логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 25.05.2014 god

 Составувачите на Елаборатот за измена и дополнување велат дека крупни промени, кои би ја нарушиле јазичната норма, нема да има. Измените се во насока на поедноставување и објаснување на правилата и осовременување на примерите
    
    
    
Новиот Правописот ќе има современи примери, но ќе ја почитува и  на традицијата

ДОПОЛНЕТОТО И ИЗМЕНЕТО ИЗДАНИЕ СТИГНУВА ИДНАТА ГОДИНА

Новото дополнето и изменето издание на Правописот на македонскиот јазик треба да биде готово до 2015 година. Ќе биде поголемo по обем од актуелното, ќе содржи две нови поглавја, правилата ќе бидат упростени, бројот на исклучоците намален, а примерите осовременети. Составувачите на Елаборатот за осовременување на Правописот - проф. д-р Елка Јачева-Улчар и проф. д-р Симона Груевска-Маџоска од Институтот за македонски јазик „Крсте П. Мисирков“ и проф. д-р Симон Саздов од Катедрата за македонски јазик и јужнословенски јазици од Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ од Скопје - велат дека крупни измени, кои би создале проблеми и би ја дестабилизирале јазичната норма, нема да има. Со него се очекува да се решат повеќето дилеми што не се решени со сегашниот.

- При изготвувањето на Елаборатот, сметавме дека промените во Правописот ќе бидат од помал обем, но со оглед на големите општествени промени, како и од досегашната работа на авторите, сфативме дека подновениот правопис ќе биде со поголем обем од претходниот. Две нови поглавја се додадени по углед на правописите од нашето најблиско опкружување, а секое од постоечките поглавја ќе содржи измени - вели Груевска-Маџоска.

РАБОТАТ ПЕДЕСЕТИНА НАУЧНИЦИ

Освен составувачите на Елаборатот, редакцијата има уште два члена - проф. д-р Снежана Веновска-Антевска од Институтот и проф. д-р Живко Цветковски од Филолошкиот факултет, кој е и претседател. Во работата е вклучен широк тим, составен од педесетина научни работници, македонисти, меѓу кои се и двајцата живи автори на актуелниот правопис, проф. д-р Кирил Конески и проф. д-р Радмила Угринова-Скаловска. Во делот за транскрипција на туѓите имиња на македонски јазик, пак, учествуваат филолозите што ги предаваат соодветните јазици на катедрите на Филолошкиот факултет.

- За оние јазици за кои немаме посебни катедри, се обративме до наши колеги македонисти во Финска, Унгарија итн., кои со задоволство прифатија да ги сработат соодветните потпоглавја. Транскрипцијата од хебрејски на македонски се согласи да ја направи академик Ѓорги Поп-Атанасов - објаснува Јачева-Улчар.

Од иницијативата во 2012 година на Министерството за култура до денес работата значително е напредната. Првичниот материјал веќе е готов, одржани се неколку стручни расправи за одделни поглавја, на пример, за предавање на македонското писмо со латиница, за слеано и разделено пишување, пишувањето на малата и големата буква...

- До летните одмори ќе бидат организирани стручните расправи и кон преостанатите поглавја од Правописот - за интерпункцијата, правописните знаци, географските и другите имиња и додатоците. Наесен, по усогласувањето на пристигнатите материјали, ќе закажеме голема јавна расправа, на која очекуваме учество од пошироката стручна и научна јавност во земјава - вели Јачева-Улчар.
Таа посочува дека конечните одлуки за измените се донесуваат по обемните дискусии на сите што се вклучени во проектот врз основа на аргументите, а за низа прашања главниот збор ќе го има редакцијата.

НЕМА ДА СЕ ДЕСТАБИЛИЗИРА НОРМАТА

Составувачите на Елаборатот инсистирале на широк тим за да се избегнат појави што би предизвикале дестабилизација на правописната норма.

- Во Хрватска, на пример, до неодамна егзистираа дури четири правописи и, за да се надмине хаосот, државата му додели задача на Институтот за хрватски јазик да направи нов единствен правопис на хрватскиот јазик - објаснува Груевска-Маџоска.

Со истата цел, за да се избегне дестабилизација, измените во однос на претходните изданија на Правописот одат во насока на упростување на правилата и нивно објаснување. На тој начин ќе има можност за предвидување решенија во врска со прашања што нема да бидат вклучени во ова издание затоа што сѐ уште не се наметнале, посочуваат составувачите.

- Правилата во новото издание на Правописот, меѓу другото, треба да придонесат за надминување на сите неусогласени решенија од претходните изданија. Сепак, не може да се очекува одговор на секое прашање од тој вид затоа што новото издание нема да содржи правописен речник. Тој е замислен како втора фаза на овој проект и неговото излегување се очекува година-две по излегувањето на Правописот - вели Симон Саздов.

Наспроти секое правило има исклучоци, но тој додава дека тие се резултат на почитување на традицијата.
- Правилата ќе бидат осмислени така што ќе се овозможи бројот на исклучоците да се намали - додава Симон Саздов.

Осовременетите примери во новото издание на Правописот ќе бидат најзабележителни во однос на претходното, најавуваат составувачите, а свое место ќе најдат и најновите зборови од туѓо потекло, кои се и најпроблематични од аспект на пишувањето.
Нема да се менуваат личните документи

Со новото издание на Правописот, ќе се надминат сите разлики што се среќаваат во практиката во поглед на предавањето на македонскиот јазик со латинично писмо. Според Саздов, латиницата е многу одамна утврдена и не се менува - онаа со латинични букви со надредни знаци.
- Разликите во практиката се јавуваат само во врска со резервната варијанта на предавањето - онаа со помошни букви. Фактот дека втората се среќава во документите за лична идентификација ја прави неа најпозната. Најважно од сѐ, од практична гледна точка, е што нема да има потреба од менување на личните документи - објаснува тој.
Јачева-Улчар, пак, додава дека ќе бидат дадени и препораки за тоа како да се постапува при внесувањето на податоците на наши државјани што имаат презимиња или имиња од туѓо потекло. На пример, некој што има презиме Џонсон, да не се транскрибира со латиница така како што се постапува со македонските презимиња (Dzjonson или Dzhonson), туку презимето да биде напишано со латиница во изворниот облик (Johnson).
- На крајот од Правописот предвидуваме и други препораки, кои, главно, би се однесувале на зачувување на женскиот облик на македонското презиме, на избегнување хипокористични форми на имињата, како и имиња од туѓо потекло што отскокнуваат од македонскиот антропонимиски репертоар - вели таа.
Јужен и северен секогаш со голема буква, без оглед на значењето

Употребата на голема буква е едно од посложените прашања во актуелниот правопис и во практиката неретко создава забуни кај зборувачите и кај лекторите. Некои зборови се пишуваат со голема буква во еден контекст, а со мала во друг. На пример, Ом е презиме, а ом е единица мерка за отпор, Јужен се пишува со голема буква кога е дел од топоним, а со мала буква кога станува збор за географска одредница што не е дел од името итн. Со новото издание, ова ќе биде поедноставено.
- Упростувања ќе има таму каде што досега се покажа дека се потребни. На пример, придавките северен, јужен, источен и западен пред имиња ќе се пишуваат со голема буква без разлика на значењето (Јужна Кореја, Јужна Европа, Јужна Македонија) - објаснува Саздов.
Поедноставено ќе биде и слеаното, односно разделеното пишување на зборовите.
- Со навлегувањето на низа туѓи зборови, особено од англискиот јазик, како и со појавата воопшто на нови зборови во македонскиот јазик, ова прашање се постави како едно од приоритетните - посочува Груевска-Маџоска.

    
      
Автор: Бисерка Велковска-Блажева / Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.       Фотографија: Игор Бансколиев

 

     http://novamakedonija.mk/NewsDetal.asp?vest=523141721249&id=9&prilog=0&setIzdanie=



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Наука и Култура

Ноември 14, 2023
Tamara.Kotevska

По премиерата на новиот филм „The Walk“ во Њујорк на двојната кандидатка за Оскар - Тамара Котевска

Работејќи од нејзините разговори со Асил и другите деца бегалци, режисерката направи гласовна нарација (испорачана од друга девојка, а не од Асил што ја гледаме на екранот) која е резервна, поетска и застрашувачка. „Треба да најдам место каде што можам да ги…
Октомври 15, 2023

Почнува 8-то издание на „Киненова“

Со проекција на филмот „Зад стоговите сено“ на грчката режисерка Асемина Проедроу и доделување на наградата за особен придонес во филмската уметност на актерот Бранислав Лечиќ денес (13.10.) во Синеплекс со почеток во 20 часот ќе биде отворено 8 издание на…

„ПОЕЗИЈА ОД МАКЕДОНИЈА“ и „Версвил“

Авг 19, 2023 Литература 1274
TVIT762
Реномираното меѓународно списание за поезија „Версвил“, својот најнов број во целост го…

Промоција на Речник на медиумска писменост

Мај 31, 2023 Литература 1600
Ова лексикографско издание е прв сериозен обид за систематизирање на термините коишто се…

Беседи

БEСEДА  за пoбeдата над пoслeдниoт нeпријатeл

БEСEДА за пoбeдата над пoслeдниoт нeпријатeл

Прв нeпријатeл на чoвeкoт e ѓавoлoт, втoр e грeвoт, а трeт e смртта. Гoспoд Исус ги пoбeдил ситe oвиe три нeпријатeли на чoвeчкиoт рoд. Сo Свoeтo пoнижувањe гo пoбeдил гoрдeливиoт...

Митрополит Струмички Наум: Недела на Православието (20.03.2021)

Митрополит Струмички Наум: Недела на Православието (20.03.2021)

 Спознанието на вистината, на лично ниво, не е интелектуално човечко достигнување, туку, пред сè, е Божји дар на просветленост на умот и обожение на личноста; дар Божји кој се добива...

БEСEДА за љубoвта кoн ближнитe

БEСEДА за љубoвта кoн ближнитe

Таму, на нeбoтo, e вистинскoтo Христoвo царствo и вистинскиoт Христoв живoт бeз примeси на грeв и смрт. Нo љубoвта на Синoт Бoжји кoн луѓeтo нашла дeка e пoпoтрeбнo да бидe...

БEСEДА за внатрeшната милoстиња

БEСEДА за внатрeшната милoстиња

Милoстињата штo сe прави oд цeлиoт ум, гo чисти чoвeкoвиoт ум. Сo eдeн збoр внатрeшната милoстиња гo исчистува цeлиoт чoвeк. Акo e милoстињата самo oд рака, таа нe ја чисти...

Месопусна недела: Страшниот суд

Месопусна недела: Страшниот суд

Христијанската љубов е „возможна невозможност“ да се види Христос во секој човек, кој и да е, човекот што Бог, по Својата вечна и тајна промисла, решил да го воведе во...

 Архива: Митрополит Струмички Наум - На Страшниот суд (10.02.2018)

Архива: Митрополит Струмички Наум - На Страшниот суд (10.02.2018)

Што се случува со оние кои Страшниот суд ги затекнува во грев и пад? Тоа што Богочовекот Христос воопшто стапува во дијалог со нив, колку и да звучи тоа страшно...

Митрополит Тимотеј: † БЕСЕДА ВО НЕДЕЛАТА НА ЦАРИНИКОТ И ФАРИСЕЈОТ

Митрополит Тимотеј: † БЕСЕДА ВО НЕДЕЛАТА НА ЦАРИНИКОТ И ФАРИСЕЈОТ

Параболата за цариникот и фарисејот претставува длабоко проникнување во човековата душа, и за нас е многу важно да го задржиме нашето внимание врз ова кажување. Оваа парабола нема во предвид...

Свети Теофан Затворник: Беседа на Сретение Господово

Свети Теофан Затворник: Беседа на Сретение Господово

Каква умилна слика ни претставува Сретението Господово! Старецот Симеон во раце Го држи Младенецот, спроти него – праведниот Јосиф и Пресветата Дева Богородица; во близина – пророчицата Ана, постничка и...

Дејан Трајков: Оддалечување од Христа и од христијанските идеали

Дејан Трајков: Оддалечување од Христа и од христијанските идеали

Современиот човек брза по светските суети, бега од скромниот живот и во празните и лажни авантури бара да ја заборави душевната горчина, која му ја создава свеста за безбожните дела....

« »

Најново од култура

Православен календар

 

24/04/2024 - среда

Велигденски пости; (строг пост)

Светиот свештеномаченик Антипа епископ Пергамски во Азија; Светите маченици Прокес и Мартинијан;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот Христов свештеномаченик Антип Пергамски 11 април / 24 април 2024

Тропар на светиот Христов свештеномаченик Антип Пергамски 11 април / 24 април 2024

Велик те направи Спасителот тебе Антипопомеѓу ѕвездите небесни,и возвишено стана името твое во Црквата,на која како семе одбрано и послужии...

Тропар на св. Христови мач.Терентиј, Африкан, Максим, Помпиј, Зинон, Александар, Теодор, и др.33 со нив 10 април /  23 април 2024

Тропар на св. Христови мач.Терентиј, Африкан, Максим, Помпиј, Зинон, Александар, Теодор, и др.33 со нив 10 април / 23 април 2024

Рахила плачеше по своите деца,о свети пустињаци од дванаесетте манастири,а ние денес се радуваме на вашите венци невенливи,ангел Господов свитата...

Тропар на светиот Христов маченик Евпсихиј 9 април / 22 април 2024

Тропар на светиот Христов маченик Евпсихиј 9 април / 22 април 2024

Од твоето срце за Христа спремнопламен ревносен излезе,о Евпсихие свети мачениче,ја запали лагата од овој свет,осветлувајќи ги бездните на темнината...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная