно житие" од "Макавеј".

Житијата се презентирани од д-р Михајло Георгиевски, а може да се прочитаат и стихови од Фима Клетникова, Јован Стрезовски, Зоран Јакимоски и Петко Шипинкаровски, нови раскази од Трајан Петровски, Никола Кочовски и Славчо Ковилоски...

Овој број на "Книжевно житие" е придружен со илустрации од полскиот академски сликар од деветнаесеттиот век, Хенрих Семирадскиј.