ЗА... ФРОЈД


Смилевски повторно во францускиот печат


Интересирањето за романот "Сестрата на Зигмунд Фројд" од Гоце Смилевски во Франција не стивнува. По првичните високи оценки за француското издание во парискиот "Фигаро", во неделникот "Пари мач", како и во "Медиапарт", се одглас се појави и во угледниот париски "Л Поан", и тоа потпишан од перото на Ерик Ноло, еден од најпознатите современи француски критичари. Согледувајќи го делото Сестрата на Зигмунд Фројдд во контекстот на актуелните книжевни текови, Ерик Ноло подвлекува: "Романот на Смилевски создаде ентузијазам од планетарни димензии". За романот пишуваат и дневниот весник "Л Телеграм".

"Сестрата на Зигмунд Фројд" на француски јазик се појави во издание на Белфонн од Париз. Делото веќе доживеа промоција во Париз, како и на Саемот на книгата во Нанси.