012_saem_na_kniga_640

Во Македонија, првпат се реализираат и голем број капитални проекти кои го унапредуваат книжевниот, творечкиот, преведувачкиот и издавачкиот амбиент, но и ги афирмираат македонската литература и творештво во меѓународни рамки ...

Република Македонија е една од ретките земји во светот која со исклучително внимание ја поддржува издавачката и литературната дејност. Од 2008 година досега се издадени преку 4.200 книги и изданија на македонски јазик и на јазикот на заедниците, а откупени се над 47.000 публикации со кои континуирано се збогатува библиотечниот фонд на институциите низ државата, истакна министерката за култура Елизабета Канческа ­ Милевска во вечерашниот говор пред отворањето на 27. Саем на книгата.

09_saem_na_kniga

Во Македонија, нагласи Канческа ­ Милевска, првпат се реализираат и голем број капитални проекти кои го унапредуваат книжевниот, творечкиот, преведувачкиот и издавачкиот амбиент, но и ги афирмираат македонската литература и творештво во меѓународни рамки. ­ Во изминатиот период Министерството за култура издвои големи средства за проектите на приватните издавачки куќи, со особен акцент на поддршката за квалитетни дела од македонски автори, квалитетни преводи на светски бестселери, дела на добитници на престижни признанија и издавање стручна литература која е од огромна полза во образовниот систем, нагласи министерката. Таа се осврна и на реализираните 130 тома македонската книжевност на македонски и англиски јазик, Ѕвездите на светската книжевност, Преводот на дела на добитници на Нобеловата награда, Антологијата на светската поезија, Врвовите на светската филозофија, историја и психологија, Преводот на дела на добитници на други светски признанија, литературата за деца,.... ­

08_saem_na_kniga

Сите овие активности и проекти од издавачката дејност кои ги реализиравме или се во фаза на реализација, ги потврдуваат нашите заложби за афирмација и достапност на македонската литература на национално и меѓународно ниво и побрза интеграција на македонската книжевност во светските современи текови, потенцира Канческа ­ Милевска, посебно нагласувајќи ја поддршката за континуираното присуство на Македонија на меѓународните саеми на книгата во Франкфурт, Лајпциг, Москва, Истанбул, Софија, Белград. Саемот на книгата, пак, со својата безмалку три­децениска традиција, се надоврза министерката, значително влијаеше врз нашата перцепција за важноста на книгата, успеа да ја пренесе суштинската порака на литературата, долговечноста и убавината на книжевноста, на делата на македонските и на авторите од целиот свет. ­ Оваа манифестација несомнено укажа на неопходноста на книгата во поширокиот општествен контекст во насока на развивање и подигање на нивото на општата интелектуална култура во нашата средина, како неопходен предуслов за секој вид напредок. Саемот на книгата го зголеми интересот на читателската јавност за овој пишан медиум, ја интензивира комуникацијата меѓу читателите и авторите, а од друга страна овозможи издавачките куќи од Македонија и пошироко, да ја презентираат својата богата продукција на дела од сите жанрови, рече Канческа ­ Милевска.

01_saem_na_kniga

На Саемот на книгата од утре до 11 мај ќе бидат изложени современи и класични литературни дела, стручна научна и белетристичка литература, учебници и училишни прирачници, енциклопедии и дела од областа на културата и уметноста. Ќе се претстават преку 70 издавачи од Македонија, Србија, Албанија, Косово, Шведска и Италија, а ќе бидат организирани и секојдневни промоции на издавачите и средби со авторите. Канческа ­ Милевска изрази посебно задоволство што годинава на Саемот ќе бидат презентирани и најновата македонска продукција, издадена со поддршка на Министерството за култура, публикации со висококнижевно­естетски вредности, дела наменети за лицата со посебни потреби, проекти наменети за деца и млади, како и за стрип изданија, монографии, стручна литература. Работното време на Саемот на книгата ќе биде од 10 до 20 часот, влезниците се 30 денари, а за организирани посети 20 денари. Традиционално, Здружението на издавачи и книжари ќе ги додели наградите на учесниците на Саемот на книгата поделени во пет категории: најдобро оригинално издание од областа на литературата, науката, културата и уметноста меѓу двата саема, најдобро ликовно графичко обликување и дизајн на книга или едиција, најдобро илустрирана книга или сликовница, награда „Јаков од Камена река“ за најдобра компјутерска обработка за печат или отпечатена книга или едиција, како и најдобар книжар меѓу двата саема.

016_saem_na_kniga

018_saem_na_kniga

Извор: Министерсво за култура на ПМ