Книгата "Историја на македонската средновековна книжевност" од Илија Велев е објавена во издание на Дијалог. Во препораката на делото се подвлекува дека станува збор за обемен и релевантен книжевно-историски труд чии сознанија се потпираат на истражувањата во периодот од 9 до 14 век, што соодветствува на верификуваната периодизација на македонската национална, културна и книжевна историја".

Монографијата е аргументирано сведоштво за македонскиот национален и културен идентитет и таа се појавува во знак на одбележување на 1150 годишнината на словенската писменост и почетоците на Кирилометодиевската традиција. Континуитетот на таа традиција се следи од делата на Климент и Наум Охридски, кои се основоположници на Охридската книжевна школа и протагонисти за ширење на словенска цивилизациска свест", велат од Дијалог.

Извор:Вечер