логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


Скопје, 4 јуни (МИА) - Како да се напредува во информатичката технологија, а притоа да се зачува кириличното писмо и како да се усвои стандарден македонски тип на кирилица за компјутерски фонт и да се употребуваат оригинални графеми, наместо варијанти и преземања од бугарската или од руската азбука?

Дваесетина експерти - професори, информатичари, дизајнери, графичари денеска во Стопанската комора на Македонија дискутираа за овие прашања на трибината „Кирилицата и информатичката технологија“, втора во рамките на кампањата за зачувување, користење и модернизација на македонската кирилица, иницирана од Македонската информативна агенција - МИА и Маркетинг агенцијата „Идеја плус комуникации“.

Владата ќе биде партнер во наоѓањето решение, зашто развојот на информатичката и комуникациската технологија  е нејзина стратешка цел. Министерот за информатичко општество Иво Ивановски рече дека ја поддржува иницијативата да се направат ракописни и печатни кодови соодветни на македонската азбука.

- Мора да го зачуваме нашето кирилично писмо. Тоа, покрај јазикот, е еден од приоритетите  за зачувувување на македонскиот идентитет. Во светските фонтови дел од нашите букви не се онакви какви што се во нашата азбука. Затоа како Влада ќе направиме кодовите да се променат, а ако тоа не е можно, зашто тие се употребуваат низ целиот свет и скоро е невозможно да се изменат, ќе инвестираме во нови фонтови со цел да се зачува кириличното писмо, истакна министерот Ивановски.

Покрај големата  акција „Компјутер за секое дете“ за реформирање на образованието во Македонија, Владата, како што посочи Ивановски, ќе се фокусира и на наоѓање начин и обезбедување средства за производство на компјутерски тастатури со македонско кирилично писмо, а ќе иницира и збогатување на речникот и замена на англиските термини за ИКТ на македонски јазик.

Ласко Џуровски од дизајн-студиото „Тотем“ и модератор на трибината рече дека проблем во компјутерската употреба се неколку карактери кои изгледаат поинаку од македонските кирилични. Нив тој ги презентираше на трибината. Се работи за некои карактери  (т, д, г, ѓ, п, б...) кои имаат свои кодни броеви во UNICODE, но проблемот настанува кога се користи тип италик, односно искосени букви.

- Карактерот го има своето место, го има својот коден број, но поинаков е графичкиот изглед. Затоа што во користењето фонтови што содржат такви карактери приоритет имаат бугарските или руските карактери и тие секогаш се појавуваат први. Македонскиот карактер постои во фонтот, но по приоритет е зад нив. Би требало кога користиме македонска тастатура за текстови со македонска поддршка да го добиеме македонскиот карактер. Работиме на решение на тој проблем и затоа ја инициравме оваа трибина. Битно е да се промени односот на луѓето кон тие фонтови. Тој однос досега е рамнодушен, рече Џуровски. Нов  фонт со правилна употреба на знаците може да се преземе од веб-страницата www.mojatakirilica.com.mk .

Илијанчо Гаговски од „Мајкрософт“ рече дека од пред десет години оваа компанија во своите производи вградува македонска поддршка и алатка за проверување на точното пишување, т.е. на правописот на македонски јазик.  Гаговски посочи дека „Мајкрософт“ ќе продолжи да инвестира во тој процес, но проблемот го лоцира и на друго место.

- Од суштинско значење е колку ние кирилицата ќе ја употребуваме, особено сега со зголемената пенетрација на интернетот. Најдобро ќе ја заштитиме со продуцирање содржини на кирилица. Зашто ако ја нема, таа ќе биде во опасност, колку ние  да ја сакаме.   А за да се твори автентична содржина,  мора да се води сметка и за заштитата на авторските права и интелектуалната сопственост, за авторите да бидат мотивирани, истакна Гаговски.

Темата на трибината беше разгледана и од други аспекти. Дискутираа Никола Костески од „Ѓурѓа“  (Употребата на фонтовите во издаваштвото), Бранко Цветковски од „Макавеј“ (Пишуваат ли македонските писатели на компјутер?), проф. д-р Људмил Спасов од Катедрата за македонски јазик на Филолошкиот факултет (Зошто треба да постои македонската кирилица?), Мимоза Клековска (Морфологија на азбуката), Лазе Трипков од „Идеја плус комуникации“ (Типографија, дизајн и адвертајзинг), Александар Јордановски од Управата за заштита на културното наследство при Министерството за култура (Законско прецизирање на кирилицата во македонското закондавство), Кочо Фидановски (Грижата и значењето на кирилското писмо), Дамјан Георгиевски од Слободен софтвер Македонија (Решение на курзивните варијанти на фонтовите во UNICODE табелата).

Кампањата која се одвива под мотото „Го чувам своето - додека пишувам кирилица постојам!“ почна во април и ќе трае до 10 јуни. Првата трибина беше на тема „Кирилицата - од каде доаѓа и каде оди“ и се одржа на 22 мај. За славење на кирилицата, на 26 мај беше организиран хепенинг на плоштадот „Македонија“. Акцијата има силна поддршка од институции, бизнис-заедницата, уметничката јавност и од медиумите.  хс/са/14:31



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Наука и Култура

Ноември 14, 2023
Tamara.Kotevska

По премиерата на новиот филм „The Walk“ во Њујорк на двојната кандидатка за Оскар - Тамара Котевска

Работејќи од нејзините разговори со Асил и другите деца бегалци, режисерката направи гласовна нарација (испорачана од друга девојка, а не од Асил што ја гледаме на екранот) која е резервна, поетска и застрашувачка. „Треба да најдам место каде што можам да ги…
Октомври 15, 2023

Почнува 8-то издание на „Киненова“

Со проекција на филмот „Зад стоговите сено“ на грчката режисерка Асемина Проедроу и доделување на наградата за особен придонес во филмската уметност на актерот Бранислав Лечиќ денес (13.10.) во Синеплекс со почеток во 20 часот ќе биде отворено 8 издание на…

„ПОЕЗИЈА ОД МАКЕДОНИЈА“ и „Версвил“

Авг 19, 2023 Литература 1280
TVIT762
Реномираното меѓународно списание за поезија „Версвил“, својот најнов број во целост го…

Промоција на Речник на медиумска писменост

Мај 31, 2023 Литература 1603
Ова лексикографско издание е прв сериозен обид за систематизирање на термините коишто се…

Беседи

БEСEДА  за пoбeдата над пoслeдниoт нeпријатeл

БEСEДА за пoбeдата над пoслeдниoт нeпријатeл

Прв нeпријатeл на чoвeкoт e ѓавoлoт, втoр e грeвoт, а трeт e смртта. Гoспoд Исус ги пoбeдил ситe oвиe три нeпријатeли на чoвeчкиoт рoд. Сo Свoeтo пoнижувањe гo пoбeдил гoрдeливиoт...

Митрополит Струмички Наум: Недела на Православието (20.03.2021)

Митрополит Струмички Наум: Недела на Православието (20.03.2021)

 Спознанието на вистината, на лично ниво, не е интелектуално човечко достигнување, туку, пред сè, е Божји дар на просветленост на умот и обожение на личноста; дар Божји кој се добива...

БEСEДА за љубoвта кoн ближнитe

БEСEДА за љубoвта кoн ближнитe

Таму, на нeбoтo, e вистинскoтo Христoвo царствo и вистинскиoт Христoв живoт бeз примeси на грeв и смрт. Нo љубoвта на Синoт Бoжји кoн луѓeтo нашла дeка e пoпoтрeбнo да бидe...

БEСEДА за внатрeшната милoстиња

БEСEДА за внатрeшната милoстиња

Милoстињата штo сe прави oд цeлиoт ум, гo чисти чoвeкoвиoт ум. Сo eдeн збoр внатрeшната милoстиња гo исчистува цeлиoт чoвeк. Акo e милoстињата самo oд рака, таа нe ја чисти...

Месопусна недела: Страшниот суд

Месопусна недела: Страшниот суд

Христијанската љубов е „возможна невозможност“ да се види Христос во секој човек, кој и да е, човекот што Бог, по Својата вечна и тајна промисла, решил да го воведе во...

 Архива: Митрополит Струмички Наум - На Страшниот суд (10.02.2018)

Архива: Митрополит Струмички Наум - На Страшниот суд (10.02.2018)

Што се случува со оние кои Страшниот суд ги затекнува во грев и пад? Тоа што Богочовекот Христос воопшто стапува во дијалог со нив, колку и да звучи тоа страшно...

Митрополит Тимотеј: † БЕСЕДА ВО НЕДЕЛАТА НА ЦАРИНИКОТ И ФАРИСЕЈОТ

Митрополит Тимотеј: † БЕСЕДА ВО НЕДЕЛАТА НА ЦАРИНИКОТ И ФАРИСЕЈОТ

Параболата за цариникот и фарисејот претставува длабоко проникнување во човековата душа, и за нас е многу важно да го задржиме нашето внимание врз ова кажување. Оваа парабола нема во предвид...

Свети Теофан Затворник: Беседа на Сретение Господово

Свети Теофан Затворник: Беседа на Сретение Господово

Каква умилна слика ни претставува Сретението Господово! Старецот Симеон во раце Го држи Младенецот, спроти него – праведниот Јосиф и Пресветата Дева Богородица; во близина – пророчицата Ана, постничка и...

Дејан Трајков: Оддалечување од Христа и од христијанските идеали

Дејан Трајков: Оддалечување од Христа и од христијанските идеали

Современиот човек брза по светските суети, бега од скромниот живот и во празните и лажни авантури бара да ја заборави душевната горчина, која му ја создава свеста за безбожните дела....

« »

Најново од култура

Православен календар

 

25/04/2024 - четврток

Велигденски пости; (строг пост)

Преподобен Исаак Сирин II (Исаак Сирин I се празнува на 28 јануари); Свети Василиј Исповедник; Преподобен Акакиј; Преподобна Атанасија;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св.Христов новомаченик Димитриј Пелопонески 13 април / 26 април 2024

Тропар на св.Христов новомаченик Димитриј Пелопонески 13 април / 26 април 2024

Исповедник на верата Христова постана,откако Спасителот Го повика кога се најде сред морските бранови,о Димитрие новомачениче.Надеж стана за паднатите кои во...

Тропар на преподобниот отец епископ Паријски Василиј 12 април / 25 април 2024

Тропар на преподобниот отец епископ Паријски Василиј 12 април / 25 април 2024

Василие, преподобен оче наш,верата во Христа ти ја сочува,иако велијар во безумие кон тебе поита,стадото Христово по твоите молитви Господ...

Тропар на светиот Христов свештеномаченик Антип Пергамски 11 април / 24 април 2024

Тропар на светиот Христов свештеномаченик Антип Пергамски 11 април / 24 април 2024

Велик те направи Спасителот тебе Антипопомеѓу ѕвездите небесни,и возвишено стана името твое во Црквата,на која како семе одбрано и послужии...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная