МАТИЦА ВО СОРАБОТКА СО ПАРАГОН ОД ЛОНДОН


"Македонскиот гениј низ вековите" на англиски јазик!


Од Матица најавуваат дека од 2014 година ќе се објави книгата "Убавините на Македонија низ преданија и легенди", која ќе ја дистрибуира светскиот книжевен гигант Блусмбери!


Издавачот Матица македонска во соработка со британската издавачка куќа Парагон од Лондон ја издаде книгата Македонскиот гениј низ вековите" на англиски јазик! Од Матица велат дека соработката со Парагон ќе овозможи ова ретко значајно дело за Македонија, од идната година да биде дистрибуирано во ланецот книжарници на Вотерстоунс во Британија. Автор на книгата е Џорџо Нуриџано а првото издание е објавено во 1972 година во Лондон од издавачката куќа Харвеј.

Џорџо Нуриџано е роден во Рим, 1892 година. Пред Втората светска војна престојува во Софија каде научно ја истражува дејноста на ВМРО и со своите ставови безрезервно ја поддржува каузата за самостојна Македонија. Во книгата истакнува дека македонскиот народ е горд на своето славно минато, чувствува огромна љубов за својата родна земја која Македонците секогаш ги инспирира во нивната борба за заслуженото место под сонцето на светските народи. Ги забележува најголемите достигнувања на културата и уметноста на македонската почва во минатото. Како што истакнува, овој значаен придонес на македонскиот народ за човештвото е плод на нивниот креативен дух, постојано активен низ вековите", велат од Матица.

Тие најавуваат дека ова е почеток на соработката која Матица ја спроведува со своите партнери од Британија. За 2014 година, велат од таму, предвидено е да се објави книгата Убавините на Македонија низ преданија и легенди, која ќе ја дистрибуира светскиот книжевен гигант Блусмбери!

(ДеТ.) - Вечер

 Друго:

 Премин Портал - Нашите пештерски цркви имаат најуникатен ...