логоFacebookTwitterYouTubeeMail

Скопје, 5 април 2017 (МИА) –

Висока делегација од Фондот „Руски мир“ денеска на Рускиот центар при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје му предаде донација од 1.100 книги.

Во присуство на заменик министерот за култура Драган Недељковиќ, поглаварот на МПЦ г.г. Стефан и други гости, донацијата ја предаде извршниот директор на Фондот „Руски мир“, Владимир Вјачеславович Кочин, кој изрази надеж дека донацијата ќе помогне да се задоволи интересот којшто бил покажан минатите години за изучување на рускиот јазик и култура во Македонија.
-    Оваа година покажа дека бевме во право што отворивме Руски центар во Скопје. Центарот ги има сите услови за изложби, фестивали и други настани за промоција на руската култура. Во однос на перспективите за соработка ќе помогнеме Рускиот центар да ги задоволи интересите за изучување на рускиот јазик и култура во земјата, рече Вјачеславович Кочин.
Амбасадорот на Руската федерација во Македонија, Олег Шчербак, кој го помогна отворањето на Центарот, истакна дека работата на Рускиот центар станува се подинамична и исполнета со различни настани коишто предизвикуваат голем интерес кај студентите, академската и пошироката јавност.
Според него, визит карта на оваа институција е бесплатниот курс за изучување на рускиот јазик.
-    Рускиот центар стана вистинско катче на руската култура и јазик и една таква институција треба да има соодветна библиотека. По денешното предавање на уште една голема донација книги може да кажеме дека овој Центар навистина располага со таква добра библиотека. Се надевам дека оваа институција ќе продолжи со работа во интерес на зајакнување на меѓусебната соработка и врски меѓу нашите два народа и држави, рече Шчербак.
Гостите ги поздрави и ректорот на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ Никола Јанкуловски, кој го нагласи големиот интерес за изучување на рускиот јазик. Посочи дека на првиот конкурс за бесплатно изучување на рускиот јазик пристигнале 983 пријави од кои со оглед на можностите 300 кандидати, а вториот курс ќе го посетуваат 700 кандидати кои ќе го изучуваат рускиот јазик.
-    Сигурен сум дека донацијата ќе ги продлабочи знаењата на сите оние кои сакаат да го изучуваат рускиот јазик, култура, цивилизација и историја и оти ќе придонесе за развој на научната мисла на нашиот универзитет, рече ректорот Јанкуловски.
Според директорот на Рускиот центар, професор Велимир Стојковски една година од отворањето, Центарот работи со полн капацитет со што Македонија станала 47-ма земја во која е отворен ваков центар.
Донацијата се состои од книги, аудиовизуелни материјали, учебници и учебни помагала.
Настанот започна со едноминутно молчење за жртвите од терористичкиот напад во метрото во Санкт Петербург каде загинаа 14 лица, а над 50 беа повредени.Рускиот центар при УКИМ беше отворен на 11 јануари 2016 година. вг/бак'16:41    



Поуки од Светите Отци

krusevoexport

Наука и Култура

Мај 18, 2019

Доделени наградите „Златен був“ на 9. Филозофски филмски фестивал

Рускиот филм „Ноќен разговор со џелат“/ Night Talk With a Hangman и режисерот Јаков Сивченко се добитници на „Златен був“ за Најдобар краткометражен филм според жирито. Се работи за краткометражно филмско остварување инспирирано од новелата на швајцарскиот…
Април 08, 2019

Како може да им се помогне на оние кои размислуваат за самоубиство?

Според проценката на Светската Здравствена Организација во просек 1 милион луѓе умираат годишно како резултат на самоубиство. Во позадина на суицидалноста најчесто стои екстремна нелагодност, неиздржлива емоционална болка и неподносливо страдање на кое…

Светските научници и НАСА тврдат дека Македонија ја крие тајната за бесплатна енергија!

Мар 28, 2019 Друго од култура 504
Алшар е единственото наоѓалиште на талиум во светот. Tалиумот е цврст сив метал и е…

95 години од раѓањето на Вангел Наумовски – уметникот кој за Салвадор Дали беше „сликар од бајките“

Мар 24, 2019 Ликовна уметност 286
Со името на охридскиот сликар, кого Салвадор Дали воодушевено го нарече „сликар од…

Поезија од Стефан Марковски застапена во меѓународен поетски зборник во Италија

Мар 07, 2019 Литература 266
Поетското дело насловено Брзина на сонот (итал. Il ritmo di un sogno) од македонскиот…

Беседи

Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Поради тоа, браќа, бидејќи нè очекува бесконечна мака, да се потрудиме преку подвиг да ја избегнеме, со милостина да го пречекаме бедниот и да го угостиме, примајќи го туѓинецот, гладниот...

 Викарен Епископ Јаков Стобиски: Недела на слепиот

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Недела на слепиот

Но, слепиот човек прогледал дури во оној миг кога станал послушен на Божјата заповед и ја прифатил Божјата промисла за себе, која била поинаква за него, ако ја споредиме со...

Стефчо Беќарски:✥  ШЕСТА НЕДЕЛА ПО ВЕЛИГДЕН ✥

Стефчо Беќарски:✥ ШЕСТА НЕДЕЛА ПО ВЕЛИГДЕН ✥

 Духовното гледање претставува гледање на вистината. Вистината се состои во сфаќање на фактот дека сите ние сме грешни. Духовниот поглед се избиструва кога човекот ќе биде способен да ги открива...

БEСEДА за свeтитe Бoжји луѓe

БEСEДА за свeтитe Бoжји луѓe

Какo гoвoрeлe и какo гoвoрат свeтитe Бoжји луѓe и вeли: “Збoрувалe прoсвeтувани oд Свeтиoт Дух”. Значи, тиe нe гoвoрeлe спoрeд свoeтo умувањe, ниту спoрeд свoeтo памeтeњe,ниту спoрeд свoeтo учeњe, ниту...

За силата на смртта и на крстoт Христoв

За силата на смртта и на крстoт Христoв

Кадe самo ќe сe прoизнeсe имeтo на Спаситeлoт, таму сe изгoнува сeкoј дeмoн. Кoј вo таква мeра ги скрoтил душeвнитe страсти, и блудницитe да живeат цeлoмудрeнo, и чoвeкoубијцитe пoвeќe да...

Митрополит Европски Пимен: “Зар не паѓа дожд од Бога на сите подеднакво? Или Сонцето не свети за сите, исто така?“

Митрополит Европски Пимен: “Зар не паѓа дожд од Бога на сите подеднакво? Или Сонцето не свети за сите, исто така?“

“Зар не паѓа дожд од Бога на сите подеднакво? Или Сонцето не свети за сите, исто така? Зар не го дишеме воздухот сите еднакво? Како тогаш не се срамите да...

БEСEДА  за идoлoклoнствoтo какo прeљуба

БEСEДА за идoлoклoнствoтo какo прeљуба

Каква e таа прeљуба штo ја направил Израилoт и Јудeја (т.e. израилскиoт и јудeјскиoт нарoд) сo камeн и сo дрвo? Тoа e пoклoнeниeтo на идoлитe oд камeн и oд дрвo....

БEСEДА за Христoвoтo oсвeтлувањe

БEСEДА за Христoвoтo oсвeтлувањe

Христoс e пoтрeбeн и на пoчeтoкoт и на крајoт. Какo штo на дeтe кoe сe дави му e пoтрeбна рoдитeлската рака за да гo извади oд вoдата и пoтoа да гo...

Милан Ѓорѓевиќ: Томина недела

Милан Ѓорѓевиќ: Томина недела

Навистина, сомнежот е движечка сила на научната и истражувачката работа, но истиот тој сомнеж претставува голема пречка за црковниот живот, кој се темели врз верата, а не врз набљудувањето, експериментирањето...

« »