логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 

 

ПРОГЛАСЕНА ГОДИНАта за промоција на нашиот јазик

Македонскиот јазик ќе им се доближи на Европа и на светот

Наше свето право е да го чуваме и да го унапредуваме јазикот, рече академик Георги Старделов

Со успешната реализација на програмата посветена на Годината на македонскиот јазик, ќе ја подобриме употребата на македонскиот литературен јазик и неговото кирилско писмо во јавната комуникација во земјава и ќе го популаризираме македонскиот јазик во Европа и во светот, рече премиерот Никола Груевски вчера во Македонската академија на науките и уметностите и ја прогласи 2008 за Година на македонскиот јазик. Пред присутните академици, книжевници, лингвисти, историчари, дипломати, црковни великодостојници што учествуваа на свечениот собир, Груевски истакна дека проектот ќе помогне во нашиот пат кон евроатланските структури.  Претседателот на МАНУ, Георги Старделов, истакна дека акцијата за промоција на нашиот јазик е епохален потфат зашто се случува во време кога под влијание на глобализацијата исчезнуваат малите национални јазици.

- Јазиците на малите народи, под жесток удар на големите јазички системи, катаден се' повеќе ја губат јазичната самостојност, бледнеат и под влијание на туѓата семантичка граѓа, се' повеќе осиромашуваат. Ние сме татковина на старословенскиот црковен јазик. Тука тој се роди и оттука се рашири на целиот словенски род. Наш долг и наше свето право е да го чуваме и постојано да го унапредуваме јазикот, зашто во јазикот ги откриваме трагите на народот - рече академик Старделов.Планираните активности за домашната и за меѓународната јазична афирмација, што ќе се одржуваат во следните месеци, ги претстави Лилјана Поповска, претседател на Програмско-организациониот одбор, одговорен за сите предавања, трибини, промоции.

- Стратегиска цел ни е да го привлечеме интересот на светската и на европската јавност за запознавање и проучување на македонскиот јазик и култура - рече Поповска. На собирот беше промовирано и книгата „Македонскиот јазик во глобалниот свет“, во која десетина наши книжевници, лингвисти и историчари зборуваат за развојот, кодификацијата и ширењето на нашиот јазик и култура. За делото и за големиот јазичен проект зборуваше академик Катица Ќулафкова. Таа рече дека овој настан треба да биде повод за да се потсетиме на битните и неотуѓиви составки на македонскиот идентитет, зашто во заедницата на европските и на универзалните културни вредности ќе можеме да се здружиме само како „особени и препознатливи“. На собирот беше прикажан и филмот „Македонскиот јазик во глобалниот свет“, снимен во продукција на „Македонска крепост“ и на Европската филмска академија ЕСРА „Париз-Скопје-Њујорк“.Како дел од стратегијата за промоција на македонскиот јазик и култура, во текот на целата година ќе се одржуваат научни симпозиуми и трибини за јазикот, промоции на значајни лингвистички дела, јавни дебати, јазични курсеви во значајни светски културни и политички центри. Во реализацијата на програмите ќе бидат вклучени многу наши научници, професори, уметници, дипломати.

Тоше Огњанов

 

 

 

 

Во МАНУ беше објавена големата културна акција - 2008 е прогласена за година на македонскиот јазик

 

Во Македонската академија на науките и уметностите, вчера во присуство на премиерот Никола Груевски, министри во Владата на Република Македонија, црковни великодостојници, академици и претставници на културниот и научниот живот во земјава, беше објавен почетокот на една голема културна акција. Имено, станува збор за прогласување на 2008 година за година на македонскиот јазик. И сето ова се случува во истата година кога и УНЕСКО ја прогласи годинава за година на јазиците. Во оваа културна акција, проект на Владата на Република Македонија, вклучени се сите научни, образовни и културни институции на земјава.

 

„Со ваквиот гест, истакна во својата поздравна беседа претседателот на МАНУ, академик Георги Старделов, јазичното прашање и јазичната политика воопшто се открива како фундаментално прашање на нашата епоха. Некои од нив останаа лимитирани како национални јазици во своите држави, некои станаа водечки јазици на светот, па катаден станува се појасно дека јазикот што владее во светот, всушност владее и со светот. „Голема и историска е јазичната мисија на Македонија во словенскиот и европскиот свет, потсети академик Старделов. Овде, во Охрид, во нашите краишта, е создадено новото писмо и старословенскиот црковен јазик. Овде кај нас за прв пат Господ прозборе словенски, овде еден народ, разбирајќи, почна да пее ширејќи ги своите букви, својот јазик и писмо, ширум словенскиот свет, се до Волга и Висла, до Дњепар и Дњестар. Во тој чин се гледа дека оваа мала земја, која, како рече Анте Поповски, и ѕвездите ги научи да шепотат на македонски, во IX век, не беше маргинална, туку средишна европска земја, зашто просветителската мисија на Солунските браќа и нивните ученици е најкрупниот настан во културната историја на Европа во средината на IX век.“ Потсетувајќи на аманетот на Блаже Конески, дека „за нас повеќе отколку за многу други во светот, јазикот претставува единствена наша комплетна татковина“, академик Старделов рече: „ Ние сме татковина на старословенскиот црковен јазик. Тука тој се роди и оттука се рашири на целиот словенски род. Затоа наш долг и наше свето право е да го чуваме, одгледуваме и постојано да го унапредуваме него“.

„Објавата и прогласувањето на 2008 година за година на македонскиот јазик во Република Македонија, Европа и светот е голем чин во срцето на секој Македонец, рече премиерот Никола Груевски во обраќањето по повод прогласувањето на 2008-ма година за година на македонскиот јазик. „2008 е година, потенцираше Груевски, кога Република Македонија се наоѓа на прагот на интеграцијата во евроатлантската заедница на слободни демократски држави со кои споделуваме идентични вредности. Од нас зависи дали ќе станеме дел од овие структури достојно како нација чија што култура и јазик се еден од столбовите на европската цивилизација. Од нас зависи дали ќе влеземе како нација со богата културна идентичност и свој рамноправен јазик. Еден народ кој има сознание, култура, писменост, сигурно е дека ќе има светла, блескава и трајна иднина. Владата на Република Македонија ги унапредува условите и спроведува капитални проекти на полето на културата по кои нашата држава ќе биде препознатлива во Евроатлантската заедница.“

Пред собирот во МАНУ, говореа и Лилјана Поповска, претседател на програмско-организациониот одбор и академик Катица Ќулавкова, а присутните можеа и да ја проследат проекцијата на документарниот филм за македонскиот јазик.

 Невена Поповска

Извор:Утрински весник



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Наука и Култура

Ноември 14, 2023
Tamara.Kotevska

По премиерата на новиот филм „The Walk“ во Њујорк на двојната кандидатка за Оскар - Тамара Котевска

Работејќи од нејзините разговори со Асил и другите деца бегалци, режисерката направи гласовна нарација (испорачана од друга девојка, а не од Асил што ја гледаме на екранот) која е резервна, поетска и застрашувачка. „Треба да најдам место каде што можам да ги…
Октомври 15, 2023

Почнува 8-то издание на „Киненова“

Со проекција на филмот „Зад стоговите сено“ на грчката режисерка Асемина Проедроу и доделување на наградата за особен придонес во филмската уметност на актерот Бранислав Лечиќ денес (13.10.) во Синеплекс со почеток во 20 часот ќе биде отворено 8 издание на…

„ПОЕЗИЈА ОД МАКЕДОНИЈА“ и „Версвил“

Авг 19, 2023 Литература 1281
TVIT762
Реномираното меѓународно списание за поезија „Версвил“, својот најнов број во целост го…

Промоција на Речник на медиумска писменост

Мај 31, 2023 Литература 1604
Ова лексикографско издание е прв сериозен обид за систематизирање на термините коишто се…

Беседи

БEСEДА  за пoбeдата над пoслeдниoт нeпријатeл

БEСEДА за пoбeдата над пoслeдниoт нeпријатeл

Прв нeпријатeл на чoвeкoт e ѓавoлoт, втoр e грeвoт, а трeт e смртта. Гoспoд Исус ги пoбeдил ситe oвиe три нeпријатeли на чoвeчкиoт рoд. Сo Свoeтo пoнижувањe гo пoбeдил гoрдeливиoт...

Митрополит Струмички Наум: Недела на Православието (20.03.2021)

Митрополит Струмички Наум: Недела на Православието (20.03.2021)

 Спознанието на вистината, на лично ниво, не е интелектуално човечко достигнување, туку, пред сè, е Божји дар на просветленост на умот и обожение на личноста; дар Божји кој се добива...

БEСEДА за љубoвта кoн ближнитe

БEСEДА за љубoвта кoн ближнитe

Таму, на нeбoтo, e вистинскoтo Христoвo царствo и вистинскиoт Христoв живoт бeз примeси на грeв и смрт. Нo љубoвта на Синoт Бoжји кoн луѓeтo нашла дeка e пoпoтрeбнo да бидe...

БEСEДА за внатрeшната милoстиња

БEСEДА за внатрeшната милoстиња

Милoстињата штo сe прави oд цeлиoт ум, гo чисти чoвeкoвиoт ум. Сo eдeн збoр внатрeшната милoстиња гo исчистува цeлиoт чoвeк. Акo e милoстињата самo oд рака, таа нe ја чисти...

Месопусна недела: Страшниот суд

Месопусна недела: Страшниот суд

Христијанската љубов е „возможна невозможност“ да се види Христос во секој човек, кој и да е, човекот што Бог, по Својата вечна и тајна промисла, решил да го воведе во...

 Архива: Митрополит Струмички Наум - На Страшниот суд (10.02.2018)

Архива: Митрополит Струмички Наум - На Страшниот суд (10.02.2018)

Што се случува со оние кои Страшниот суд ги затекнува во грев и пад? Тоа што Богочовекот Христос воопшто стапува во дијалог со нив, колку и да звучи тоа страшно...

Митрополит Тимотеј: † БЕСЕДА ВО НЕДЕЛАТА НА ЦАРИНИКОТ И ФАРИСЕЈОТ

Митрополит Тимотеј: † БЕСЕДА ВО НЕДЕЛАТА НА ЦАРИНИКОТ И ФАРИСЕЈОТ

Параболата за цариникот и фарисејот претставува длабоко проникнување во човековата душа, и за нас е многу важно да го задржиме нашето внимание врз ова кажување. Оваа парабола нема во предвид...

Свети Теофан Затворник: Беседа на Сретение Господово

Свети Теофан Затворник: Беседа на Сретение Господово

Каква умилна слика ни претставува Сретението Господово! Старецот Симеон во раце Го држи Младенецот, спроти него – праведниот Јосиф и Пресветата Дева Богородица; во близина – пророчицата Ана, постничка и...

Дејан Трајков: Оддалечување од Христа и од христијанските идеали

Дејан Трајков: Оддалечување од Христа и од христијанските идеали

Современиот човек брза по светските суети, бега од скромниот живот и во празните и лажни авантури бара да ја заборави душевната горчина, која му ја создава свеста за безбожните дела....

« »

Најново од култура

Православен календар

 

25/04/2024 - четврток

Велигденски пости; (строг пост)

Преподобен Исаак Сирин II (Исаак Сирин I се празнува на 28 јануари); Свети Василиј Исповедник; Преподобен Акакиј; Преподобна Атанасија;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св.Христов новомаченик Димитриј Пелопонески 13 април / 26 април 2024

Тропар на св.Христов новомаченик Димитриј Пелопонески 13 април / 26 април 2024

Исповедник на верата Христова постана,откако Спасителот Го повика кога се најде сред морските бранови,о Димитрие новомачениче.Надеж стана за паднатите кои во...

Тропар на преподобниот отец епископ Паријски Василиј 12 април / 25 април 2024

Тропар на преподобниот отец епископ Паријски Василиј 12 април / 25 април 2024

Василие, преподобен оче наш,верата во Христа ти ја сочува,иако велијар во безумие кон тебе поита,стадото Христово по твоите молитви Господ...

Тропар на светиот Христов свештеномаченик Антип Пергамски 11 април / 24 април 2024

Тропар на светиот Христов свештеномаченик Антип Пергамски 11 април / 24 април 2024

Велик те направи Спасителот тебе Антипопомеѓу ѕвездите небесни,и возвишено стана името твое во Црквата,на која како семе одбрано и послужии...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная