ОД МИ АН

 


- Тук Болгарите се подигравает сос нас и вртат вода на своја вуденица заедно сос црнокапецот Натанаил, куј што е Маќедонец, ама повеќе тегли на булгарско: напис од Ѓорѓија М. Пулевски, во 1879 г., за време на Кресненско македонското востание, објавен во книгата "Македонски деветнаесетти век"


- До македонските народи! Нашата татковина Македонија била некогаш една од најславните земји. Македонскиот народ ги поставил првите темели на воената вештина. Со победничките фаланги на Александар Велики ја пренесол Аристотеловата просвета во внатрешноста на Азија и со тоа го цивилизирал човечкиот род. Но, таа некогаш толку славна татковина, денес е во опасност да биде разделена и да ја снема сосема, зашто ние Македонците сме ја зафрлиле својата народност, а другите народи ја бараат нашата земја како своја...

Ова е дел од прогласот "Македонија на Македонците", кој на повеќе јазици се појавил на 15 април 1890 г. во Цариград. Прогласот, кој се претпоставува дека го составил митрополитот на Скопската епархија, Теодосиј Гологанов, како и многу други фактографски сведоштва за Македонија, е објавен во книгата "Македонски деветнаесетти век, 1800-1902", од издавачот МИ-АН.

На овој начин, хронолошки се обработени огромен број на историски, политички, културолошки, општествени и црковни настани и личности од македонскиот деветнаесетти век, веројатно, најпреломното и најдраматично столетие од историјата на македонскиот народ.

- "Македонскиот деветнаесетти век" исполнет со историски вистини, како и со историски контроверзи, типични за развојот на народите, особено балкански, го нудиме, како скромно дополнување на македонските научни и современи сознанија, ослободен од разноразни анахронизми, фалсификати, предрасуди, заблуди, пропагандни флоскули, ослободен од додавања и одземања", се вели во предговорот кон ова издание, на кое работеа повеќе доктори на наука, како Мишел Павловски, Владо Поповски, Марија Пандевска, Љупчо Ристески...

Деновиве треба да се појави и енциклопедискиот речник "Македонското средновековие", кое, заедно со "Сто македонски години" и Македонскиот деветнаесетти век" ќе претставува убав прилог на историјата на македонскиот народ.

Факти за Македонија
- 1821 г., 2 август: Рускиот цар Александар И Павлович побарал лично да се сретне со Анатолиј Зографски, јеромонахот од Македонија".

- 1854 г.: Јордан Хаџи Константинов - Џинот во дописка до Цариградски вестник": ... За старите наши словенски ракописни книги ако ги бевме собрале пред 35 години од нашата Македонија и да ги турневме во едно книгохранилиште, ќе имавме една бројка од околу 150.000 ракописи".

- 1857 г., 3 април: Официјалното писмо од Министерството за надворешни работи на Британската влада: Господине Џон Блант, Ве известувам дека сте избран да бидете назначен за британски вицеконзул во Скопје, Македонија".

- 1860 г., август: Архимандритот Венедикт, митрополит на Пелагониска епархија, поставен од Цариградската патријаршија, на битолската црковноучилишна општина и дозволил да отвори македонско училиште.

- 1870 г., 1 јуни: Во весникот Македонија излегува напис Еден глас за сите Македонци".

- 1879 г.: Тук Болгарите се подигравает сос нас и вртат вода на своја вуденица заедно сос црнокапецот Натанаил, куј што е Маќедонец, ама повеќе тегли на булгарско" - Ѓорѓија М. Пулевски, за време на Кресненско македонското востание.

- 1879 г.: Ѓорѓија М. Пулевски ја објавува стихозбирката Македонска песнарка".

- 1889 г., 6 јануари: Објавен е Уставот на Македонското еснафско друштво во Пловдив

- 1888 г., јануари: Осумнаесет ученици се исклучени од настава во Бугарската гимназија во Солун, бидејќи не можеле да работат на бугарски јазик". Дел од нив се и Даме Груев, Петар Поп Арсов, Димитар Мирчев...

Дејан ТРАЈКОСКИ- Вечер