логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


 

 Opsada.nacrkva.jpg

  „Опсада на црквата Св. Спас“ од Горан Петровиќ издадена на македонски јазик-

  Петровиќ: Ние сме цивилизација на лажно изобилство, а суштински многу малку избираме- избираме меѓу неважни работи

Opsada.nacrkva.jpg

Неодамна на Саемот на книгата во Скопје беше промовиран романот на авторот Горан Петровиќ со наслов „Опсада на црквата Св. Спас“, кој досега е преведен на руски, француски и шпански јазик, а во Македонија ја отпечати издавачката куќа „Готен“.

Opsada.nacrkva.jpg
„Како старееме како цивилизација мислам дека се повеќе правиме грешки околу тоа што ни се чини дека е реално и што е нереално“, констатираше авторот на ремек-делото „Опсада на црквата Св. Спас“, Горан Петровиќ, при промоцијата на својата книга неодамна на Саемот на книгата во Скопје, во издание на издавачката куќа „Готен“ http://www.gotenpublishing.com/kniga-alk-opsada.html.

„Јас сакав да напишам книга во која читателот нема така лесно да се снаоѓа и нема така лесно да препознава што е фактографија, што е преземено од историјата, а што е она што е свет на фантазијата. Затоа што мислам дека ние во животот не се снаоѓаме баш така лесно, така што ни се чини дека сè она што е околу нас реално и не е баш така реално, туку е симулакрум“, истакна Петровиќ пред македонската читателска публика.
Најдоминантниот слој во „Опсада на црквата Св. Спас“ е силно инспириран од византиската духовност и српската црковна традиција и тоа се гледа во самата градба на романот, во која крстовидно се испреплетуваат хоризонталното, историско време полно со војни, опсади, измами, нискости и вертикалното време, во кое луѓето стремат кон боженственото, кон повторно воспоставување на единството со живиот бог кој, по годините нечестиво трошење, метонимиски се редуцирал на едно ангелско перо, чувано како црковна реликвија.
Во духот на таа православна христологија, романот е организиран во девет книги, според небеската ангелска ерархија и на поглавја од четириесет дена, од Велигден до Спасовден, во кои и трае опсадата на црквата Свети Спас од бугарско-татарската војска, главниот наративен тек во дејството.
Книгата има изглед на инка. Секое наредно поглавје е пократко од претходното и читателот се спушта низ една инка се до нашето време кое завршува со новинарски текст.

Opsada.nacrkva.jpg

  Промоција на делото на Петровиќ во Даут Пашин Амам, 11 април 2014, промотивна реч, академик Влада Урошевиќ)

Според авторот на романот, Горан Петровиќ, ние пропаднавме низ тој свет на раскажување приказни и дојдовме до новинарски текст каде насловот е подолг од самиот текст. „Сакав книгата да биде бајковидна и барокна, светот не е место на кое сè е откриено како што си мислиме... Бидејќи се движиме брзо, преку интернет со еден ентер добиваме милион одговори на едно прашање кои не стигнуваме никогаш да ги прочитаме. Ние сме цивилизација на лажно изобилство, а суштински многу малку избираме -избираме меѓу неважни работи“ истакна Петровиќ.

  Милион примероци на една книга не се исти затоа што одат во рацете на различни луѓе

Во центарот на случувањето на самиот роман е манастирот Жица, манастирот на крунисувањето на Немањиќ, кој што не случајно бил одбран за тоа. Покрај метафоричниот, историскиот слој, во книгата е важен лексичкиот, јазичен слој кој бил посебно тежок.

„Да бидам искрен, сега не сум сигурен дека би се впуштал во таква вид на продукт, зашто тоа го може човек само кога е малку помлад и горделив како што беше тоа, кога јас пред дваесетина години, ја пишував оваа книга. Јас меѓу другото сакав јазикот да го исчистам од турцизмите затоа што дел од романот се случува во пред турско време и не само што на јунаците не смее да им се поткради некој турцизам кога зборуваат туку и на раскажувачот кога е во функција на тие јунаци. Тоа се покажа како многу тешка и невозможна задача затоа што не постојат ниту адекватни зборови, бидејќи за некои постојат само турцизми. Тие зборови ги нема во речниците, тоа не се зборови кои јас ги знаев јас истражував. Но, бидејќи јас не сакам илузија во градење на книжевноста не сакам фусноти во романите, не го сакам дури ниту оној речник на помалку познати зборови на крајот на книгите, јас се обидував зборовите да ги ставам во таков контекст што тој збор кој е непознат од современиот читател да биде осветлена од другите зборови во реченицата. Се со цел лексиката на романот да биде прилагодена на времето кога се случува дејството во романот“, објасни Петровиќ.

Opsada.nacrkva.jpg

  Промоција на делото на Петровиќ во Даут Пашин Амам, 11 април 2014)

Структура на романот е средновековна и како што истакна авторот подготовката за ракописот била доста комплицирана. „Ја читав српската средновековна книжевност без некоја посебна цел, туку само за да го примам редот на зборовите во реченицата, да ја примам синтаксата. Да речеме во романот постојат општи места има повторувања што е карактеристично за средновековната книжевност или постојаните епитети (богољубиви на пр.) затоа што јас сакам романот да зборува посредно со читателот без некој раскажувач над раскажувачот, туку директно“, смета авторот.

Една книга може да биде печатена и во милион примероци, тие примероци не се исти, затоа што одат во рацете на различни луѓе и секој читател ги инвестира своите знаења и своите емоции во таа книга, па оттука таа не е иста како истиот тој примерок кој отишол кај некој друг човек. Тоа е случај и со оваа книга.

 Opsada.nacrkva.jpg

Промоција на книгата на Петровиќ „Опсада на црквата Св. Спас“ на Скопскиот саем, 12 април 2014, промотор м-р Роберт Алаѓозовски)

Извадок од романот на Горан Петровиќ „Опсада на црквата Св. Спас“

- Чедо мое, еве што подготвив да го имаш на ум – продолжи Симеон. – Тебе изутрина вселенскиот патријарх Манојло Сарантин ќе те дарува со благослов, со повелба, со совети, со светол жезол, со достојни одежди. И василевсот византиски, кир Теодор Ласкарис, бранителот на Ромејското царство, нема да сака да заостане, ќе му дарува на твојот род дозвола да ја копа месечината, а тебе ќе ти понуди четири мазги со пурпурни самари. Како додаток, овие милосрдни двајца ќе дадат и големо богатство како товар на мазгите. Ќе прашаат, сакаш ли златни или сребрени садови, евангелија оковани и опточени со скапоцени камења, златновезни покривки и пердиња, разни други неброени скапоцености. Сепак, љубен мој сине, ти сето ова одречи го. Патријархот и царот понуденото нека го приложат во манастирот Хилендар, цветот на Света Гора. Ти, светлино на моите очи, побарај четири никејски прозорци. Запомни, моли ги патријархот и царот да ти дадат само четири прозорци.

- Четири прозорци!? За такво нешто, мраморници, највештите, доведов од Цариград и од грчките земји! Родителу, зошто сега од Никеја да носам прозорци, па уште на пурпурни самари!? – немирно се сврти Сава, та за малку сонот не му се преврте онаму каде што е јавето.

- Никаде додека не завршам – се испречи Симеон со шепот. – Не буди се, не прави ми го трудот залуден. Грешиш, прозорецот е вреден по светлината, не по тоа од што е и колку умешно е изрежано окното за таа светлина.

За прв прозорец барај го оној на кој слетува патријарховата ластовичка. За втор и трет, моли да ти ги дадат оние два на кои цариците ги испрашаат и дочекуваат своите господари кога тргнуваат во бој и кога од бојот се враќаат. А за четврти прозорец барај го оној на кој се одмора двоглавиот орел на самиот василевс. И уште, Саво, бидејќи во туѓина од соништата за татковината тешко се паметат другите соништа, ако заборавиш што ти зборував, ти утре наутро излези на пазар, најди слеп човек што широко гледа и од него купи го тоа што тој во мракот го ткае. Заради ова доаѓав, а сега сонувај како ти се сака.

Така рече монахот Симеон. Потем, сиот исчезна. На подот, во ќелијата, останаа да сјаат само илјадници истурени зрна од месечината.

*  *  *

Изданијата на „Готен“ можете да ги најдете во сите поголеми книжари во вашиот град.


За Преминпортал : Билјана Ставрова

9-ти мај 2014 год.

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Наука и Култура

Ноември 14, 2023
Tamara.Kotevska

По премиерата на новиот филм „The Walk“ во Њујорк на двојната кандидатка за Оскар - Тамара Котевска

Работејќи од нејзините разговори со Асил и другите деца бегалци, режисерката направи гласовна нарација (испорачана од друга девојка, а не од Асил што ја гледаме на екранот) која е резервна, поетска и застрашувачка. „Треба да најдам место каде што можам да ги…
Октомври 15, 2023

Почнува 8-то издание на „Киненова“

Со проекција на филмот „Зад стоговите сено“ на грчката режисерка Асемина Проедроу и доделување на наградата за особен придонес во филмската уметност на актерот Бранислав Лечиќ денес (13.10.) во Синеплекс со почеток во 20 часот ќе биде отворено 8 издание на…

„ПОЕЗИЈА ОД МАКЕДОНИЈА“ и „Версвил“

Авг 19, 2023 Литература 1281
TVIT762
Реномираното меѓународно списание за поезија „Версвил“, својот најнов број во целост го…

Промоција на Речник на медиумска писменост

Мај 31, 2023 Литература 1604
Ова лексикографско издание е прв сериозен обид за систематизирање на термините коишто се…

Беседи

БEСEДА  за пoбeдата над пoслeдниoт нeпријатeл

БEСEДА за пoбeдата над пoслeдниoт нeпријатeл

Прв нeпријатeл на чoвeкoт e ѓавoлoт, втoр e грeвoт, а трeт e смртта. Гoспoд Исус ги пoбeдил ситe oвиe три нeпријатeли на чoвeчкиoт рoд. Сo Свoeтo пoнижувањe гo пoбeдил гoрдeливиoт...

Митрополит Струмички Наум: Недела на Православието (20.03.2021)

Митрополит Струмички Наум: Недела на Православието (20.03.2021)

 Спознанието на вистината, на лично ниво, не е интелектуално човечко достигнување, туку, пред сè, е Божји дар на просветленост на умот и обожение на личноста; дар Божји кој се добива...

БEСEДА за љубoвта кoн ближнитe

БEСEДА за љубoвта кoн ближнитe

Таму, на нeбoтo, e вистинскoтo Христoвo царствo и вистинскиoт Христoв живoт бeз примeси на грeв и смрт. Нo љубoвта на Синoт Бoжји кoн луѓeтo нашла дeка e пoпoтрeбнo да бидe...

БEСEДА за внатрeшната милoстиња

БEСEДА за внатрeшната милoстиња

Милoстињата штo сe прави oд цeлиoт ум, гo чисти чoвeкoвиoт ум. Сo eдeн збoр внатрeшната милoстиња гo исчистува цeлиoт чoвeк. Акo e милoстињата самo oд рака, таа нe ја чисти...

Месопусна недела: Страшниот суд

Месопусна недела: Страшниот суд

Христијанската љубов е „возможна невозможност“ да се види Христос во секој човек, кој и да е, човекот што Бог, по Својата вечна и тајна промисла, решил да го воведе во...

 Архива: Митрополит Струмички Наум - На Страшниот суд (10.02.2018)

Архива: Митрополит Струмички Наум - На Страшниот суд (10.02.2018)

Што се случува со оние кои Страшниот суд ги затекнува во грев и пад? Тоа што Богочовекот Христос воопшто стапува во дијалог со нив, колку и да звучи тоа страшно...

Митрополит Тимотеј: † БЕСЕДА ВО НЕДЕЛАТА НА ЦАРИНИКОТ И ФАРИСЕЈОТ

Митрополит Тимотеј: † БЕСЕДА ВО НЕДЕЛАТА НА ЦАРИНИКОТ И ФАРИСЕЈОТ

Параболата за цариникот и фарисејот претставува длабоко проникнување во човековата душа, и за нас е многу важно да го задржиме нашето внимание врз ова кажување. Оваа парабола нема во предвид...

Свети Теофан Затворник: Беседа на Сретение Господово

Свети Теофан Затворник: Беседа на Сретение Господово

Каква умилна слика ни претставува Сретението Господово! Старецот Симеон во раце Го држи Младенецот, спроти него – праведниот Јосиф и Пресветата Дева Богородица; во близина – пророчицата Ана, постничка и...

Дејан Трајков: Оддалечување од Христа и од христијанските идеали

Дејан Трајков: Оддалечување од Христа и од христијанските идеали

Современиот човек брза по светските суети, бега од скромниот живот и во празните и лажни авантури бара да ја заборави душевната горчина, која му ја создава свеста за безбожните дела....

« »

Најново од култура

Православен календар

 

25/04/2024 - четврток

Велигденски пости; (строг пост)

Преподобен Исаак Сирин II (Исаак Сирин I се празнува на 28 јануари); Свети Василиј Исповедник; Преподобен Акакиј; Преподобна Атанасија;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св.Христов новомаченик Димитриј Пелопонески 13 април / 26 април 2024

Тропар на св.Христов новомаченик Димитриј Пелопонески 13 април / 26 април 2024

Исповедник на верата Христова постана,откако Спасителот Го повика кога се најде сред морските бранови,о Димитрие новомачениче.Надеж стана за паднатите кои во...

Тропар на преподобниот отец епископ Паријски Василиј 12 април / 25 април 2024

Тропар на преподобниот отец епископ Паријски Василиј 12 април / 25 април 2024

Василие, преподобен оче наш,верата во Христа ти ја сочува,иако велијар во безумие кон тебе поита,стадото Христово по твоите молитви Господ...

Тропар на светиот Христов свештеномаченик Антип Пергамски 11 април / 24 април 2024

Тропар на светиот Христов свештеномаченик Антип Пергамски 11 април / 24 април 2024

Велик те направи Спасителот тебе Антипопомеѓу ѕвездите небесни,и возвишено стана името твое во Црквата,на која како семе одбрано и послужии...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная