16 ноември 2014

Блесок го објави 98 број на најстарото европско е-списание „Блесок – литература и други уметности“. Во овој број, застапени се Марко Томаш и Ѓоко Здравески со поезија, Марк Твен со проза, Луиџи Пирандело и Уша Акела со есеи, Венко Андоновски и Васко Маглешов со книжевна критика. Изложби имаат Цветанка Јованова, Жан-Марк Карачи и Ангел Миов, а во делот за видео објавен е кусиот турски филм „Сами во толпите“ во режија на Јасмин Куртџан а по сценарио на Мелике Инџи. За музиката во овој број на „Блесок“ е задолжен Ник Кејв, за кого Мехмед Бегиќ напиша кус текст.

„Блесок – литература и други уметности“ излегува на секои два месеци, на македонски и англиски јазик, на адресата http://blesok.mk/ Пристапот до содржините е бесплатен. Првиот број на „Блесок – литература и други уметности“ е објавен во март 1998 година.

Лого: http://blesok.mk/press.asp?lang=mac