Скопје. 25-ти април 2018 лето Господово

 

 

Промоцијата на првото пишано дело на д-р Митов: „Водич за долговечност”

„Здравјето и долговечноста се она што секој од нас го посакува. И не само што се остварливи, туку и во голем дел зависат токму од нас и од нашите навики. А навиките, за среќа, се променлива категорија и зависат од информациите и ставовите кои ги имаме за нашето здравје.

И ете дојдовме до мисијата на која е посветен д-р Митов: зголемување на здравствената едукација на граѓаните на Р. Македонија.

Добрата здравствена едуцираност значи подобро здравје. Со правилните информации, и со правилните ставови ние ќе знаеме полесно да ги спречиме болестите, но и како да постапиме кога веќе настанале. Д-р Митов на оваа тема пристапува од аспект на медицината за животниот стил, и после многубројните гостувања на телевизиите, вечерва пред нас ја претставува својата прва книга посветена на таа мисија за добра здравствена информираност, а со тоа, и подобро здравје!“ -  Билјана Дебарлиева


Д-р Александар Митов се појави во македонската јавност пред нешто повеќе од една година. Од тогаш до денес, зад него се десетици настапи на телевии, јавни предавања, говори, но и над 40.000 следбеници на Фејсбук. А од вечерва – д-р Митов го претставува своето прво пишано дело – Водичот за долговечност.

Издавачкиот центар ТРИ и нејзиниот директор Бојан Саздов, со нивниот нов издавачки потфат ни дадоа  драгоцена можност да се запознаеме со една исклучителна личност и дело на дАлександар Митов-неговото првенче, „Водичот за долговечност“. Според зборовите на промоторот Пеце Стефановскиа (познатиот долгогодишен новинар), но и поранешен пациент на д-р Митов, тој сподели со јавноста како преку медицината на животен стил го променил својот живот и своето здравје, и посочи да: „д-р Митов е мојата успешна приказна”.




 


Колкав е природниот век на човекот? Научните студии велат дека изнесува некаде над 100 години. Според некои, околу 115, а според други – дури и до 125 години. Тоа е должината на животот која научниците ја измериле според хромозомите или, уште поточно, според теломерите. Ќе се согласиме дека, според денешните стандарди, тоа е импресивна бројка.

Денес сме соочени со болести кои во 80 % од случаите можеме да ги спречиме. Да, можеме! Тоа се во прв план кардиоваскуларните болести. Здравствената криза може да се реши само на еден начин: ако секој од нас направи промени кон подобро во својот животен стил. Сите сме засегнати – или лично или преку најблиските.

Овој Водич за долговечност се фокусира на најчестите болести кои ни стојат на патот на природниот долг животен век. Тие болести не се семоќни, ниту пак ние сме немоќни пред нив. Медицината на животниот стил нуди конкретни решенија за тоа. Но нуди и можности за лекување, доколку сме веќе соочени со некоја од нив.

Најновите научни сознанија за животниот стил и болестите, од проверени извори, напишани на разбирлив јазик, и многу применливи совети – ваш сигурен пат до долговечноста!

 

[youtube height="350" width="650" align="none"]https://www.youtube.com/watch?v=JKgvH82jVGo[/youtube]

 

 

Водич за долговечност

    Автор: д-р Митов
    Издавачка куќа: ТРИ
    ИСБН: 978-605-230-5721
    Година на издавање: 2018
    Број на страни: 227
    Димензии: 125/195
    Корица: тврда
    Јазик: македонски

Цена: 500,00ден

Преминпортал (к.т.)

2018 Лето Господово