СО ДЕКЛАРАЦИЈА НА ФЕСТИВАЛИТЕ ЗА ИНТЕРКУЛТУРЕН ДИЈАЛОГ


Македонскиот, грчкиот, бугарскиот јазик рамноправни во Европа


Директорот на Охридско лето, Тони Симоновски како потписник на декларацијата вели дека "Европа вака рамислува за нас. Во декларацијата не сме именувани како ПЈРМ, туку како Македонија, а македонскиот јазик е рамноправен со сите останати"


Противејќи се на стереотипите, предрасудите, дискриминацијата и незнаењето за различните, странските или културите на малцинствата, Фестивалите обврзани се за промоцијата на интеркултурен дијалог во рамките на Европската година и во годините што доаѓаат, преку мобилизација на нивните колективни, креативни извори и поддршка за учество, како врска помеѓу луѓето. Ова е една од обврските со која се стекнаа Фестивалите, меѓу кои и нашиот "Охридско лето", со неодамнешното потпишување на Декларацијата на уметничките фестивали за интеркултурен дијалог.

Со оваа декларација која е достапна на веб-страницата на Европската асоцијација на фестивали (http://new.efa-aef.eu/FestivalsDeclaration/the-declaration.lasso?lang=mk) македонскиот, грчкиот, бугарскиот и повеќе други јазици се рамо до рамо и нивните претставници имаат една основна обврска: да ја почитуваат различната култура. Директорот на Охридско лето, Тони Симоновски како потписник на декларацијата вели дека "Европа вака размислува за нас. Во декларацијата не сме именувани како ПЈРМ, туку како Македонија, а македонскиот јазик е рамноправен со сите останати". Декларацијата ги обврзува земјите на дијалог.

-Во се поголемата глобализација и мултикултурно општество, соочувањето со културните разлики е главен предизвик. Значењето на оваа појава, како и улогата на културата за европска интеграција, претставуваат аспекти кои повеќе не може да се игнорираат. Во овој нов општествен контекст, различните аспекти на културен идентитет на индивидуалните и локалните општества претставуваат предмет во постојан процес на обновување и ревизија. Фестивалите играат клучна улога во овој процес, бидејќи претставуваат идеална локација, каде во фестивалска атмосфера, различните културни текови и феномени се доближуваат до имирацијата и мултикултурните општества и наоѓаат идеална почва за слободно и мирно изразување, пишува во декларацијата, потпишана во Словенија.

Меѓу земјите потписнички се Словенија, Србија, Хрватска, БиХ, Шпанија, Германија, Турција, Британија и други. Членки на Европската асоцијација на фестивали се над 38 земји, меѓу кои и неколку грчки музичко-сценски манифестации, кои се должни да изградат мостови помеѓу различните земји и култури.

Анита ЈОВАНОСКА-Вечер

 

Посети: {moshits}